Не е до Реал. Едноставно у гости сите почнаа да ни играат јак пресинг, нешто што го нема на Бернабе. Мора да сфатат дека никој нема да им игра повлечено на домашен терен и дека треба да влезат јако уште од прва минута. Сите зедоа пример од тоа како Билбао, Атлетико, Селта и слични играат против Реал на домашен терен, така да нека не очекуваат утакмици на гости ко до лани.
Факт е дека Гранада не заслужи пораз, ама судијата и тоа како им помогна за голот. Ко кретен му се пикна на Лука и буквално му напрае бодичек. Среќа па Лука е на 10 нивоа погоре откако дојде Зидан, па он не држеше цела утакмица.
За Роналдо мислев дека ќе успее да се врати у форма, ама ништо. Повремени блесоци ко оној со Еспањол прошло коло и тоа е тоа. Нема ништо индивидуално од него више, физички не е спремен ни 50% од тоа што беше порано. Нормално годинете си го праа своето, ама и желбава за фудбал му е на 3 нивоа подоле.