Фан клуб: РК Ѓорче Петров

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Кометал Ѓорче Петров ја заврши евро-сезоната откако за нашиот првак резултатски неповолно мина последниот натпревар од групата во лигата на шампионките меѓу Шлагелсе и ФТЦ Будимпешта.
Кон него рефлектираа и во Кометал Ѓорче Петров, но и покрај вчерашната победа над Хипо, македонскиот првак нема да ја освои утешната награда и како третопласиран да биде меѓу осумте најдобри во КПК.
Тоа преку „Д” групата од шампионската лига го заработи ФТЦ Будимпешта со триумфот кај Шлагелсе со 28:27, со што Унгарките се изедначија со бодовите со Кометал и поради подобрата гол-разлика и натаму ќе бидат дел од европската ракометна сцена.
 
nisto skapanici se u zadno vreme moraat da go smenat timot
 
Портној останува до јуни али ја мислам дека доста му е...Озел е отстапена на 3 месеци во Турција после пак се враќа во Кометал
 
Со Озел ми е сомнителна работата. Да не биде слично како и со Цигица... Башка тимот каде што оди ќе се засилувал и со други ракометарки.
Море ремонт!!!
 
Озел е веќе одстапена?
Зошто мораше ова да ни се случи бе,не е фер,не е фер и што нејзе и се случуваат домашни проблеми,се разбира дека сака да биде што поблиску до дома,но ова е преголема загуба ако остане таму,во турски клуб,и за неа и за нас.
Несакам да си оди,несакам:( :( не си оди :se_ molam
 
nisto od kometal ovaa sezona. Devojkite razocaraa
 
hehehe aj Ozel sto morala da se vrati u Turcija, a so da kazeme za Marina Naukovic,morase li pred pocetokot na liga na sampioni da i tekne da se pentari na zgrada i da mesti satelitska c c c c c c :).Sovet za narednata godina:Ne se pentarite na visoko,ne se kacuvajte na drva,NE MESTITE SATELITSKI ANTENI NA KROVOT OD VASATA ZGRADA itn.



IGRAJ TI SO SRCE NOSI POBEDA ZA NAS I KOMITI KE PEJAT PESNI CELA NOK NA GLAS:"MNOGU SME JAKI NA NIV IM NEMA SPAS"
 
leandra напиша:
Озел е веќе одстапена?
Зошто мораше ова да ни се случи бе,не е фер,не е фер и што нејзе и се случуваат домашни проблеми,се разбира дека сака да биде што поблиску до дома,но ова е преголема загуба ако остане таму,во турски клуб,и за неа и за нас.
Несакам да си оди,несакам:( :( не си оди :se_ molam
Нема да си оди туку е отстапена зашто Кометал испадна,а мајка и е болна така да ќе се врати за наредната сезона не се секирај :helou:

Portnoj po 4 godini gi spakuva kuferite,a i mislam deka mu bese dosta,taka da za narednata sezona odime so nov trener po trofejot vo Ligata na Sampionite
 
Конечно добра вест од тебе Земзела:back: Збогум за Портној,фала за се што направи и за се што не направи.
Ајде следна добра вест:salut:
 
Ќути еј се спасивме од Портној :tv:
 
Будимир му се враќа на Кометал и на Тоше?
Во вторникот навечер русокосата српска ракометарка допатувала во Македонија
1E9735017B659E439122F05999C3B406.jpg

Ракометната убавица, русокосата Србинка Андријана Будимир (26), од вторникот е во Македонија, во посета на нашата пејачка мегаѕвезда Тоше Проески, а постои голема можност да се врати и во Кометал ЃП, каде што настапуваше пред неколку сезони. Скопскиот тим, по елиминацијата од еврокуповите го очекува „реконструкција” со нови играчи и нов тренер. Меѓу имињата што се споменуваат за можно доаѓање е и Будимир. Таа е дел од шампионската генерација на Кометал ЃП која во 2002 година стигна до европската круна, а има титула и како дел на Слагелсе.

Клубот во кој игра Андријана Будимир, шпански Астрок Сагунто, (лани го елиминира Кометал ЃП во четврт-финалето на ЛШ) е во беспарица по откажувањето на спонзорот и сите играчи добија дозвола да бараат нов клуб. Претходно, Будимир две сезони настапуваше во Слагелсе, а уште толку и во Подравка од Копривница.

Управата на Кометал ЃП соработува со неколку менаџери околу ангажирање на повеќе познати ракометарки, кои би требало да го засилат тимот за следната сезона. Еден од менаџерите со кои соработува клубот е и Тања Медвед, и самата поранешна ракометарка на скопскиот тим и добра пријателка на Будимир.

Во Кометал ЃП засега не знаат за доаѓањето на Будимир во Скопје, ниту за мотивите за нејзино доаѓање. Во ракометните кулоари се зборува оти има големи шанси Будимир да се врати во Скопје. Нејзината блискост со Тоше, менталитет и доброто прифаќање од средината, желбата да игра во Кометал ЃП, кусокот од квалитетни бекови и тоа што е миленик на публиката, би можеле да бидат пресудни управата на скопскиот тим да се реши да преговара за нов договор со неа. Тоа би бил начин за враќање на имиџот на клубот, што го имаше во претходните сезони, кога салата беше полна, а меѓу постојаните посетители имаше и многу ВИП-лица. Меѓу нив постојано беше и Проески.
501107C1C011894984496965DE536C1B.jpg

Лилјана Петровиќ: Приватна посета на Тоше
Менаџерката на Тоше Проески, Лилјана Петровиќ, ни потврди оти поранешната миленичка на скопската публика допатувала во Скопје, но во приватна посета на нашиот познат пејач.

- Колку што јас знам, таа е во приватна посета на Тоше. Нема ништо околу ракометот, но тоа е она што јас го знам - изјави Петровиќ.

За изливот на емоции на аеродромот во Скопје, во вторникот, биле сведоци луѓето што допатувале од Милано таа вечер и сите вработени што вечерта биле на смена. Сите се „нацртале” да ги видат Тоше и Будимир, која и претходно кришум доаѓаше во Македонија додека играше во Хрватска и во Данска.

Нејзиното присуство беше евидентно додека разговаравме со Тоше, зашто нејзиниот глас се слушаше во заднината.

- Точно е дека се слушнавме (со Будимир - н.з.), но не сме се виделе. Би требало вечерва да се видиме - беше одговорот на збунетиот Тоше.

Изненаден од тоа што новинарите толку брзо разбрале за посетата на Будимир, Тоше се обиде да избегне одговор, чекајќи и по неколку секунди пред да одговори.

- Пратете ми СМС-порака, па вечер ќе ви се јавам кога ќе се видам со Будимир или јавете ми се вечерва, па се' ќе ви кажам - ни рече Тоше.

Следеше уште една наша провокација да ја поздрави Будимир од новинарите и да и' порача дека сите сакаме пак да игра во Кометал. На ова Тоше одговори:

- Благодарам, сега ќе пренесам!
 
Нека се врати,барем со мерак да гледам ракомет!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom