Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Најдобриот фудбалер во историјата на универзумот. Роналдо и Меси можат да му го испушат само а Пеле и Марадона нека играат по ниви у Бразил и нека даваат голови со рака. Омилен играч одсекогаш.
Можеби не сум имал можност да ги пратам Пеле и Марадона, но сепак го делам мислењето дека Зидан е до сега најдобриот фудбалер во историјата на фубалот.

Но сепак сум песимист за него како тренер, моментално. Тимот ќе добие веднаш boost, кој и да си не е сеедно да те тренира факинг Зидан. За разлика од Бенитез, ќе почне со стравопочит од секој играч, и тоа му е голема предност пред дебелиот.
Не би рекол дека треба да гледаме песимистички на неговата функција моментално. Тој би бил подобра опција во секој поглед, одколку досегашниот тренер. А доколку побликата го засака (а верувам во тоа) ќе си тера уште долго на клупата на Реал (ако не и најдолго од сите досегашни)

Нема да значи тоа дека и него нема да му се спротистават. Бенитез беше голем инает, Зидан е нешто слично. Ако почне да казнува некого, не се чудете ако и него почнат да му го прават истото.
Мое мислење е дека на Бенитез му се спротиставија заради начинот на поставување на играта, заради неговата стратегија. Самите играчи знаеја што е тоа Реал Мадрид одколку нивниот тренер.
Самите тие мислам дека беа за да доминираат над сите, а додека стратегијата на повлекување и бранење И чекање на контра на Бенитез им сметаше на сите во тимот.

Тука доаѓа проблемот а тој се вика Флорентино Перез. Денеска коа го прашале: Дали ББЦ се недопирливи, Зизу рекол: Да, приоритет се. Шо значи дека стариот и нему му рекол дека Бејл мора да игра по секоја цена. Бензема знаеме дека ќе игра пошто тоа што е Бејл на Перез му е Бензе на Зидан.
Не да го бранам Перез и да ја оправдувам неговата политика. Но сигурен сум кога тој носи одлука за некој играч дека треба да биде дел од тимот, тој играч е врвен на таа позиција за која е донесен.
И од тука со право си бара човекот да се форсираат тие играчи. Но, тренерот е оној кој треба да ги мотивира и да го извади најдоброто од нив, нели затоа и тој е тука како тренер. Од триото ББК, сите тројца се топ играчи во светот на нивните позиции (освен едното Б :) кое јас лично би го пректстил во Т(теле):P) и не е чудно тоа што Перез ги форсира тренерите да го извадат најдобротоо од нив.
Најбитниот момент е колкава слобода ќе му биде оставена. Мислам дека Флорентино и нему ќе му седи врз глава и ќе му купува играчи кои он ќе ги сака. Колку ќе го прифато тоа Зидан ќе видиме.
Барем до крајот на сезоната Зидан ќе има максимална слобода, за останатото зависи од самиот Зизу. Да, ќе видиме како сето тоа ќе се одвива, пак мислам дека тука и надворешен фактор ќе суди за постапките на Перез, навивачите!

Стилот на игра, ако судиме по тоа што го играше во Кастиља, мислам дека ќе гледаме дежа-ву од сезоните со Мурињо. Ќе шибаме голчиња, ама ќе се игра со цврст среден ред и одбрана. Не мора да значи тоа што он беше офанзивен магионичар, дека таков и тренер ќе биде.
Баш така. Лично јас претпочитам цврст среден ред. Но ориентиран кон офанзива. А имаме играчи од таков калибар и капацитет, деца на место !
Али очекувам Модриќ под негова команда да постане повторно тоа шо е, најдобриот везњак во светото моментално. Крос да се препороди конечно а Иско, Џамес и Ковачиќ да му крадат финти од тренинзи. Пак ќе речам, лошо е ако триото напред е однапред недопирливо. Ако пак квичи, ова лето ќе е вториот идеален момент за шиткање на Бејл на Јунајтед за миљарда пари. Но за тоа да се деси треба или на Флорентино да му падне снег врз глава и да се освести или да си замине.
Јас очекувам
--------Бенз---------
Роналдо----------- Бале

-------Иско/Хамес---Модрич----
-----------Крос----------
Марсело,Варан,Рамос,Карвахал
-------------Навас-----------

Оваа формација предводена од Зидан ?!?! .....

Неискуство, лош претседател, немање асален асистент, неизбалансиран тим... многу проблеми ќе има од сам старт. Затоа немам големи очекувања од него. А сакам да му биде оставен простор и да биде предводник на тимот долго време.
Времето ќе си кажи своето ...
 
Последно уредено:
Јас очекувам
--------Бенз---------
Роналдо, Хамес, Бале
-------Иско---Модрич----
-----------Крос----------
Марсело,Варан,Рамос,Карвахал

Оваа формација предводена од Зидан ?!?! .....


Времето ќе си кажи своето ...
Јас мислам дека нема да игра без голман, преголем ризик е. :D :icon_lol:
 
Како бе у право е Перез кога форсира играчи?! Па тој ли е тренер или Зидан/Бенитез/Анчелоти? Три чисти нема од фудбал, ќе кажувал кој да игра кој не. И што би била мотивацијата за некој играч да игра, ако знае дека местото во прв тим му е загарантирано?

Очекувам Пепе киксерот да си се зацементира на клупа, и така времето више му е пројдено. Ќе видиме Зизу со каква формација ќе излезе следнава текма, али ако инсистира на ББЦ, тоа воопшто не е добро за Хамес, според мене најдобриот играч моментално во Реал.
 
И една одпозади

shakira5.jpg
 
колку мерак ми се напрај со назначувањево на Зизу :drk::drk::drk::drk::drk:

уверен сум дека ќе гризат на терен и се надевам дека ќе изгазат све по список :oeoeoe:
 
ум пм од дамна немав вака нетрпение да чекам да го гледам Реал...крофната да седеше уште пола-една година ќе ми ги уништеше сите емоции за Реалот...

ВАМОС ЗИЗУУУУУУУУУУУУУУ!!!!!!!!!!!!! :D
 
Мноогу поинаков шмек има тимов со Зидан како тренер...некако ми ја зголемува оригиналноста на тимот...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom