Фан клуб: РК Ѓорче Петров

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
nemozam da veruvam deka gi smenile klupskite boi ej zelena u crvena izglea nostalgichni na znameto ili kujznae sho e rabota
 
Иако против Ѓер настапи со црвена опрема
Кометал ЃП не ги менува клупските бои

Зелената и жолтата остануваат основни клупски бои на Кометал Ѓорче Петров и тука нема да има промени, иако во саботниот натпревар од Лигата на шампионите со Ѓер ракометарките на европскиот вицешампион настапија со црвена опрема.
"Против Ѓер игравме со црвени дресови почитувајќи ја желбата на противникот да настапи со зелени. Тоа не значи дека сме ги смениле клупските бои, ниту дека имаме таква намера. Едноставно, добивме три комплета од производителот на спортска опрема "Хумел", и тоа по еден во зелена, во жолта и во црвена боја, а за мечот со Унгарките случајно ја избравме црвената. Оваа сезона ќе настапуваме во опрема на "Хумел", со кого ќе потпишеме договор за време на престојот во Данска следниов викенд", објаснува претседателот на Кометал ЃП, Иван Бојков.
Ѓорчепетровки в недела му гостуваат на Олборг во рамките на второто коло од Д-групата во Лигата на шампионите. (Р.Д.)
 
КОМЕТАЛКИ" ГИ ПРИВРШУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ДУЕЛОТ СО АЛБОРГ В НЕДЕЛА Само Алборг во мислите
4CFD4198D673EA489BC5D6F2C4B18CAA.jpg
Одличната атмосфера создадена со победата на Кометал Ѓ. Петров над Ѓер продолжува и натаму на тренинзите на нашиот шампион. Привршувајќи ги подготовките за натпреварот од 2. коло од Лигата на шампионите против Алборг во Данска, "кометалки" имаат да доработат уште два тренинга во Скопје и еден в сабота на теренот на противникот.

Според тоа како се движат работите, Кометал Ѓ. П. би требало да ја има улогата на фаворит на средбите со Алборг, ако се земе предвид фактот дека данскиот тим сезонава првпат игра во Лигата на шампионите. Меѓутоа, ваквото размислување не е дел и од ракометарките на нашиот претстаник.

"Победата над Ѓер веќе ја заборавивме. Нашите мисли веќе ги насочуваме кон следниот меч, така што нема место за опуштање. Можеби е Алборг како тим дебитант во Лигата на шампионите, но тоа за нас не е факт кој ќе н$ опушти. Максимално сме сериозни и работиме на тоа што поподготвени да го дочекаме дуелот со Алборг. Се надеваме на најдоброто", вели Партенко, која ги пренесе моментните очекувања.

Инаку, во текот на оваа недела постојано се работеше со силно темпо, така што квалитетот којшто беше прикажан во саботата е задржан. Веќе се проучува и противникот и неговите тајни така што меѓу "кометалки" и натаму е максимално работно.

"Гледавме едно полувреме од играта на Алборг од дуелот со Мотор во квалификациите за Лигата на шампионите. Синоќа продолживме со ваквиот начин на работа, а од денеска по двапати дневно ќе гледаме касети од средбите на следниот противник".

Што се однесува до атмосферата во тимот, таа е на потребното ниво, така што останува да се одржи истата до одигрувањето на неделниот меч.

"Одлично е с$. Веќе сме во карантин, но тоа не ја намалува добрата атмосфера. Нам ова ни е работа и затоа функционираме одлично како тим", заврши Партенко.

Д. М.

Јуле и натаму со болки

Проблемите со повредите и натаму прават мали проблеми кај Партенко, но тоа не ја одвојува од теренот и таа продолжува со истото темпо на работа.

"С$ уште чувствувам болки во рамото, но тоа не е проблем за на тренинзите. Јас можам да работам со максимален интензитет, но докторот вели да се внимава, така што во моментов сме претпазливи. За играта во одбраната сум веќе комплетно подготвена, но за напад ќе ми треба уште малку. Се надевам дека грешките ќе се намалат в недела и таму ќе одиграм подобро", вели Партенко.


Од синоќа во карантин

И за овој меч ракометарките на Кометал Ѓ. Петров ќе се подготвуваат со претстој во карантин. Тие заминаа синоќа, па таму ќе останат до сабота до заминувањето за Данска.
 
Ајде уште пола саат до натпреварот до Алборг.
 
29-28 изгубивме у курац судиите не ебаа.
 
Леле да им ебам мамата на тоа судиите како не заебаа туууу за еден гол ке победеа кометал али тоа ти е им фрлиле пари и не ебат нас сеа.......
 
Лоши судии, грешки во одбрана . . . ај ќе биде подобро идниот викенд.
 
Бар нерешено да изваделе, многу ќе си олеснеја работа за понатаму.
Како и да е, први ќе бидат Кометал на крај.
 
Супер игравме, али кој друг ќе не зезне , ако не дебилниве судии, сепак се надевам дека Кометал на крај ќе биде прв!
 
КОМЕТАЛ Ѓ. ПЕТРОВ ЗАГУБИ СО МИНИМАЛНИ 29:28 НА ГОСТУВАЊЕТО ВО ДАНСКА
Пораз во скандинавска шема
АЛБОРГ - КОМЕТАЛ Ѓ. П. 29:28 (14:13)

Гигантум Арена во Алборг, Данска. Гледачи: 5000. Судии: Павел и Стате од Романија. Делегат: Вилангер од Норвешка.

АЛБОРГ: Ка. Лунде, Лекушану 8, Педерсен 6, Бургерс 4, Кр. Лунде 3, Босон 3, Бланко 2, Рокне 2, Дерјугина 1

Исклучувања: 6 мин.

КОМЕТАЛ Ѓ. П.: Колесник, Радончиќ, Борисенко, Нахчиванли, Црвенкоска, Платон 2, Бујанова 3, Озел 5, Радуловиќ 3, Аморим, Тодоровска 5, Партенко 2, Охоланга 4, Рајхел 3

Исклучувања: 14 мин.

B656D2B6FF5B9048A881BCF38C9B705E.jpg
Јелиз Озел постигна гол со сирената за минимален пораз, 29:28 на гостувањето во Алборг со што претставникот на Данска во Групата "Д" од Лигата на шампионите го презема врвот по 2. коло. Добрата игра на моменти не беше доволна за да се направи уште подобар резултат, така што нашиот шампион бодови на гости ќе мора да бара на некој од следните натпревари.

Почетокот на средбата мина во знакот на ракометарките на Кометал Ѓ. Петров, коишто одлично влегоа во овој меч. Уште на стартот почнаа со силно темпо коешто го одржуваа до 15. минута. "Кометалки" најголемата предност ја имаа околу 10. минута кога водеа со 6:3, но потоа домаќинот успеа да ги анулира грешките и да се врати резултатски во игра.

Во 20. минута Алборг веќе стигна до израмнување (10:10), по што на теренот продолжи рамноправната борба. Поранешната ѓорчепетровка Нарциса Лекушану во периодот од играта којшто следуваше беше клучната ракометарка, која што со три гола во серија направи пресврт по кој Алборг дојде до позитива од еден гол (12:11) во 23. минута. Лошиот период во играта на Кометал Ѓ. Петров, кој беше надополнет со уште неколку исклучувања, траеше и во следните минути. Откако прво беше израмнет резултатот на 12:12, Лекушану и Кристине Лунде се погрижија водството да биде зголемено на два гола, што беше првпат на мечот домашните да водат со два гола предност.

Сепак, преку Радуловиќ на паузата нашиот шампион замина со само еден гол негатива, што ветуваше многу поинтересно продолжение од кое се очекуваше и подобар резултат.

Израмнувањето на 14:14 на стартот на вториот дел преку Озел беше последното "реми" на овој дуел бидејќи од тој момент до крајот на средбата водството постојано беше во корист на домаќинот. До 37. минута (клучна на оваа средба) разликата с$ уште беше активна и од само еден до два гола. Потоа, домашните дојдоа до подобра позитива, (20:16) која без поголеми проблеми ја одржуваа во продолжението од натпреварот. Во тоа помогнаа малку и "кометалки", чија одбрана не беше на нивото од средбата во СРЦ "Кале" така што противникот на моменти премногу лесно стигнуваше до голот и постигнуваше погодоци.

Помошта од судиите, но и од делегатот беше само уште еден плус повеќе за ракометарките на Алборг да ја зголемуваат предноста која најголема беше во 51. минута (26:20). Тука за момент редовите на "кометалки" почнаа да функционираат како што треба па почна да се случува пресврт. Разликата почна да се топи, а одбраната профункционира, па во финишот се влезе со разликата која беше присутна во најголемиот дел од мечот.

Во брзата игра се грешеше и на двете страни. Судиите продолжија со свој стил во кој постојано клучните топки ги делеа кај домаќинот, па не дозволија "кометалки" да стигнат до барем бод. Она што беше максимум од оваа средба, ракометарките на Кометал Ѓ. Петров успеаја да го извадат, па стигнаа до пристоен пораз од само еден гол, 29:28 со голот на Озел на истекот на последната секунда од средбата.

На овој начин првата можност да се стигне до бодови од гости пропадна, така што новата шанса ќе се бара следниот месец во Унгарија и Русија. Дотогаш во СРЦ "Кале" ќе следуваат две средби. Првата е веќе в сабота против Динамо Волгоград, а втората против Алборг на 28 јануари.



Сашка и Сашо место ракомет

Љубителите на ракометот коишто сакаа да го проследат дуелот од Данска останаа оневозможени да ги гледаат првите петнаесетина минути поради проблемите на МТВ. Поради тоа на првиот канал каде што беше најавена средбата одеше серијата "Сашка и Сашо", а преносот почна дури по 15 минута од натпреварот, но на Собранискиот канал.

Делегатот се загуби на теренот

Норвежанецот Дагфин Вилангер, којшто на овој меч беше делегат, својата намера да им помогне на скандинавските соседи ја покажа во 37. минута. При прекинот којшто траеше пет минути, а на негово барање тој исклучи една ракометарка од Кометал Ѓ. Петров откако прво се мислеше која да биде вистинската.

Можеби ова немаше да се забележи доколку резултатот беше во корист на "кометалки", но во спорната 37. минута Алборг имаше предност од 17:16 по што успеа да стигне и до поголема позитива.



ЛИГА НА ШАМПИОНИ

2. КОЛО

ГРУПА "А"

Ларвик - Виборг 23:31
Крим М. - Елда П. 29:26

ТАБЕЛА

1. Крим 2 2 0 0 63:54 4
2. Виборг 2 1 0 1 59:57 2
3. Ларвик 2 1 0 1 51:58 2
4. Елда П. 2 0 0 2 53:57 0

ГРУПА "Б"

Лада Т. - Књаз Милош 32:23
Шлагелсе - Дунафер 27:25

ТАБЕЛА

1. Шлагелсе 2 2 0 0 60:49 4
2. Лада Т. 2 1 0 1 59:53 2
3. Дунафер 2 1 0 1 55:54 2
4. Књаз Милош 2 0 0 2 47:65 0

ГРУПА "Ц"

Хипо - Будуќност 36:30
А. Сагунто - Бјасен 25:31

ТАБЕЛА

1. Хипо 2 2 0 0 59:51 4
2. Бјасен 2 1 0 1 52:48 2
3. А. Сагунто 2 1 0 1 53:54 2
4. Будуќност 2 0 0 2 53:64 0

ГРУПА "Д"

Ѓер - Динамо В. 25:23
Алборг - Кометал Ѓ. П. 29:28

ТАБЕЛА

1. Алборг 2 1 1 0 60:59 3
2. Кометал Ѓ. П. 2 1 0 1 60:51 2
3. Ѓер 2 1 0 1 47:55 2
4. Динамо В. 2 0 1 1 54:56 1


ДРАГАН НАЧЕВСКИ

Клучните топки за Алборг


"Мислам дека имаа тенденција, на одредени моменти да наштетат судејќи беспотребни исклучувања. Сето тоа се случуваше во моментите кога се кршеше резултатот. Од страна можеби тоа не изгледаше така страшно, но на теренот ова беше направено. Имаше и многу грешки во ситни работи. Имаше премногу недосудени чекори, не се даваше предност... Сепак, во моментите каде што се судеше против Кометал Ѓ. Петров, тоа беше перфидно направено. Инаку, сите клучни и спорни моменти заминаа кај Алборг. Со покоректно судење резултатот сигурно ќе беше во корист на нашиот шампион".

37. минута, одлучувачка

Делегатот е посебна приказна. Доколку тој си ја вршеше работата како што треба веднаш ќе знаеше кој играч направил погрешна измена. Тој во спорната 37. минута свиреше да помогне, а се загуби околу тоа која ракометарка ќе биде исклучена. Како делегат мора да знае која е ракометарката што направила грешка, а Аморим во ситуацијата беше најмалку виновна. Тука се гледа скандинавската помош за Алборг. Инаку, ова е одлучувачки момент, а сето ова беше направено мошне умешно и со намера да се помогне на некој начин".
 
Ајде утер уште една висока победа - баш би сакал :je:
 
Катастрофа! Се разочарав од овие гускиве! :pishtoldz
 
Еј, прееска бев во сала да го гледам Кометал, и се разочарав.
Малку и тој судијата не изеде!
 
Бројките со "позитивна иднина"
AFE50A5944114647B729FF81C763E486.jpg
На половина од натпреварите по групи од Лигата на шампионите екипата на Кометал Ѓ. Петров има освоено три поени, а гол разликата е плус девет. Ваквиот скор е идентичен со постигнувањата од сезоните во коишто "кометалки" стигнаа до финалето, а беше освоена и единствената титула досега.

Според овие бројки, нашиот најдобар женски тим се наоѓа пред добра иднина и добра сезона во Лигата на шампионите. Бројките кажуваат дека "кометалки" с$ уште ништо немаат решено и во продолжението од сезоната можат да ги повторат успесите коишто ги имаа во сезоните кога по три кола имаа речиси идентичен резултат.

И покрај овие резултати, сепак, останува да се поправат грешките и играта на теренот. Оправдувањата дека некои ракометарки не се доволно искусни за да го издржат товарот во Лигата на шампионите веќе не држат. Тимот на Динамо покажа дека тинејџерките не признаваат веќе години и дека сите играат, така што е време да се ризикува и на младите да им се даде шанса.

Во Динамо во саботата играше ракометарка родена 1990 година, Кмирова.

Стрелецот на голот којшто донесе бод за Русинките, Наталија Дригина во април ќе наполни 18 години. Ова е доволен доказ дека на младите им треба само малку слобода во играта и доверба за да дојдат до израз.

Како и да е, дуелите од првите три кола веќе се во историјата и се заборавени. Претстојат три нови меча (повторно со секој противник по еднаш) на коишто ќе треба да се повторат бројките од минатото. Успеат ли "кометалки" да ја надминат малата криза и да заборават на она што се случи во саботата во Скопје и претходно во Данска, тогаш може да се очекува и сезонава да ги видиме барем меѓу најдобрите четири во Лигата на шампионите.

Д. М.


Крилата најефикасни

На трите досега одиграни натпревари "кометалки" постигнаа вкупно 88 гола. Најефикасни се крилата (Тодоровска, Радуловиќ, Рајхел) коишто заедно имаат 50% од головите. Пикерите имаа само шест гола, додека бековите досега се далеку од ланското ниво.

ПОЗИЦИИ 2003/04 2004/05

Крила 16 44

Бекови 45 38

Пикери 8 6

Вкупно 69 88





ПОГЛЕД ВО МИНАТОТО

1996/97 2 0 1 85:62 4 1/4 финале

1997/98 3 0 0 95:76 6 1/4 финале

1998/99 1 0 2 71:67 2 Група

1999/00 1 1 1 70:74 3 Финале

2001/02 1 1 1 73:74 3 Шампион

2002/03 1 0 2 74:78 2 Група

2003/04 1 0 2 79:77 2 1/4 финале

2004/05 3 0 0 69:57 6 Финале

2005/06 1 1 1 88:79 3 ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom