Фан клуб: РК Ѓорче Петров

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Што ако остане Озел кога очигледно е дека не и се игра повеќе тука, подобро да ја продадат ако можат.Само не знам што се замислува кога изигра само една добра сезона пред 2 год и лани 2 добри натпревари.
 
Она не се замислува туку е стварно врвен играч:smir:
На Будимир формата како и е,знае некој?
п.с.Едуарда може да се теши само дека ќе ја пуштат така лесно:smir:
 
Lendra,Будимир ми кажуваат дека уште супер игра,дека е меѓу најдобрите бекови на балканов,па сега ќе видиме.
А инаку со Будимир и Озел во тимот би биле за 40% појаки него без нив.:smir:
 
п.с.Едуарда може да се теши само дека ќе ја пуштат така лесно:smir:

од оваа ситуација најголема корист има хипо и ништо чудно ова намерно да го прават. лани едуарда можеби беше најдобриот играч на кометал и нормално е што тим како хипо е заинтересиран за неа, но работата е што она има договор до 2010 и ако не го испочитува сигурно ќе биде суспендирана и така нема да игра за кометал, но нема да има право да игра ни во хипо ни па за репрезентацијата на бразил. затоа викам дека најголема корист од ова ќе има по се изгледа хипо, или ќе ја имаат за следната сезона како играч, или пак таа нема да игра на натпреварите кои кометал ќе ги игра против нив, што ќе биде голем плус за нив
 
од оваа ситуација најголема корист има хипо и ништо чудно ова намерно да го прават. лани едуарда можеби беше најдобриот играч на кометал и нормално е што тим како хипо е заинтересиран за неа, но работата е што она има договор до 2010 и ако не го испочитува сигурно ќе биде суспендирана и така нема да игра за кометал, но нема да има право да игра ни во хипо ни па за репрезентацијата на бразил. затоа викам дека најголема корист од ова ќе има по се изгледа хипо, или ќе ја имаат за следната сезона како играч, или пак таа нема да игра на натпреварите кои кометал ќе ги игра против нив, што ќе биде голем плус за нив

Или, во крајна инстанца, Кометал нема да ја ослободи до крајот на договорот т.е. до 2010 па да ја видам кај ќе игра :wink:

Едит : Потврдено

РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ напиша:
Едуарда Аморим по стапките на Озел
0BAF7CDF0CA7484E91175BC84D14168D.jpg


Едуарда Аморим по Панамериканските игри се смести во Виена

Помладата од сестрите сака во Хипо, но Кометал бара отштета од еден милион евра, бидејќи договорот и' истекува во 2010

Едуарда Аморим по секоја цена сака да ја продолжи кариерата во Хипо Нидерестерајх и не сака да слушне да им се приклучи на подготовките на Кометал Ѓорче Петров на Копаоник. Уште повеќе, телефонски контактирала само со тренерот Драган Нишевиќ, избегнувајќи разговор со раководството на клубот. Во моментов е во Виена, а нејзината постара сестра Ана Каролина, наводно, немала поим за намерите на минатогодишното откритие на ѓорчепетровки.

„На мој ризик ќе одам“, му порачала на клубот со кој ја обврзува договор до јуни 2010 година. Хипо дури побарал и сертификат за неа од Ракометната федерација на Македонија.

Во Кометал се фрапирани од однесувањето на својот лев бек, спрема кого тврдат дека ги имаат подмирено сите обврски од договорот на четири години потпишан лани. Целосно разочаран од неа е и спонзорот Трифун Костовски, кој инсистирал на драконски мерки против неа.

„Слободно нека си оди, под услов клубот што сака да ја ангажира да ни исплати отштета од еден милион евра. Во спротивно, може да се прости од играњето ракомет во следните три години“, категоричен е директорот Димитар Тодоровски. Тој во целата ситуација насетува игра од противникот на македонскиот првак во групата од Лигата на шампионите, од која виенчанки секако би профитирале со ослабување на директниот конкурент за пласман во наредната фаза. Тодоровски претпоставува дека врбувањето на Едуарда се случило за време на неодамнешните Панамерикански игри, а во главна улога биле нејзините репрезентативни колешки од Хипо.

Очигледно изнервирани од репризата на непријатностите со својот најдобар играч Јелиз Озел, од Кометал му порачале и на менаџерот на турската интернационалка Тарик дека нејзината слобода чини 200.000 евра. Таа е под договор до јуни 2008, а тоа го констатира и Арбитражната комисија на европската ракометна федерација пред неколку дена. Во случај играч да потпише за два клуба, тогаш за валиден се смета потписот со првиот. Казната за тоа, на евентуално барање од оштетената страна, е суспензија од шест месеци до две години.

Очигледно е дека славата им удира во глава на нашите играчи. Сепак, интересна е целата ситуација со оглед на тоа што од една страна ги оправдувам бидејќи Македонија нема доволно силна лига за да можат да ги изразат сите квалитети од нивниот потенцијал. Од таа причина е неопходно ревитализирање на т.н. Балканска лига со цел да имаат барем малку впечаток дека играат на првенство коешто има квалитет а со тоа се зајакнува и квалитетот на домашниот ракомет.

Од друга страна, ваквата лига би овозможила играње на по 2 екипи од Секоја земја со цел да се афирмира ракометот на регионално ниво. Замислете каков би бил ракометот на Балканот доколку истата се формира! :star:
 
За таа балканска лига повторно има обиди да се формира,во кој Македонија ќе учествува со еден тим -Кометал,ќе има од Романија две,Хрватска,Србија,Црна Гора,Босна...колку толку ќе бидат поподготвени за Лигата на шампионите,ако не легнат нашите ѕвезди да се одморат :wink:
Ептен сум разочарана од однесувањето на Озел и Едуарда,бидејќи негледам ниту една здрава причина да не напуштат.Ваква комоција како во Кометал ќе немаат никаде и ваква љубов од навивачите :( се надевам се ќе среди најдобро за нас,но неможеме со сила да ги задржиме...казната најдобро ќе им дојде за детското понашање!
 
За Озел - разбирам, колку-толку, дека може од приватни причини да ескивира : наводно мајка и е болна. Ама за оваа другава - не.
 
Ќе сакаат да се вратат,ама касно ќе им биде!
 
За Озел - разбирам, колку-толку, дека може од приватни причини да ескивира : наводно мајка и е болна. Ама за оваа другава - не.
Majka i ne i bila bolna demek lazela zatoa sto od klubot i toa veke bilo proverano.navodno sakala da odi vo turskiot klub oti tamu ke imala pogolemi sansi da ja osvoi titulata vo liga na sampioni:pos2: a so kometal nemala sansi:shok:
 
Второстепената комисија на Европската ракометна федерација донесе одлука спротивна на таа која ја очекуваа и се надеваа во таборот на Кометал Ѓ. П. и Македонската ракометна федерација.

Турската интернационалка Јелиз Озел е ослободена од обврските кон Кометал Ѓ. П. и е слободен играч да настапува каде сака. Во известувањето кое вчера беше испратено од канцеларијата на ЕХФ се вели дека сите права за трансфер на ракометарката Јелиз Озел се сопственост на Турската ракометна федерација.

"Оваа одлука е неочекувана и не знаеме на што се должи. Испитуваме кои се фактите поради кои Арбитражната комисија на ЕХФ реши да & издаде сертификат на Озел. Што ќе направиме следно, во овој момент не е одлучено. Не знаеме ниту дали имаме можност да се жалиме на повисока инстанца во Европската ракометна федерација. Ќе видиме на што сме и по тоа ќе донесеме одлука што натаму", изјави претседателот на Кометал Ѓ. Петров, Иван Бојков.

Сепак, по одлуката на Арбитражната мали се шансите нешто да се промени. Неофицијално, турската федерација веќе го добила сертификатот и Озел има полно право да настапува за Мили Пјанго или евентуално да замине во некоја друга екипа.

Јелиз Озел минатата сезона побара да биде ослободена од обврските, односно да биде позајмена во Турција, наводно поради приватни причини. Притоа воопшто не криеше дека нема намера да ја одработи последната година од договорот со Кометал.

Во низата разговори кои ги имаше во обидот да го реализира својот план се обврза да се врати, откако Кометал се согласи да ја позајми на турскиот тим.

Но, кога требаше да се појави на подготовките во Скопје таа реши да ги прекине сите контакти со Кометал и ослободување од договорот да бара од ЕХФ.

Првата одлука на ЕХФ беше дека таа е ракометарка на Кометал Ѓ. Петров и дека е должна да се врати во скопскиот тим, во спротивно Кометал Ѓ. П. ќе имаше полно право да ја суспендира.

Јелиз Озел се жалеше на второстепената комисија. Повисока инстанца, која во најголем дел ги потврдува одлуките на првостепената. Не и во овој случај. Иако сите најави беа оптимистички, вчерашната одлука ги закопа надежите на Кометал Ѓ. П. дека ќа ја има на располагање за следната сезона.

Без неа и без Аморим плановите и изгледот на екипата на Кометал Ѓ. Петров значително се менува, и сега Кометал ќе има практично сосема нов тим, чии квалитети допрва ќе треба да ги докажува


...по се изгледа пак ќе завршиме последни во групата :nesum:
 
Многу сум разочарана од Озел :(
Како може ехф таква пресуда да донесе,се ми мириса дека некои данци смешале прсти во одлуката,со некои еврејчиња пред очи
 
Многу сум разочарана од Озел :(
Како може ехф таква пресуда да донесе,се ми мириса дека некои данци смешале прсти во одлуката,со некои еврејчиња пред очи
Кога ќе размислам подобро и добро е што нема да игра за нас...зашто без разлика кој спорт е во прашање доколку играчот не е среќен во клубот нема ни да дава резултати :toe:
 
Многу сум разочарана од Озел :(
Како може ехф таква пресуда да донесе,се ми мириса дека некои данци смешале прсти во одлуката,со некои еврејчиња пред очи

Ѓозел остана многу глупа : пред три години играше во Бјасен (Норвешка) и ништо не направи али ај... Оваа година демек ќе оди во Шлагелсе ама шо фајде : екипата им е иста и веќе прочитани карти се. :wink:
 
ЕХФ пресече: Аморим играч на Кометал
Второстепената комисија ја потврди одлуката на првата инстанца дека Бразилката има валиден договор до 2010
BEAA982635D0334989FD12681E92CA01.jpg

ЕХФ ја извести и адвокатската канцеларија што ја застапува Аморим дека спортистите не можат еднострано да раскинат договор со клубот

РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ

Едуарда Идалина Аморим останува играч на Кометал Ѓорче Петров. Второстепената комисија на Европската ракометна федерација во четвртокот ја потврдила одлуката на својата прва инстанца дека Бразилката има правосилен договор со македонскиот првак што ја обврзува до 2010 година. Клубот за тоа беше известен во саботата, а синоќа требаше да биде остварен и контакт со Аморим, која од летоска се наоѓа во Виена и тренира со Хипо Нидерестерајх.

„ЕХФ ја извести и адвокатската канцеларија што ја застапува Аморим дека спортистите не можат еднострано да раскинат договор со клубот, повикувајќи се на европското законодавство во делот на работничките права. Освен тоа, сите страни во случајов се известени и дека законите на Европската унија не важат во Македонија, бидејќи таа не е нејзина членка“, објаснува директорот на Кометал ЃП, Димитар Тодоровски. Тој ќе ја информира и Бразилската ракометна федерација за можноста помладата од сестрите Аморим да биде суспендирана од клубот, со што нема да има право да игра ни за репрезентацијата, ако не се врати во Скопје до заминувањето за Норвешка наредната среда на мечот со Ларвик од Лигата на шампионите. Бразил е во група со Македонија на Светското првенство во Франција, кое ќе се одржи во декември.

Во случајот со Елена Поповиќ, пак, се' ќе се знае денеска. Врз основа на последните контакти со челниците на нејзиниот досегашен клуб Наиса од Ниш, Тодоровски е голем оптимист дека уште денеска ќе и' биде одобрен трансферот во Скопје. Во прилог на тоа оди и согласноста на Кометал да му плати минимална отштета на освојувачот на Челинџ купот во минатата сезона, според регулативата на ЕХФ за надомест на клубот од кој си заминуваат ракометарки родени по 1 јули 1984 година. Спорот околу Србинката настана поради непрецизната формулација во нејзиниот договор со Наиса, според која тој истекува во натпреварувачката сезона 2007/2008, без да се наведе точно дали се мисли на почетокот или на крајот од сезоната.

За стартот во ЛШ на 25 октомври поголемиот дел од ракометарките на Кометал ќе се подготвуваат како дел од репрезентацијата на Македонија што претстојниов викенд ќе учествува на Кроација куп во Самобор. Покрај Македонија и домаќинот Хрватска, учествуваат и селекциите на Чешка и на Словенија.



Ај сега да ја видам кај ќе оди :pishtoldz
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom