Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
^ А братче како не свати ти, дека Бензема 5 години играше за Роналдо. Побарај хајлајтс ќе видиш колку му има наместено за на празен гол, а тој може да ги даде.
Неможам да сватам шо е то шо му фали на Карим. Неможи да биди Раул или Назарио или Нистелрој али едно 100 пати е појак од Игуаин.
И измената Касемиро-Себаљос изгледа беше ради повреда.
 
:confused:

Еве пробувам да сфатам како таа средина предводена од Крос и Касемиро имаше ист број погодоци со единствената деветка во тимот наречена Бензема.

Пробувам да сфатам како Бејл со таа иста средина позади него, со помалку минути поминати на терен постигна три пати повеќе голови од телево?

Ејјј извини стварно не било до Бензема.
Zalno e za Benz sto tolku se mrazi vo fan klubov a deckoto najdolgo ostana od site igraci dojdeni vo 2009. Znaci ima tuka nesto koga se uste igra?! Da? Ne? :confused::confused::confused:;)
 
Бензема вчера беше лесно најдобриот наш играч на теренот.

Моментално има 3 главни проблеми во тимот:

1. Немањето на голгетер.
Да, пишав погоре дека Бензема одлично одигра, си даде гол, си заработи пенал, но фали уште еден играч кој ќе гарантира голови. Бејл, тоа не е. Колку и да може да ја извади со потег утакмицата, толку и знае да не влезе у ниту една шанса за гол. Исто и Асенсио. Тука ни фалеше tap in педерот, да ги искористи создадените шанси.

2. Иско.
Му донесоа тренер кој демек го вадеше максимумот од него во репрезентација, дркаа на него и на бесполезните дриблинзи медиумите и фановите, тренер со кој он требаше да биде централен дел и мотор на тимов, а на пријателскиве досеа и вчера, Иско е дно.
Се покажува повторно дека е само играч за ротација и играч за улога во тимот. Улога да ја скрие топката на противникот, неправејќи ништо продуктивно за напаѓачите. А вчера ни за тоа не го биваше.

3. Продавањето на Ковачиќ
Не само што со неговото шиткање (знам дека е позајмица но неговата приказна со Реал е завршена) ја губиме долгопланираната инвестиција како замена за Модриќ, туку ја губиме и замената за Касемиро. Вчера откако Касемиро искочи, Реал се распадна. Премногу значи за екипата и немањето негова замена ќе резултира увек со ваков распад систем.

Очигледна повторно е и презаситеноста на играчите. И Лопетеги имаше катастрофални замени. А и одбраната буквално поклони 3 гола на противникот ко да се Кариус.

Дали може нешто да се поправи во преостатокот од трансфер периодот со нов играч?
Може, лупни им на Бајерн колку и да сакаат за Лева, кога веќе и самиот тој сака да иде.
Само ми се чини дека овие ќе го направат она најглупото можно. Ќе купат уште еден играч од среден ред, онаму каде што имаме милион и ќе се створи уште поголем хаос и со минутажи и со ротации и со формации. Или па нов голман да донесат, кратки сме таму...
 
Ве демонтираа синоќа. Вака јако играње против вас ретко се гледа.
 
Неможе против еден Атлетико да дадеш 2 гола, да изгубиш и баш за тој конкретен натпревар да го бараш проблемот во нападот. Да не требаше 5:4 да победиме ?

Како што напиша ElNino , и јас се се мислам дека во понатамошниот дел од сезоната ќе кубуриме бидејќи немаме еден асален гол-играч, ама вчера тоа не беше проблемот. После негде 60та минута, средината се распадна и дојде до израз нашата несигурна одбрана. Онакви грешки во одбрана, на сериозен тим од 4те најјаки лиги во Европа не треба да им се случи, а не па на еден Реал Мадрид. А најстрашно е што последниве сезони им станува навика.
 
2. Иско.
Му донесоа тренер кој демек го вадеше максимумот од него во репрезентација, дркаа на него и на бесполезните дриблинзи медиумите и фановите, тренер со кој он требаше да биде централен дел и мотор на тимов, а на пријателскиве досеа и вчера, Иско е дно.
Се покажува повторно дека е само играч за ротација и играч за улога во тимот. Улога да ја скрие топката на противникот, неправејќи ништо продуктивно за напаѓачите. А вчера ни за тоа не го биваше.
Не ви го треба Азар, бидејќи е ист играч како Иско. Мхм да :)
 
Натпреварот го загубивме поради одбраната и толку.
Првиот гол на Коста тотална лакрдија...сам си асистира со глава додека Рамос и Варан си ги ладат уште на одмор а Навас спие.
Вториот не го видов.
Третиот можеби имаше фаул над Карва ама наместо да чека да му свири требаше да му клизне па нека суди фаул.
Четвртиот изведуваат некои нептребни комбинации и дриблинзи у 16 :tapp:
Бејл можеби е добар играч ама е далеку од лидер, на Бенз му треба голгетер у тимот за кој овој ќе игра. Кај е научен он да дава голови и од него да се чека се.
 
Неможе против еден Атлетико да дадеш 2 гола, да изгубиш и баш за тој конкретен натпревар да го бараш проблемот во нападот. Да не требаше 5:4 да победиме ?

Како што напиша ElNino , и јас се се мислам дека во понатамошниот дел од сезоната ќе кубуриме бидејќи немаме еден асален гол-играч, ама вчера тоа не беше проблемот. После негде 60та минута, средината се распадна и дојде до израз нашата несигурна одбрана. Онакви грешки во одбрана, на сериозен тим од 4те најјаки лиги во Европа не треба да им се случи, а не па на еден Реал Мадрид. А најстрашно е што последниве сезони им станува навика.
Па како нема да се разпадне средината, кога Лопетеги замени целата схема коj до овоj момент беше добра.
 
Не ви го треба Азар, бидејќи е ист играч како Иско. Мхм да :)

Признавам ја го зборев тоа и плус дека Асенсио ќе биде "достојна замена" за ЦР7 онака чисто како крило, не за 50 гола по сезона никако тоа :) амаааа изглеа дека... нејќам да кобам пред сезонава изглеа ќе си увидиме сите дека Иско и Асенио со чест на квалитетот шо го имаат, мн повеќе се кренати у небо од шпанскиве медии, пошо се шпанци а ние така лесно и добро го тоа прифативме.
Иначе Азар пред Иско сега у секое време пошо нашиов не е за прв тим, толку. добар е, ист стил се, дава свежина,знае да искреира шанса и гол ама за лидер и за прв тим да почнува секој викенд не е.

И да, се слагам дека Лопетеги ја еба работата вчера. Едноставно цел систем го смени и го еба. Вадеше ставаше појма немаше шо праеше и шо сакаше да напраи (со исклучок на Кашемиро, ако било ради повреда)

+ и англичаниве индиректно ја ебаа работата со трансфер рокот :D сеа после една сериозна утакмица увидоа сигурно и тие тврдоглавите од управа дека фали нешо плус у составов ,Азар, се спомиња и Алонсо од Челзи, (да делат со Марсело минути сезонава, ќе паѓа од време на време сигурно кондиционо,со утакмициве среда-недела), па дури и некој изненада трансфер рецимо трампа на "незадоволниве" Модрич и Погба со наша доплата ...
 
Не ви го треба Азар, бидејќи е ист играч како Иско. Мхм да :)

Не ни треба. Азар е квалитетен играч и све, но он не е тип на играч што ќе го реши проблемот на Реал. Реал има алтернативи за Иско во постоечкиот кадар. Проблемот е што Иско мора да игра прв тим. Инаку ќе плачипиздри и он и лоботомираните фанови низ Шпанија, откак ќе направи мал фудбал потег.

Ве демонтираа синоќа. Вака јако играње против вас ретко се гледа.

Ептен јако демонтирање со 2 гола од 2 шанси.

Демонтажа имаше после 2-3 во продолженијата. До тогаш Атлетико беше стерилен. Головите ги постигна на сметка на ужасни грешки на Варан и Рамос.

Ништо посебно не покажа Атлетико, имало утакмици во кои играле многу подобро против Реал.
 
Азар е квалитетен играч и све, но он не е тип на играч што ќе го реши проблемот на Реал.

Реално ако Реал бара некој да го замени Роналдо, тоа нема да се случи. Такви играчи како Роналдо, Меси, Роналдињо итн се многу ретки. Азар би заменил доста од головите на Роналдо, би имал барем 20тина во Ла Лига. Околу 15 гола има во просек во Премиер во многу подефанзивни состави. Лидерските способности му се зголемени последнава година, сам го влечеше Челзи претходната сезона. Плус видовме дека изигра супер Светско како капитен, асистенција или гол секоја натпревар. Е сега во Реал нема да има таков утисок покрај многу поголеми карактери од него. Апгрејд на Иско е во секој случај. Плус многу голема загуба е оставката на Зидан. Самата негова појава во соблекувалната или на теренот и придобивка и мотивација за играчите, настрана тренерските способности.
 
Четврток, понудата за фудбалски натпревари е во минус. Мора нешто да се дискутира до сабота :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom