Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Kako be keylor starter posle kriminalna utakmica protiv atletiko starter... se nadevav debi na Tibo
 
овој Себаљос ќе се изнаигра сезонава...само што ќе постигне останува да видиме..
и кога веќе го дадоа Тео на позајмица, требаше да земат солиден лев бек, Марсело без некој да го замени и одмори, годинава ќе има повеќе лоши утакици него добри...
 
Последно уредено:
сезонава со лопатаро има да кинете живци, дека е крајо уште...
со форсирањето на шпанците му давам фора до НГ, па тогаш Конте....
 
Вакво форсирање на шпанци не памтам кога имало во клубов.
Од една страна Начо , иако беше поставен на место на моментален свтетски шампион, дечкото изгази! Збор не смее да се каже за него.
Со тие лимитарани квалитети што ги има, дава 150% секогаш кога ќе му се даде шанса!

Од друга страна Иско ... оф леле бе :( Не дека некогаш практикувал друг тип на игра (пимплач) , ама се повеќе , тоне ли тоне.
Незнам до кога ќе се форсира безпотребно и ќе му се дава шанса.

Ќе биде смешно да некој од Крос, Модрич или Камемиро извиси на сметка на Иско.
 
Еве демек и Родриго сме го барале од Валенсија... незз остана уште некој од репрезентација да собереме
 
таман и за Маркос Алонсо има интерес....

целата финта е шо тренеро сака да добие кредити од шпанските медиуми со тоа шо ќе ги форсира шпанците..па да нема колку-колку критики во медиумите..а не знае дека до декември ќе биде без работа на овој начин..

типичен пример за тоа е Иско..ќе направи една финта у место, ќе се издрибла сам и одма на МАРКА и АС- MagIsco , ISCO the best i bla bla срања у боја....
Не паметам друг играч шо има толку кредити ко него..(освен Бенз) ...ама ај него го критикуваат..а за овој само позитивни работи се пишува, а усвари придонесува за тимо- 0% ...
Ковачич од него беше едно 3 пати покорисен играч за Реал..ама нели не е шпанец....

значи не оди тоа да Винициус ти е еден од подобрите играчи на припремите заедно со Цебалос, па овој вториот го пуштат прв состав да игра, а бразилчето да не му дадеш ни 10-15мин да дебитира...
ама битно пак друг шпанец влезе ,Васкез....



И да, ај да се надеваме дека Перез виде дека синоќа има едвај 50% народ на стадионо, па ќе лупне некоја пара за НЕанонимец играч...т.е. крило или нападач...
 
Тибо дојде у 5 до 12..
малио е од почетоко на припремите..башка ги играше и сите припремни утакмици.

И непочитување големо ќе беше уште прва утакмица да го тргнат Навас од голо..факт е дека Тибо ќе биде прв голман..ама не уште првата да го замени Навас..
тоа ми е ептен логично решение..

А не гледам ништо слично зошто место Васкез, не играше малио...
 
Стандард формација, незнам кај видовте да има форсирање на шпанци, освен ротацијата Варан-Начо кој изигра докторска партија.
Има време, Џирона па Леганес да влезат во натпреварувачки ритам и таман прво тестирање ќе биде во Баскија против Билбао.
Да се среди само треба ноншалантноста во одбраната и потребен е некој жеден за голови и за докажување. (Винициус е тука)
Бејл и Асенсио делуваат добро, па и Бензема само треба некој финишер кој нема премногу да пимпла и комбинира туку ќе ги користи шансите до максимум.
Кога веќе не се прави галактикос трансфер би бил задоволен и со Родриго.
 
Модриќ,Роналдо и Салах се 3те играчи кои уефа ги избрала за кандидати за најдобар играч во европа :) Модриќ лагано освојува
 
Не сте во право за Лопетеги, почекајте, втор официјален натпревар му беше на човекот. Сите веќе како да оформија мислење за него дека не го бива од натпреварот со Атлетико, да можеби ги згреши измените, ама не е негова кривица зашто изгубивме од Атлетико туку на одбраната. Баш напротив, ја мислам дека вчера одлично изиграа. Стрпливо се градеа акциите, во еден момент имавме и над 75+% посед што никогаш не се случило за екипа како Реал. Очигледно е дека ќе играме нов стил на игра и за тој нов стил на игра ќе треба играчи кои ќе бидат прикладни за истиот. Јебига, мора да се помириме дека на клубов ќе му се случуваат промени и дека нема да биде истиот Реал во последните 5 сезони.

Е сеа конкретно за натпреварот, и ја мислев дека безглаво ќе го форсира Иско без разлика на тоа како игра, ама мислам дека нема тоа да биде случајот. Вчера човекот си виде дека Иско очајно игра и беше првиот кој беше заменет. Начо оправдано беше пред Варан, се гледа дека Варан уште не е спремен кондициони и физички да биде стартер. Во Себаљос ќе гледа да изгради играч за во иднина, првиве негови партии ме потсеќаат многу на Крос првата сезона во Реал каде што даваше само кратки пасови и често губеше топки. Има многу талент во детево и мислам дека баш под Лопетеги ќе се развие многу. Многу ме радува слободата во играта на Асенсио. Конечно веќе нема да биде заглавен само на крило и единствено нешто што ќе прави ќе му бидат центаршутеви, не, вчера најдобрите моменти од натпреварот ги имаше кога играше позади Бензема. Таму најлесно може да го користи шутот што го има и да проигрува со Бензема.

Единствено нешто што му недостасува на тимов е напаѓач, т.е. напаѓачиште. Дали е тоа Родриго од Валенсија, не знам, мислам дека не е, али како и да е мора да се купи напаѓач. Мене ми се свиѓа како функционира тимов, што е најбитно човеков има своја филозофија и свој начин на игра и ќе треба време да го имплементира тоа во овој Реал, кој 5 сезони по ред научен е на друга игра. Се надевам дека ќе му дадат шанса.

За тие што зборите дека не му давал шанса на Вициниус на сметка на Васкез, да ве потсетам само дека Вициниус е во тимов САМО и САМО поради Лопетеги. Да беше Зидан, немаше ни да го земат од Бразил и ќе го оставеа уште една сезона. Пополека, има време за него.
 

Не знам колку покласа треба да си од ова за да те сметаат за класа шпиц, Бензема сигурно ќе исконтролира ваква топка. Кога веќе ја усраа работата со Мариано, нека го земат овој, боље напаѓач за под 100 милиона нема да најдат.
 

Не знам колку покласа треба да си од ова за да те сметаат за класа шпиц, Бензема сигурно ќе исконтролира ваква топка. Кога веќе ја усраа работата со Мариано, нека го земат овој, боље напаѓач за под 100 милиона нема да најдат.
Ако не ништо друго барем ќе има конкуренција бенз да не мисли дека цела сезона само он ќе е шпиц
 
98% - @ToniKroos completed 98% of his passes against Getafe (116/118), the highest percentage of any Real Madrid player in a La Liga game with 100+ passes attempted (since 2005/06)

Dk_2S4jW0AAD5EM.jpg



не знам за вас, и шо толку ви се допаѓа тоа,ама мене тоа ми е досаден фудбал...без ефект..вртење у место..нешто со што барса стана досадна после тика-таката...
секогаш сум за тренер кој би користел 2-3 додавања и шанса пред гол..нешто што Моу го усоврши со Реал, кога играа со Озил...
лично мое мислење..секогаш тој фудбал би го ставил пред 12301923139те пасови без видлив ефект и добар фудбал за око.
Коа ќе дојде да играме со посериозни екипи кој имаат јак пресинг, пример билбао 4то коло, ке видите дека таа игра баш и не носи резултат, туку носи грешки во додавања и примање на голови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom