Концентрацијата и мотивацијата на тимов од кога се вратија од после паузава и денафзивните партии низ текот на целата сезона ќе бидат пресудни за освојување на титулата сезонава.
Рамос игра ненормално добра сезона на 34 години и апсолутно го заслужува 2 годишното продолжување на договорот.
Куртоа успеа од ансксиозност и депресија да стане голман со највеќе чисти мрежи сезонава во топ 5 лигите и после 12 сезони човекот е прв кандидат за освојување на Замора трофејот.
Враќањето на старата форма на ветераните како Карвахал, Марсело, Модриќ, Крос, Касемиро и Бензема ќе биде исто еден од клучните фактори за освојувањето на титулата во Ла Лига.
Се надевам дека нема да заебат работа до крај и дека ќе ја освојат титулата. Со оглед на тоа што имаме смена на генерации и доста млади играчи, титулава ќе одлична за градење на основа и правење на победнички менталитет кај младите играчи, со оглед на тоа што најавите се дека нема да се прават трансфери летово за следната сезона.
Исто и конечно ќе може да се избега од сенката на Роналдо и мајндсетот дека без него Реал не може да има големи успеси.
Многу важни 3 поени, сеуште ништо не е освоено одиме во петок на следното финале против Алавес.
Мислам дека сите бевме Касемиро во моментот кога Рамос го шутираше пеналот.
