Фан клуб: РК Ѓорче Петров

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Романтичар напиша:
А Кометал повторно во црвени дресови... :icon_lol:
kako moze da se menjaaat lklupski boi be :lud: :lud: :lud:
 
Macedalien напиша:
Иако против Ѓер настапи со црвена опрема
Кометал ЃП не ги менува клупските бои

Зелената и жолтата остануваат основни клупски бои на Кометал Ѓорче Петров и тука нема да има промени, иако во саботниот натпревар од Лигата на шампионите со Ѓер ракометарките на европскиот вицешампион настапија со црвена опрема.
"Против Ѓер игравме со црвени дресови почитувајќи ја желбата на противникот да настапи со зелени. Тоа не значи дека сме ги смениле клупските бои, ниту дека имаме таква намера. Едноставно, добивме три комплета од производителот на спортска опрема "Хумел", и тоа по еден во зелена, во жолта и во црвена боја, а за мечот со Унгарките случајно ја избравме црвената. Оваа сезона ќе настапуваме во опрема на "Хумел", со кого ќе потпишеме договор за време на престојот во Данска следниов викенд", објаснува претседателот на Кометал ЃП, Иван Бојков.
Ѓорчепетровки в недела му гостуваат на Олборг во рамките на второто коло од Д-групата во Лигата на шампионите. (Р.Д.)

Да се мењаат клупски бои не е забрането и никаде не постои тоа правило. Ама да не се читаат луѓето што се трудат да ви објаснат нешто и да ви дадат франко и нето информација - е тоа е богами :lud:

dajdo : ај батко прочитај ја поракава што ја цитирам :wink:
 
Macedalien напиша:
Да се мењаат клупски бои не е забрането и никаде не постои тоа правило. Ама да не се читаат луѓето што се трудат да ви објаснат нешто и да ви дадат франко и нето информација - е тоа е богами :lud:

dajdo : ај батко прочитај ја поракава што ја цитирам :wink:

Ние многу добро ја прочитавме пораката, меѓутоа хартијата трпи буквално се, а фактите се нешто сосема друго. Тие говорат дека Кометал на двата домашни натпревари до сега играше во црвено-бели дресови (не знам во какви дресови играле во Данска).

Има големи шанси да усрале нешто со пратката дресови, ништо не би ме чудело кога се они во прашање. :icon_lol:
 
Романтичар напиша:
Ние многу добро ја прочитавме пораката, меѓутоа хартијата трпи буквално се, а фактите се нешто сосема друго. Тие говорат дека Кометал на двата домашни натпревари до сега играше во црвено-бели дресови (не знам во какви дресови играле во Данска).

Има големи шанси да усрале нешто со пратката дресови, ништо не би ме чудело кога се они во прашање. :icon_lol:

Не зборев за тебе де :wink:
 
Меч за "вадење" пред публиката

Екипата на Кометал Ѓ. Петров вчера одржа прес-конференција на која стана збор за претстојниот натпревар со Алборг кој ќе биде јубилеен стоти дуел во Лигата на шампионите.

"Ова е јубилеј за нас во Лигата на шампионите и ние сме максимално подготвени за тој меч. Во текот на минатите години потврдивме дека поседуваме квалитет. На овие натпревари не само што се промовиравме себеси туку ја промовиравме и Македонија во европски и светски рамки. Покажавме дека сме тим за самиот врв во Лигата на шампионите, а тоа го постигнавме со многу труд и многу работа", рече во воведниот дел претседателот Иван Бојков.

Иако утре се игра дуелот со Алборг од 4. коло којшто ќе биде најважниот сезонава, којшто може да има решавачко значење за тимовите кои ќе продолжат во четвртфиналето, сепак, поголемо внимание беше насочено кон средбата која се одигра минатиот викенд против Динамо.

"Направивме комплетна анализа на дуелот со екипата од Русија. На крајот лошо одиграа Платон и Аморим, во напад имаше недисциплина. Не го одигравме тоа што се договоривме на тајм-аутот", рече Портној.

Меѓудругото тој коментираше и за тоа дека екипата секогаш мора да се адаптира на стилот на судиите.

"Во ракометот с$ прават судиите. Ако тие дозволат борба, тогаш екипата може да го дадем максимумот. Во Алборг имавме седум исклучувања, против Динамо добивме осум. Искусна екипа мора да игра според тоа како се суди. Доколку судиите ги санкционираат пробивањата, тогаш вниманието во одбраната треба да се насочи на овој дел во одбраната. Ние минатата сабота едноставно имавме добра игра 55 минути и за пет минути на свои грешки дозволивме да загубиме бод", беше коментарот на Портној.

На ова се надоврза претседателот на тимот, Иван Бојков, којшто го надополни тренерот.

"Тоа беше моментна слабост и тоа не е резултат на нашата работа на тренинзите. Досега ни се нема случено вакво нешто во Лигата на шампионите, а тоа го почувствувавме во моментите кога победата ни беше најмногу потребна".

Што се однесува до девојките, тие ветуваат дека на овој дуел ќе покажат дека веќе го имаат заборавено дуелот со Динамо, но и дека имаат многу поголем квалитет отколку што се виде минатата сабота. Дуелот со Алборг ќе биде можност да се извадат пред публиката.

Д. М.



ГОСТИН СО ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Дојде, кажа и си замина

На почетокот на пресот се појави личност која досега никогаш не присуствувала истите во организација на Кометал Ѓ. Петров. Едноставно изрази желба да каже нешто во пресрет на средбата.

"Имам информација дека Алборг на овој дуел ќе чува само четири ракометарки на Кометал Ѓ. Петров, Тодоровска, Радуловиќ, Озел и Бујанова. Тоа го знам јас", рече тогаш с$ уште неидентификуваниот новинар, кој подоцна се претстави како Зоран Андоновски од "Ворлд спорт".

Јубилејот, сепак, против Алборг

Утрешниот дуел со Алборг ќе биде јубилејниот за ракометарките на Кометал Ѓ. Петров во Лигата на шампионите. Иако претходно објавивме дека јубилејната "стотка" ќе биде против Динамо во Русија, сепак, од Кометал Ѓ. П. информираа дека утре ќе се прославува. Имено, првите два натпревари одиграни во 1993 година против Локоспорт од Пловдив не беа вклучени во досегашната статистика.

Крај на приказната со казните

По сите случувања по натпреварот со Динамо, во којшто се појавија фотографии од Тодоровска и Партенко на забава, вчера беше ставен крај на приказната.

"Тоа е мој приватен живот и не ми пречи во мојата работа", рече Тодоровска.

Бојков на ова го кажа ставот на клубот.

"Разговаравме со ракометарките и не сакаме да има предимензионирање на случувањата. Ракометарките добија казни, а ова го имало и во минатото, на што ние имаме правилник во клубот и соодветно со него и се постапува".
 
Јас отсега решив се да прифаќам со резерва. Некако не ми се јасни работиве околу Кометал така што нема да откачувам како порано ниту пак да се нервирам дека изгубиле или дека играле по маси во Маврово. Едноставно - fuck them!
 
marketar напиша:

Во данска играа со зелени дресови.

Него баталете тоа, денес е големиот натпревар, време да му се одмаздиме на Алборг :) За пола саат идам накај Кале :)
 
Batistuta напиша:
Во данска играа со зелени дресови.

Него баталете тоа, денес е големиот натпревар, време да му се одмаздиме на Алборг :) За пола саат идам накај Кале :)
Еве сега и јас тргам на кај кале, па после натпреваров ветувам и слики!
 
Batistuta напиша:
Во данска играа со зелени дресови.

Него баталете тоа, денес е големиот натпревар, време да му се одмаздиме на Алборг :) За пола саат идам накај Кале :)

sorry moja greska e znaci.
 
inace samo so pocna utakmicata i denes sme pak vo zeleni dresovi ama nesto tesko ni odi na pocetokot gubime 1-2.
 
Добро бе која будала и дава на оваа ненормалната Бујанова да игра? :pishtoldz
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom