Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Па пишува и на Марка и на АС за играчи кои Реал може да си ги врати од позајмици. Е сега не знам дали тоа е за овој трансфер период или за на лето. Исто ги пишува и Лукас Силва, Асенсио, Љоренте од Ваљекано, Медран, Омар Маскарел и за мене најважниот и се надевам дека ќе го вратат, Хесус Ваљехо. Го купивме летото од Сарагоса но остана таму оваа сезона, има 19 години, капитен е на Сарагоса и е вистински столб на одбраната. Пишав за него уште кога го купија, прав ѕвер е, го пропушти почетокот на сезоната поради некој настап за младата репрезентација на Шпанија а кога се врати на првите 5 натпревари кои ги одигра, Сарагоса освои 11 бода и не прими ниту еден гол. Прочитав многу позитивни коментари за него и многумина го сметаат за предводник на одбраната на Реал во иднина, заедно со Варан секако.
 
Реал играчиве може да ги врати само до крај на месецов. После тоа нема да можат да регистрираат нови играчи, а овие кога ќе се вратат од позајмица ќе треба да се регистрираат за играње.
Иста ситуација беше со Барселона со Делуфеу и Денис Суарез.
 
да го земаат сега овој од Сарагоса младичот, еден лев бек и едно Хазардче...
и таман :P


Иначе УЕФА и ФИФА озбилно размислуваат шпанската доминација во ЛШ и ЛЕ да ја тргааат со овие банови :D
 
Сега читам дека Коентрао, Асенсио, Лукас и Ваљехо ќе може да се вратат и на лето и ќе може да бидат пријавени, пошто казната не важи за позајмени играчи.
Топ, зимава ако планираат нека земат некој напаѓач, а другиве ќе бидат добро појачање за на лето.
 
Спаси гз примадоната, тоа значи и наредна година не освојува Реал ништо.
 
Сега гледам почнаа да прават листи на 5 засилување кои панично би ги донеле во Реал .. Али од што е смешна листава не можа појќе , Гризман 80м не би се сложил за ваков трансфер , Погба 80-100м никако според мене тамам си е срединава кај нас , Де геа па овој не би го зел освен без пари бидејќи имаме голман што е класа над него , Азар би го зел ако си оде Балето али тој нема шанси да оди никаде така да пиши пропало , е сега она што ни треба е шпиц го предвидуваат Лаказет одличен играч голгетер , али и нашиов таму беше одличен па кога дојде незнаеше да шутне топка . Зимава да се земе лев бек доколку немаат план да го вратат Коентрао (незнам како игра во Монако полусезонава) и еден шпиц според мене Лукаку би бил зверетина во Реал доколку педофилов наш сака да си ги спакува куферите .
 
Реално овој бан на Реал Мадрид ќе му дојде одлично бидејќи ионака управата на чело со Перез на секои две сезони го менуваат целиот ростер и купуваат нови играчи кои ќе му бидат од маркетиншка корист и ако евентуално ако нема бан во летото ќе ги продадат Крос,Бале и Иско па ќе купат пак некои нови играчи и се ќе се почнува од ново како што е обичај во клубот....вака барем ќе ги остават играчите да дишат и да играат фудбал како што треба..плус ионака Реал Мадрид има квалитете состав па не му се потребни трансфери сосила како Данило
 
Реално овој бан на Реал Мадрид ќе му дојде одлично бидејќи ионака управата на чело со Перез на секои две сезони го менуваат целиот ростер и купуваат нови играчи кои ќе му бидат од маркетиншка корист и ако евентуално ако нема бан во летото ќе ги продадат Крос,Бале и Иско па ќе купат пак некои нови играчи и се ќе се почнува од ново како што е обичај во клубот....вака барем ќе ги остават играчите да дишат и да играат фудбал како што треба..плус ионака Реал Мадрид има квалитете состав па не му се потребни трансфери сосила како Данило

Поднеле жалба,дај Боже да не им ја уважат.
 
26.5 години просек на тимов, плус со 2 играча на секоја позиција и плејада млади таленти од Кастиља што тропаат на вратата банов ќе ни дојде добар за билдање хемија. Во меѓувреме се надевам дека Флорентино ќе си лета на бек дор и ќе дојде некој нормален тип.
 
Ќе ви дадат и на вас еден рок да изнакупите како на нас.. и таму у септември ќе ве казнат. Али затоа на лето Чичо Перез маме ќе ебе. :D
 
Шо си прајте бајрам со умо море? Официјално е, ова лето и наредниот Јануари е казната. Овие две недели шо ќе прават тоа им е. Ма да и јас мислам дека добро ќе им дојди на Реал ова, за Атлети не знам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom