Фан клуб: РК Ѓорче Петров

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Нема бекови - ќе треба да се стори нешто :raz:
 
Одличен натпревар, уште подобра атмосфера во Кале :)
Малку заебани беа судииве, некоординирани, премногу исклучувања за нас, но сепак се виде дека сме доста подобри од Алборг. Сега пласманот во 1/4 финале мораме да си го обезбедиме на гости, а одлична можност за тоа е гостувањето во Ѓер за 2 недели.
 
Па дури и на годтувањето во Волгоград... :wink:
 
Триумфален јубилеј во "Кале"
E8D1EC1238F09A4DA166EAB469D11A9F.jpg
Очекуваниот триумф над до ова коло непоразениот Алборг го врати позитивниот дух меѓу "кометалки", коишто одново се први на табелата. Со тоа шансите за пласман во четвртфиналето од ЛШ останаа големи и потребна е барем една победа на последните две средби.



Со победата од 29:26 ракометарките на Кометал Ѓ. Петров на најдобар можен начин го прославија јубилејниот стоти натпревар во Лигата на шампионите. Составот на Алборг со ова им го препушти првото место во групата "Д" на "кометалки", кои паузата од две недели до следниот дуел ќе ја минат како лидери.

Добро прочитаната игра на тимот на Алборг донесе резултат на натпреварот којшто беше клучен пред разврската во групата "Д", која ќе се случи следниот месец. Бековите на противникот беа затворени уште од стартот на средбата. Тоа носеше резултат бидејќи шутевите на Лунде редовно завршуваа над голот. Простор за игра имаше само за Дерјугина, која својата шанса ја искористи максимално и шесте употребливи топки ги смести во голот на Колесник и Луковиќ. Крилата на гостинот исто така добија солидна можност да го загрозуваат голот, но тоа не беше доволно.

Откако најголемата опасност на противникот беше неутрализирана, остануваше да се одработи задачата во нападот. Таму, пак, на овој дуел с$ беше во рацете на Јелиз Озел и Валентина Радуловиќ. Турската интернационалка на овој дуел потсети на своите игри од минатата сезона, додека Вале почнува да се враќа во својата форма, а со секој нов натпревар е с$ подобра.

Од она што се виде на теренот, остана и една нова позитивна карактеристика за нашиот шампион. На овој дуел имаше 18 минути исклучување, но речиси секогаш кога играше со играч помалку се постигнуваше гол, а многу потешко се примаше. За разлика од минатите средби сега Портној многу повеќе ги менуваше ракометарките, но повторно им даде преголема минутажа на Платон и Партенко. Кај првата се чувствуваше замор, додека втората немаше свој ден.

2BD2E920813DC14EA343219D0BD8B09B.jpg
Многуте критики упатени по "киксот" минатиот викенд делуваа мотивирачки за сите девојки коишто од првата до последната минута овој пат играа со максимална концентрација. Ништо не се препушташе на случајот, па средбата се решаваше уште од стартот. Откако гостинките први поведоа, набрзина работите се доведоа на свое место, така што откако се поведе со 3:2 во 7. минута до крајот на средбата "кометалки" постојано беа во водство и во ниту еден момент немаа проблеми да стигнат до победата. На тој начин се виде дека во оваа група Кометал Ѓ. Петров го има најдобриот состав и за очекување е на крајот од средбите да заврши на првата позиција.

Д. Михајловски



КОМЕТАЛ Ѓ. П. - АЛБОРГ 29:26 (16:12)

Сала: СРЦ "Кале" во Скопје. Гледачи: 3000. Судии: Скрушни и Новак од Чешка. Делегат: Ранчик од Словачка

КОМЕТАЛ Ѓ. П.
Колесник (12 одб.)
Луковиќ (4 одб.)
Нахчиванли -
Црвенкоска -
Платон 2/4
Бајрамовска -
Бујанова 2/5
Озел 9/14
Радуловиќ 7/9
Аморим 0/1
Тодоровска 3/5
Партенко 0/4
Охоланга 5/10
Рајхел 1/2
Седмерци: 1/4
Исклучувања: 18 мин.
Технички грешки: 14
Реализација: 53.7%

АЛБОРГ
Ка. Лунде (8 одб.)
Шмит (1 одб., 1 сед.)
Дерјугина 6/6
Бургерс 1/3
Мортенсен -
Бланко 1/1
Р. Нилсен -
Б. Нилсен -
Кр. Лунде 1/7
Босен 5/9
Рокне 4/10
Педерсен 4/8
Лекушану 4/6

Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 мин.
Технички грешки: 11
Реализација: 52.0%


ХРОНИКА

3' (0:2) Партенко и Охоланга утнуваат во првите два напади, па гостинките го користат ова за да стигнат до предност.

8' (4:2) Веднаш се консолидира одбраната и се враќа ударот со четири погодоци.

15' (9:4) Алборг се обидува да намали, но место тоа "кометалки" само го зголемуваат водството.

21' (11:8) Тимот од Данска се заканува, но стигнува само до три гола негатива.

25' (14:8) Период на добра одбрана и ефикасен напад, за највисока разлика.

27' (16:10) Разликата се одржува, но во последните три минути гостинките намалуваат на четири гола пред паузата, 16:12.

35' (16:14) И вториот дел почнува како првото полувреме, со два гола на противникот.

41' (19:17) Иако Кометал Ѓ. П. се врати на четири позитива, сепак, Алборг успева одново да намали на незгодни два гола.

50' (24:20) Веќе се дише полесно во Кале, но сите стравуваат да не се повтори финишот против Динамо.

55' (26:22) И натаму на семафорот стојат четири гола разлика во корист на "кометалки".

59' (29:24) Озел става точка на головите за нашиот шампион, но и на прашањето за победникот.

60' (29:26) Гостинките го ублажуваат поразот.



КОМЕТАЛ Ѓ. ПЕТРОВ

1. Олга Колесник ****

Повторно собра многу одбрани, но најважни беа ударите во финишот кога Алборг се закани со можен пресврт.

2. Гонча Нахчиванли -

Влезе во игра само за неколку напади, недоволно да ги покаже квалитетите.

3. Билјана Црвенкоска -

Го преседе целиот меч на клупата.

4. Анжела Платон ***

Добро се бореше во одбраната, но судиите & доделија црвен картон во 55. минута. Во нападот со вообичаениот придонес.

5. Мирјета Бајрамовска -

И таа како и Црвенкоска не играше.

6. Олга Бујанова **

Нешто подобро од претходните настапи, но повторно под потребното ниво.

7. Јелиз Озел *****

МВП на овој меч. Едноставно с$ и одеше од рака. Девет гола, шест асистенции. Му одржа добра лекција на противникот.

8. Валентина Радуловиќ *****

Големиот борец уште еднаш се потврди на теренот. Од натпревар во натпревар игра с$ подобро.

9. Ана Аморим ***

Нејзината височина и помогна многу за да се неутрализираат бековите на противникот.

13. Наталија Тодоровска **

Беше под вообичаеното ниво на овој меч. Во нападот само три гола, во одбраната & дозволи на Босен да упати крај неа дури девет удари.

14. Јулија Партенко **

На последните два меча има лоша реализација, но игра за тимот.

15. Охоланга Локи ****

Одлично го почна натпреварот и докажа дека заслужува поголема шанса и минутажа. Во одбраната добро си ја заврши работата.

16. Наталија Луковиќ **

Го загуби местото во првиот состав, но нејзиното искуство сигурно ќе дојде до израз на следните натпревари.

17. Оксана Рајхел **

Ја менуваше одвреме-навреме Вале, но с$ уште игра под страв од повредата која лани ја оддели од терените.

Андреј Портној ****

Тактика донесе резултат. Во одбраната немаше место за противничките бекови. Нивните шутеви одеа над голот. Овој пат девојките беа послушни и неговите совети ги спроведоа во дело.



ИЗЈАВИ

ЈЕЛИЗ ОЗЕЛ: "Верувавме во нас, а со помошта на публиката докажавме дека сме квалитетна екипа. Со овој триумф сметам дека патот кон четвртфиналето ни е веќе отворен. Очекувам и на двете следни средби да стигнеме до победа и да нема никакви проблеми".

ВАЛЕНТИНА РАДУЛОВИЌ: "Ова беше последна шанса за Кометал Ѓ. Петров да може да се крене од негативноста која што ни се случи во изминатиот период. Навистина успеавме до крај да го послушаме тренерот и да го воспоставиме на натпреварот сето она што ни беше задача. Игравме дисциплинирано. Мислам дека она што го бараше тренерот од нас, ние го исполнивме. Ова ни беше пресуден натпревар доколку сакаме да го продолжиме нашиот настап во Лигата на шампионите".

АНДРЕЈ ПОРТНОЈ: "Пред натпреварот кажавме дека доколку судиите дозволат да се игра остро тогаш треба да го искористиме ова и така да играме. Игравме во стилот на данскиот ракомет, со брза игра, полуконтри и контри, дисциплинирано во нападот. Сепак, не беше максимално дисциплинирано. Мора да работиме уште подобро на овој сегмент од играта"

КРИСТИЈАН ДАЛМОС: "С$ уште се е отворено во групата. Кометал Ѓ. Петров има уште два тешки меча, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Сметам дека за нас има место меѓу осумте. На овој меч противникот од страна на судиите доби шанса за да игра погрубо во одбраната и таму не добија. Кога тоа ќе го дозволат судиите, тогаш другата екипа нема што да прави. Сепак, сметам дека ние сме подобар тим од Кометал Ѓ. Петров".

НАРЦИСА ЛЕКУШАНУ: "Публиката беше одлична. И тогаш кога играв јас тука, беше многу добра и многу им помогна на девојките. Таа им дава дополнителна сила. Веќе заборавив како се играше тука бидејќи тоа беше одамна. Сепак, ми беше убаво да разберам с$ што се пееше на трибините. Навистина беше убава атмосферата".
 
tabela

ГРУПА "Д"

Кометал Ѓ. П. - Алборг 29:26

Динамо В. - Ѓер 19:21

ТАБЕЛА

1. Кометал Ѓ. П. 4 2 1 1 117:105 5

2. Алборг 4 2 1 1 124:117 5

3. Ѓер 4 2 0 2 97:112 4

4. Динамо В. 4 0 2 2 101:105 2
 
marketar напиша:
КРИСТИЈАН ДАЛМОС: На овој меч противникот од страна на судиите доби шанса за да игра погрубо во одбраната и таму не добија. Кога тоа ќе го дозволат судиите, тогаш другата екипа нема што да прави."

Исклучувања кај Кометал : 18 минути
Исклучувања кај Алборг : 4 минути


Е стварно не знам што мрчи овој, па за секој старт ни даваа по 2 минути, а они имаат среќа што загубија само со 3 гола разлика.
 
Се местат нишаните за Ѓер

Навидум ништо посебно не се случува во Кометал Ѓ. П. во првата слободна недела во Лигата на шампионите. Екипата тренира, страстите полека се смируваат и целосното внимание полека се посветува на претстојниот дуел во Ѓер во Унгарија, меч кој може да реши многу дилеми за нашиот шампион. Побеа на тој меч му обезбедува пласман во следната рунда, пораз го носи во ситуација во последното коло, во кое гостува на Динамо Волгоргад да се бори за с$ или ништо.

Во пресрет на натпреварот со унгарскиот шампион, кој патем од 2004 година нема загубено меч на домашен терен, Кометал Ѓ. П. ќе одигра два контролни натпревари со екипата на Наиса (ДИН) од СЦГ, во вторник (17:30) и среда (11:00). На овие мечеви треба да се подгрее атмосферата за настапот во Унгарија, да се одржи формата која со исклучок на последните шест минути во дуелот со Динамо во Скопје и не беше нешто што се сметаше за проблем. Но, по ремито со Русинките, на Кометал Ѓ. П. му "виси" пласманот во 1/4 финалето, па оттука и зголеменото ниво на внимателност во пресрет на двата решавачки меча, на кои на гостински терен Кометал Ѓ. П. ќе мора да дојде до два бода за да биде сигурен патник во следната рунда, која се смета на минимум исполнети услови од страна на управата на клубот. Дополнителна тежина на годинешнава Лига на шампиони кога е во прашање Кометал Ѓ. П. е и одлуката на Трифун Костовски да не ги гледа настапите на својот тим до 1/4 финалето, разочаран од претставата која му ја приредија во последните 6 минути од споменатиот натпревар со Динамо Волгоград. Костовски нема да биде дел од делегацијата на Кометал Ѓ. П. ниту на следните два натпревари. На првиот во Ѓер, Кометал Ѓ. П. ќе патува на по малку невообичаена рута. Имено, тимот авионски ќе оди до Виена, а оттаму со автобус продолжува за унгарскиот Ѓер.

Што се однесува до тренинзите на тимот, ниту овој период не мина идеално. Здравствениот билтен сега беше пречка за Кометал Ѓ. П. да работи непречено и со максимален интензитет. Имено, речиси сите ракометарки на Кометал Ѓ. П. минатава недела беа "жртви" на вирус и имаа проблеми во извршувањето на задачите. Клупската докторка беше најбараниот член на тимот, а последен на списокот се најде и тренерот Андреј Портној, кој мораше да утне еден тренинг.

"Минатата недела не можевме нешто многу да одработиме затоа што иако тренизите се одвиваа нормално, голем дел од екипата имаше проблеми со настинка. Од вчера почнавме и да ја анализираме играта од претходниот натпревар. Гледавме снимка од натпреварот во Скопје за да ги видиме уште еднаш и нивните и нашите слаби страни и да се подготвиме тактички за тоа што може да н$ чека на натпреварот во Унгарија", изјави бекот на Кометал, Јулија Партенко.
 
Со агресивна одбрана на резултат

"КОМЕТАЛКИ" ДЕНЕСКА ПРЕКУ ВИЕНА ЌЕ ОТПАТУВААТ ВО ЃЕР НА РЕВАНШОТ ПРОТИВ УНГАРСКИОТ ШАМПИОН

DBC7F266F4C78E4A92552DCD4F94AA1C.jpg
Денеска екипата на Кометал Ѓ. Петров заминува со авион до Виена, од каде што потоа со автобус "кометалки" ќе отпатуваат до Ѓер каде што утре ќе го одиграат мечот од 5. коло од Лигата на шампионите. Победа на овој дуел ќе значи и обезбедување на место во четвртфиналето, па последниот меч во Русија ќе биде само за обезбедување на првата позиција во групата.

За составот на нашиот шампион и на оваа средба ќе конкурираат вкупно 15 ракометарки, идентично како и на претходните натпревари во Лигата. На последната контрола Портној се обидуваше и со помладите коишто можеби овој пат ќе успеат да добијат повеќе шанса отколку на претходните дуели.

"Противникот од Ниш, со којшто игравме контролни средби минатите денови не е од моделот на Ѓер. Според тоа тие резултати не се мерило за очекувањата од ривалот од Унгарија. Сепак, максимално ги искористивме двете средби против Наиса. С$ што кажавме беше одиграно и спроведено на теренот. Пробавме повеќе варијанти во одбрана со различни играчи. Повеќе од времето игравме одбрана 5-1 која беше активна и агресивна. Мислев на тоа што ние ќе го одиграме против Ѓер бидејќи само таква игра ќе ни донесе резултат", вели тренерот на ѓорчепетровки, Андреј Портној.

Инаку, на контролните средби против Наиса се виде голема ангажираност од сите ракометарки. Секоја се обидуваше да покаже колку што повеќе, што е резултат на добрата работа во последните денови.

"Атмосферата во екипата е добра. Задоволен сум и од тоа како работат девојките. Сите се максимално ангажирани за време на тренинзите. Тоа што се случи со Тодоровска и Партенко после натпреварот со Динамо е веќе минато. Сите заборавивме на тоа и веќе се сконцентрираа на работата. Време за одмор немаше бидејќи претстојат многу важни натпревари", заврши Портној.

Што се однесува до натпреварот тој ќе се одигра утре. Почетокот е предвиден за 16:15 часот.
 
ШТО БИ БИЛО, КОГА БИ БИЛО...

Ѓер - Кометал Ѓ. П. 1

Алборг - Динамо В. 1

*Кометал Ѓ. Петров паѓа на 3. позиција и во последното коло мора да победи доколку сака да биде втор.

Ѓер - Кометал Ѓ. П. 1

Алборг - Динамо В. Х

*Ѓер и Алборг го делат првото место, а повторно "кометалки" мораат да го совладаат Динамо за четвртфинале.

Ѓер - Кометал Ѓ. П. 1

Алборг - Динамо В. 2

*Ѓер ќе поведе, но и Динамо се враќа во трка за првите две позиции.

Ѓер - Кометал Ѓ. П. Х

Алборг - Динамо В. 1

*Кометал и Алборг ќе се заменат на првите две позиции, но ништо нема да се знае до крај.

Ѓер - Кометал Ѓ. П. Х

Алборг - Динамо В. Х

*С$ ќе остане исто како и пред одигрувањето на овие средби, па последниот викенд ќе одлучува.

Ѓер - Кометал Ѓ. П. Х

Алборг - Динамо В. 2

*Кометал Ѓ. П. останува прв, но доколку сака 1/4 финале ќе му треба барем бод од Русија.

Ѓер - Кометал Ѓ. П. 2

Алборг - Динамо В. 1

*Сигурно во четвртфинале поминуваат Кометал Ѓ. П. и Алборг.

Ѓер - Кометал Ѓ. П. 2

Алборг - Динамо В. Х

*"Кометалки" се сигурни, но Алборг ќе дојде во незавидна ситуација пред последниот меч.

Ѓер - Кометал Ѓ. П. 2

Алборг - Динамо В. 2

*Нашиот шампион решава се на коло до крај, а Динамо се враќа во игра
 
POCNA NATPREVAROT SO GER:

sostav na kometal vo napad:

todorovska i radulovic na krila
ozel, partenko i oholanga bekovi
i piker platon
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom