Триумфален јубилеј во "Кале"
Очекуваниот триумф над до ова коло непоразениот Алборг го врати позитивниот дух меѓу "кометалки", коишто одново се први на табелата. Со тоа шансите за пласман во четвртфиналето од ЛШ останаа големи и потребна е барем една победа на последните две средби.
Со победата од 29:26 ракометарките на Кометал Ѓ. Петров на најдобар можен начин го прославија јубилејниот стоти натпревар во Лигата на шампионите. Составот на Алборг со ова им го препушти првото место во групата "Д" на "кометалки", кои паузата од две недели до следниот дуел ќе ја минат како лидери.
Добро прочитаната игра на тимот на Алборг донесе резултат на натпреварот којшто беше клучен пред разврската во групата "Д", која ќе се случи следниот месец. Бековите на противникот беа затворени уште од стартот на средбата. Тоа носеше резултат бидејќи шутевите на Лунде редовно завршуваа над голот. Простор за игра имаше само за Дерјугина, која својата шанса ја искористи максимално и шесте употребливи топки ги смести во голот на Колесник и Луковиќ. Крилата на гостинот исто така добија солидна можност да го загрозуваат голот, но тоа не беше доволно.
Откако најголемата опасност на противникот беше неутрализирана, остануваше да се одработи задачата во нападот. Таму, пак, на овој дуел с$ беше во рацете на Јелиз Озел и Валентина Радуловиќ. Турската интернационалка на овој дуел потсети на своите игри од минатата сезона, додека Вале почнува да се враќа во својата форма, а со секој нов натпревар е с$ подобра.
Од она што се виде на теренот, остана и една нова позитивна карактеристика за нашиот шампион. На овој дуел имаше 18 минути исклучување, но речиси секогаш кога играше со играч помалку се постигнуваше гол, а многу потешко се примаше. За разлика од минатите средби сега Портној многу повеќе ги менуваше ракометарките, но повторно им даде преголема минутажа на Платон и Партенко. Кај првата се чувствуваше замор, додека втората немаше свој ден.
Многуте критики упатени по "киксот" минатиот викенд делуваа мотивирачки за сите девојки коишто од првата до последната минута овој пат играа со максимална концентрација. Ништо не се препушташе на случајот, па средбата се решаваше уште од стартот. Откако гостинките први поведоа, набрзина работите се доведоа на свое место, така што откако се поведе со 3:2 во 7. минута до крајот на средбата "кометалки" постојано беа во водство и во ниту еден момент немаа проблеми да стигнат до победата. На тој начин се виде дека во оваа група Кометал Ѓ. Петров го има најдобриот состав и за очекување е на крајот од средбите да заврши на првата позиција.
Д. Михајловски
КОМЕТАЛ Ѓ. П. - АЛБОРГ 29:26 (16:12)
Сала: СРЦ "Кале" во Скопје. Гледачи: 3000. Судии: Скрушни и Новак од Чешка. Делегат: Ранчик од Словачка
КОМЕТАЛ Ѓ. П.
Колесник (12 одб.)
Луковиќ (4 одб.)
Нахчиванли -
Црвенкоска -
Платон 2/4
Бајрамовска -
Бујанова 2/5
Озел 9/14
Радуловиќ 7/9
Аморим 0/1
Тодоровска 3/5
Партенко 0/4
Охоланга 5/10
Рајхел 1/2
Седмерци: 1/4
Исклучувања: 18 мин.
Технички грешки: 14
Реализација: 53.7%
АЛБОРГ
Ка. Лунде (8 одб.)
Шмит (1 одб., 1 сед.)
Дерјугина 6/6
Бургерс 1/3
Мортенсен -
Бланко 1/1
Р. Нилсен -
Б. Нилсен -
Кр. Лунде 1/7
Босен 5/9
Рокне 4/10
Педерсен 4/8
Лекушану 4/6
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 мин.
Технички грешки: 11
Реализација: 52.0%
ХРОНИКА
3' (0:2) Партенко и Охоланга утнуваат во првите два напади, па гостинките го користат ова за да стигнат до предност.
8' (4:2) Веднаш се консолидира одбраната и се враќа ударот со четири погодоци.
15' (9:4) Алборг се обидува да намали, но место тоа "кометалки" само го зголемуваат водството.
21' (11:8) Тимот од Данска се заканува, но стигнува само до три гола негатива.
25' (14:8) Период на добра одбрана и ефикасен напад, за највисока разлика.
27' (16:10) Разликата се одржува, но во последните три минути гостинките намалуваат на четири гола пред паузата, 16:12.
35' (16:14) И вториот дел почнува како првото полувреме, со два гола на противникот.
41' (19:17) Иако Кометал Ѓ. П. се врати на четири позитива, сепак, Алборг успева одново да намали на незгодни два гола.
50' (24:20) Веќе се дише полесно во Кале, но сите стравуваат да не се повтори финишот против Динамо.
55' (26:22) И натаму на семафорот стојат четири гола разлика во корист на "кометалки".
59' (29:24) Озел става точка на головите за нашиот шампион, но и на прашањето за победникот.
60' (29:26) Гостинките го ублажуваат поразот.
КОМЕТАЛ Ѓ. ПЕТРОВ
1. Олга Колесник ****
Повторно собра многу одбрани, но најважни беа ударите во финишот кога Алборг се закани со можен пресврт.
2. Гонча Нахчиванли -
Влезе во игра само за неколку напади, недоволно да ги покаже квалитетите.
3. Билјана Црвенкоска -
Го преседе целиот меч на клупата.
4. Анжела Платон ***
Добро се бореше во одбраната, но судиите & доделија црвен картон во 55. минута. Во нападот со вообичаениот придонес.
5. Мирјета Бајрамовска -
И таа како и Црвенкоска не играше.
6. Олга Бујанова **
Нешто подобро од претходните настапи, но повторно под потребното ниво.
7. Јелиз Озел *****
МВП на овој меч. Едноставно с$ и одеше од рака. Девет гола, шест асистенции. Му одржа добра лекција на противникот.
8. Валентина Радуловиќ *****
Големиот борец уште еднаш се потврди на теренот. Од натпревар во натпревар игра с$ подобро.
9. Ана Аморим ***
Нејзината височина и помогна многу за да се неутрализираат бековите на противникот.
13. Наталија Тодоровска **
Беше под вообичаеното ниво на овој меч. Во нападот само три гола, во одбраната & дозволи на Босен да упати крај неа дури девет удари.
14. Јулија Партенко **
На последните два меча има лоша реализација, но игра за тимот.
15. Охоланга Локи ****
Одлично го почна натпреварот и докажа дека заслужува поголема шанса и минутажа. Во одбраната добро си ја заврши работата.
16. Наталија Луковиќ **
Го загуби местото во првиот состав, но нејзиното искуство сигурно ќе дојде до израз на следните натпревари.
17. Оксана Рајхел **
Ја менуваше одвреме-навреме Вале, но с$ уште игра под страв од повредата која лани ја оддели од терените.
Андреј Портној ****
Тактика донесе резултат. Во одбраната немаше место за противничките бекови. Нивните шутеви одеа над голот. Овој пат девојките беа послушни и неговите совети ги спроведоа во дело.
ИЗЈАВИ
ЈЕЛИЗ ОЗЕЛ: "Верувавме во нас, а со помошта на публиката докажавме дека сме квалитетна екипа. Со овој триумф сметам дека патот кон четвртфиналето ни е веќе отворен. Очекувам и на двете следни средби да стигнеме до победа и да нема никакви проблеми".
ВАЛЕНТИНА РАДУЛОВИЌ: "Ова беше последна шанса за Кометал Ѓ. Петров да може да се крене од негативноста која што ни се случи во изминатиот период. Навистина успеавме до крај да го послушаме тренерот и да го воспоставиме на натпреварот сето она што ни беше задача. Игравме дисциплинирано. Мислам дека она што го бараше тренерот од нас, ние го исполнивме. Ова ни беше пресуден натпревар доколку сакаме да го продолжиме нашиот настап во Лигата на шампионите".
АНДРЕЈ ПОРТНОЈ: "Пред натпреварот кажавме дека доколку судиите дозволат да се игра остро тогаш треба да го искористиме ова и така да играме. Игравме во стилот на данскиот ракомет, со брза игра, полуконтри и контри, дисциплинирано во нападот. Сепак, не беше максимално дисциплинирано. Мора да работиме уште подобро на овој сегмент од играта"
КРИСТИЈАН ДАЛМОС: "С$ уште се е отворено во групата. Кометал Ѓ. Петров има уште два тешки меча, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Сметам дека за нас има место меѓу осумте. На овој меч противникот од страна на судиите доби шанса за да игра погрубо во одбраната и таму не добија. Кога тоа ќе го дозволат судиите, тогаш другата екипа нема што да прави. Сепак, сметам дека ние сме подобар тим од Кометал Ѓ. Петров".
НАРЦИСА ЛЕКУШАНУ: "Публиката беше одлична. И тогаш кога играв јас тука, беше многу добра и многу им помогна на девојките. Таа им дава дополнителна сила. Веќе заборавив како се играше тука бидејќи тоа беше одамна. Сепак, ми беше убаво да разберам с$ што се пееше на трибините. Навистина беше убава атмосферата".