Иако се уште не одлучил дали воопшто ќе се кандидира, потенцијалниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез наводно веќе знае кои фудбалери ќе си заминат од Сантијаго Бернабе ако се врати на својата некогашна функција. На овој список се наоѓаат осуммина фудбалери кои се или во години или не се во добра форма, па Перез не гледа иднина за нив во Реал. Заедно со нив, најверојатно клубот ќе го напушти и тренерот Хуанде Рамос кој ионака има договор до крајот на сезоната, а на негово место ќе биде ангажиран светски познат стручњак.
Jerzy Dudek: Сигурно нема да го продолжи договорот бидејќи тој е најголемата пречка за развојот на Хорди Кодина од младинскиот тим, голман кој многумина го сметаат за легитимен наследник на Касиљас.
Michel Salgado: Пред почетокот на оваа сезона замалку ќе го напуштеше тимот, но идното лето тоа сигурно ќе се случи затоа што не е повеќе во формата што се бара од него.
Fabio Cannavaro: Има 35 години и без доаѓањето на Перез, тој многупати најави дека сака да се врати во татковината и кариерата да ја заврши во Наполи. Сигурно ќе му биде дозволено да си оди.
Javier Saviola: Има уште две години од договорот, но ниту тој, ниту клубот не сакаат повеќе да соработуваат.
Marcelo: Беше доведен како голем талент, но не импресионираше и клубот налето ќе го стави на трансфер-листа со цел извади некоја пара за него.
Royston Drenthe: Има голем потенцијал, но му треба да игра повеќе. Клубот најверојатно ќе го испрати некаде на позајмица.
Javi Garcia: Доаѓањето на Ласана Диара во комбинација со неговото индолентно однесување значат дека тој е вишок во тимот на Реал.
Christoph Metzelder: Најголема минутажа има под водство на Хуанде Рамос, но се уште не потврдил дека е квалитетен фудбалер. Од сите спомнати фудбалери досега, тој има најголеми шанси да остане, но неговата иднина ќе зависи од новиот тренер.
Дали се сложувате со оваа чистка:nesum: