Фан клуб: РК Ѓорче Петров

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Била Бонг напиша:
Ич не сум влезен во тек со случувањава во аспект од ракометов:)....
Андреева останува сега или?

андреева следната сезона 100% ќе игра во кометал :)
 
МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК АНГАЖИРАШЕ УШТЕ ЕДНО ЗАСИЛУВАЊЕ

Кресоја три години во Кометал

Српската ракометарка Драгица Кресоја вчера потпиша тригодишен договор со Кометал Ѓ. Петров. Со тоа бројот на засилувања кои ги ангажираше македонскиот првак се зголеми на пет.

Претходно потпишаа десното крило Јелена Поповиќ, пикерот Ирина Артјоменко и голманите Тања Андрејева и Алесија Сафонова.

Кресоја е ракометарка која во Кометал доаѓа од редовите на победникот на Челенџ купот, Наиса од Ниш, Србија. Со самото тоа станува јасно дека му е добро позната на тренерот на Кометал, Драган Нишевиќ, кој исто така своевремено го водеше овој тим.

Кресоја има 21 година и била младинска репрезентативка на Србија. Има интернационално искуство затоа што една нецела сезона има настапувано и за унгарскиот тим ФТЦ Ференцварош од Будимпешта. Претходно има играно и за екипите на Полет и ОРК Београд. Во Наиса е од 2005 година.

Таа е деснорак играч која игра на три позиции. Лево крило, лев бек и централен бек. Сепак, централен бек и лево крило се позициите за кои таа вели дека е најкорисна.

"За крило имам предиспозиции, брза сум, имам финта еден на еден. За плејмејкер велат дека добро ја разигрувам екипата, дека размислувам", е дел од нејзиниот опис даден на сопствената веб страница.

Во Кометал ќе игра најверојатно на позицијата централен бек. Одамна се размислуваше за нејзиното ангажирање, но се чекаше расплетот на нејзиниот договор со Наиса, што сега е деифинитивно решено и таа потпиша договор за наредните три години.

Со ова Кометал се обезбеди и во случај наредната сезона да не може да смета на Турчинката Јелиз Озел. Таа е секако во прв план за македонскиот тим, но ситуацијата со неа е таква што не може да се потпре 100 насто. Кресоја во секој случај ќе си го најде своето место во тимот, заедно со Црвенкоска и Озел, а доколку има потреба ќе игра и како лев бек и како лево крило.


ХИРУРШКИ ЗАФАТ НАД ПЛЕЈМЕЈКЕРОТ НА КОМЕТАЛ Ѓ. П.

Озел оперирала менискус

Турската интернационалка Јелиз Озел оперирала менискус, информираа од кацеларијата на единствениот македонски првак во женска конкуренција.

Нема повеќе детали за тоа каков зафат е направен и колку ќе паузира. Обично паузата по вакви хируршки зафати е најмалку еден месец, што значи дека ако не било нешто покомплицирано, нејзиното враќање на теренот се поклопува со датумот кога ќе стартуваат подготовките на Кометал Ѓ. Петров за наредната сезона.

Ова е уште еден елемент во низата на неочекувани моменти кога е во прашање една од најдобрите ракометарки на Кометал Ѓ. Петров во моментов.

Нема детали ниту за тоа кога се повредила. Се знае само дека не се повредила на бараж натпреварите меѓу Турција и Шпанија. Повредата била од претходно, односно од времето кога играше за Мили Пјанго.

Ситуацијата со неа почна да добива поинаков развој од моментот кога Кометал беше елиминиран од Лигата на шампионите. Таа веднаш изрази желба да замине во Турција (што неретко го правеше и додека траеше сезоната), но неофицијално се говореше дека сака да замине без намера да се врати.

Со оглед на тоа дека е обврзана со Кометал на уште една година, управата на нашиот тим има право и да ја суспендира во случај да не се појави. Назад во времето кога таа се уште беше во Скопје се водеа разговори со неа за тоа како понатаму, а сите да бидат задоволни.

На крајот таа замина како позајмен играч во турскиот првак Мили Пјанго, со тоа што во Кометал ја чекаат на подготовките, иако не се сигурни дали ќе се појави. По сите шпекулации што се слушнаа, ќе треба да се почека 18 јули кога стартуваат подготовките, па да се види каква е ситуацијата со неа.


КОМЕТАЛ ЌЕ СЕ ДОГОВАРА СО НАЈИСКУСНИТЕ ИГРАЧИ

Радуловиќ и Платон на разговори

Валентина Радуловиќ и Анжела Платон се ракометарките со кои ќе се водат разговори неделава за евентуален ангажман за следната сезона.

На двете им истекоа договорите и сега се слободни играчи, а шпекулациите ги сместуваат меѓу играње во Кометал и евентуално пензија.

Посебно Валентина Радуловиќ неколкупати навести дека е можно сезонава која заврши да биде нејзина последна. Но, целата спортска јавност, вклучително и Кометал Ѓ. Петров очеква таа да одигра барем уште една сезона. Покрај Кометал, таа ќе биде и неопходна за македонската сениорска репрезентација на Светското првенство во Франција, па и наредното Европско првенство на кое домаќин е Македонија.

"Сега откако с$ заврши на прво место ми е одоморот. Имав долга и напорна сезона и психилошки и физички. И чувствувам голема потреба да се релаксирам пред да решам што понатаму. Имам повеќе понуди од познати екипи, но Кометал ми е на прво место. Сакам да останам во Македонија. Но, ќе видиме како ќе биде. Инаку, уште не сум дефинитивно решила и дали ќе продолжам да играм. С$ уште сум пола-пола со тоа дали да останам да играм или да планирам проширување на семејството", изјави Радуловиќ.
 
Како тоа не се сигурни дека ќе се врати Озел?
Земзела ќотек:zlo:
 
И погодете со кого се падна Кометал во група...ајде не е тешко
*тапани* ...ХИПО.... е аман више од клубов,се ежам од нив.
Како малку да ни е што секоја година со нив си играме и се тепаме чат пат у некоја година со Гунар,со нас се и Ларвик(Норвешка)абе милина,а четвртиот тим е *тапани* или Лада Тољати/Валенсија/Лублин.
Неможевме поголема среќа да имаме од оваа,директно во пеколот сме,ако ја минеме сме прваци,па напред Кометал.
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Европската ракометна федерација (ЕХФ), конечно, се огласи по повод реакцијата на Кометал Ѓорче Петров на ескивирањето на Јелиз Озел да се врати во Скопје и одговорот е очекуван и позитивен - Турчинката е член на нашиот шампион. Од клубот веќе некое време не можат да стапат во контакт со Озел, која по раната елиминација на ѓорчепетровки од Лигата на шампионите доби дозвола за тримесечен заем во Мили пијанго од Анкара.
Озел неодамна оперираше менискус и го извести клубот дека сака да ја доврши рехабилитацијата во Турција, со цел да биде поблиску до својата болна мајка, за потоа дури да изрази подготвеност да паузира од ракометот следната сезона. Кометал ЃП на ова реагираше со испраќањето на протестно писмо до ЕХФ, Турската ракометна федерација и до Мили пијанго, при што "европската куќа на ракометот" вчера потврди дека Озел има важечки договор со нашиот шампион до 1 јули 2008 година. Соработката може да се раскине само доколку една од страните не исполнува некоја обврска од договорот, но ЕХФ оценила дека не постои таков услов. И во случај Озел да не игра во новата сезона, Кометал ЃП ќе има право на обесштетување при нејзиниот следен трансфер, без разлика на истечениот договор.
Покрај Озел, Кометал ЃП има уште една, помала дилема - дали ќе се продолжи договорот со Валентина Радуловиќ. Разликите во барањата и во понуденото се мали и во клубот сметаат дека нов договор, сепак, ќе биде постигнат откако таа ќе се врати од одмор. Светлана Огњеновиќ, пак, го извиси Кометал и го избра европскиот првак Слагелсе.
[/FONT]
...ај сега да те видам ќотек,сега Озел несака да се врати,со вакви проблеми пак не ни бега последно место во групата :nesum:
 
Јас стварно неможам да разберам што се случи со неа,што наеднаш почна да ескивира.Има добар однос со сите во тимот,нема кој не ја обожава(јас најмногу),плата квалитетна,стан,дружење,пиење и се по ред.Кој/а ја разочара Озел мамата негова/нејзина.
Леле ако не се врати,што ќе правиме во групана,страв ми е и да помислам:nesum:
 
Dali nekoj gi ima videno dvete srbinki na trening vcera dokolku e bil vo kale neli.Inaku do site onie koj ne znaat kometal i oficijalno od vcera pocnaa da se podgotvuvaat za novata sezona taka da ako nekoj znae neso poveke neka pise,samo da ne zaboravam deka radulovik povtorno odbila da potpise za kometal!:toe:
 
Озел нема ни да се појави : блокирана е во Турција а има и спор со нејзе во рамките на ЕХФ бидејќи типката смета дека повеќе не припаѓа на Кометал.

Од друга страна, Слагелсе ја бара за во Данска ама, пак, дури и договорот да и истече Кометал ќе има право да бара обештетување но, сепак, договорот и истекува во јуни 2008 година така што ќе може само да се чеша :wink:
 
Navistina i bez Ozel Kometal nema da e Kometal mora da ja vratime !!

без секого се може, па и без оваа. кометал од неа направи играч, а она вака им се заблагодарува, море нека ја суспендираат па тек тогаш ќе ‘‘заигра‘‘ и за слагелсе и за чичино село
 
Дефинитивно и Валентина Радуловиќ ќе си оди од Кометал и ќе ја игра сезоната во клуб кадешто не играла досега.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom