Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
И се надевам ќе тргне мудро, со квалитетни играчи. Без мегаѕвезди како Роналдо, Кака, Меси и слично.
 
Porteros: Casillas y Codina
Defensas: Salgado, Pepe, Ramos, Cannavaro, Heinze, Torres y Metzelder
Centrocampistas: Lass, Gago, Sneijder, Robben, Drenthe, Van der Vaart y Javi García
Delanteros: Raúl, Huntelaar e Higuaín


Повторно изоставен Марсело, како и Паланка. Што му е филмов на Рамос стварно не го сфаќам...
 
Хави Гарсија ќе добие шанса во второ полувреме, него му е редот.
 
aaa neso za prenos da kazete .. mislam ako znaete :)ili koa ke doznaete pisete .. pozz
 
Нема да има пренос на Сител ке го даваат ракометот а на Сител 3 незнам дали ке има пренос.
 
Ако го изберат Перез, што е и многу веројатно, овај 100% сум сигурен дека ќе тргне и по Меси, како што направи и со Фиго во 2000 или 2001 година.



Ќе тргне, ќе тргне......
 
Иако се уште не одлучил дали воопшто ќе се кандидира, потенцијалниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез наводно веќе знае кои фудбалери ќе си заминат од Сантијаго Бернабе ако се врати на својата некогашна функција. На овој список се наоѓаат осуммина фудбалери кои се или во години или не се во добра форма, па Перез не гледа иднина за нив во Реал. Заедно со нив, најверојатно клубот ќе го напушти и тренерот Хуанде Рамос кој ионака има договор до крајот на сезоната, а на негово место ќе биде ангажиран светски познат стручњак.

Jerzy Dudek: Сигурно нема да го продолжи договорот бидејќи тој е најголемата пречка за развојот на Хорди Кодина од младинскиот тим, голман кој многумина го сметаат за легитимен наследник на Касиљас.

Michel Salgado: Пред почетокот на оваа сезона замалку ќе го напуштеше тимот, но идното лето тоа сигурно ќе се случи затоа што не е повеќе во формата што се бара од него.

Fabio Cannavaro: Има 35 години и без доаѓањето на Перез, тој многупати најави дека сака да се врати во татковината и кариерата да ја заврши во Наполи. Сигурно ќе му биде дозволено да си оди.

Javier Saviola: Има уште две години од договорот, но ниту тој, ниту клубот не сакаат повеќе да соработуваат.

Marcelo: Беше доведен како голем талент, но не импресионираше и клубот налето ќе го стави на трансфер-листа со цел извади некоја пара за него.

Royston Drenthe: Има голем потенцијал, но му треба да игра повеќе. Клубот најверојатно ќе го испрати некаде на позајмица.

Javi Garcia: Доаѓањето на Ласана Диара во комбинација со неговото индолентно однесување значат дека тој е вишок во тимот на Реал.

Christoph Metzelder: Најголема минутажа има под водство на Хуанде Рамос, но се уште не потврдил дека е квалитетен фудбалер. Од сите спомнати фудбалери досега, тој има најголеми шанси да остане, но неговата иднина ќе зависи од новиот тренер.

Дали се сложувате со оваа чистка:nesum:
 
Marcelo: Беше доведен како голем талент, но не импресионираше и клубот налето ќе го стави на трансфер-листа со цел извади некоја пара за него.

Сите да, овој само да не си оди. И како не импресионирал не знам??

Иначе вечер пак Канаваро ке игра :(
касиљас
рамос кана пепе хајнце
робен гаго ласс снеијдер
раул игуаин

ова се први 11
 
Ќе видиш море, вие дека не сакате да си замине, не значи дека никој нема да тргне по него...

Абе може кој сака да проба да го купи ама никој нема да успее.

Прво затоа што Меси не сака да ја напушти Барса , а и Лапорта не е како Гаспарт па да го дупи кој стигне.
 
Ќе видиме бе, има време... И со Фиго беше исто, али Реал го лапна...
 
Никако не се согласувам за Марсело,па макар и за Дренте на кој мислам дека треба да му се даде шанса да проба како лев бек:toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom