Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Хипотетичка ситуација, ако бидне swap Де Геа - Рамос, задоволни ли би биле како навивачи? Чисто од љубопитност прашувам. :) Пошо иако знаеме сите зошто повеќе добивате со Де Геа како голман иако го имате Кејлор, дали таков потег би ја оправдал загубата на Рамос...?
Ни под разно... името ќе го дајме Рамос не го дајме. :D
 
Хипотетичка ситуација, ако бидне swap Де Геа - Рамос, задоволни ли би биле како навивачи? Чисто од љубопитност прашувам. :) Пошо иако знаеме сите зошто повеќе добивате со Де Геа како голман иако го имате Кејлор, дали таков потег би ја оправдал загубата на Рамос...?

И Роналдо да не го сакате плус? :cautious:
 
И Роналдо да не го сакате плус? :cautious:
По ред одиме. Лани МВП-то од финалето, годинава тој што ве остави во игра со гол во 93та. Наредно лето ваљда Бејл, оти он го даде голот за 2-1, па здравје кога ќе дојде ред за тие што постигнуваат небитни голови, а слават како да го решиле победникот ќе биде и Роналдо. :)
 
Ако си оди, Реал губи капитен и авторитет на теренот. Што е премногу со оглед на тоа што Чаби си отиде лани, а годинава ќе бега и Касиљас најверојатно, така да ќе нема кој да го води тимот во тој поглед. Од постарата гарда би останале само Пепе, Роналдо и Марсело како лидери, што значи ниеден Шпанец. Нема да си го дозволат тоа раководството кога станува збор за Шпански тим, навивачите ќе ги изедат.

Од друга страна пак Рамос како играч освен ланската сезона во која беа во суперсајонска форма со Пепе, не памтам да одиграл толку добро. Склон е на киксови и не се плаши да ги прави.
Моментално Пепе е најдобар штопер во Реал без конкуренција, секако поради константноста. Рамос и Варан варираат со формата и тоа премногу.

Доколку се случи да бега, се на се, Реал губи многу, пишав во првиот пасус зошто.
Ако го поврзат со Челзи не си оди, така да тоа е клучниот момент.
 
Everyone is using Ramos at the moment. Barca candidates, Woodward. Ramos is the new black. And it suits Ramos contract wish perfectly.

Ама го опишале :ROFLMAO:
 
За некој ден Рамос со нов договор , покачена плата , и одма сите шо си го замислувале во нивниот тим( УТД, Челси, Барса и тн) почнуваат со тоа како Рамос е киксер и не им е потребен :D
 
Мислам дека со војнава што ја почна веќе си ја запечати судбината во Реал, или нема да види утакмица две години (ако го фати инат Флорентино) или експресно ќе биде продаден. Никој не е незаменлив и никој не смее да си дозволи да уценува клуб ко Реал Мадрид. Неговиот гол ја донел ЛА Децима? Ај да ги изброиме неговите киксови кои го коштале Реал можеби титули. Ако се смета себе си за толкав мадридиста ќе искочи јавно и ќе ги негира гласините на АС. На крај ќе заврши ко лингурот Ди Мариа, кој е огорчен и индиректно уште плука по Мадрид, само кога еднаш вратата на Мадрид ќе се затвори ќе остане затворена засекогаш. Мене стварно не ми се јасни ѕвездите на Реал, демек не му било до парите, туку до почитта му било, па ради тоа сметал дека треба да зема по 10 милиона, односно неговото име да стои позади Роналдо, а во друг клуб радо би ја земал и оваа и помала плата што ја зема. Ако е така ете им го на Јунајтед нека искешираат од 55 до 60 милиона + Де Хеа и нека крши глава. Со таа отштета му ја плаќаат клаузулата на Отаменди, кој според моменталната форма е сигурно поквалитетен од него у дефанзива.
 
11110972_10153152254468001_7478289654890806230_n.jpg
 
Мора да си иде некој за да дојде јака звезда. Еве Рамос мрчи за договорот можно е да лапнат добра пара од некое клубче. По ми е верно Рамос да го продадат и да го доведат Агуеро отколку Бензема да биде продаден а да дојде Агуеро :D
 
Од друга страна пак Рамос како играч освен ланската сезона во која беа во суперсајонска форма со Пепе, не памтам да одиграл толку добро. Склон е на киксови и не се плаши да ги прави.
Моментално Пепе е најдобар штопер во Реал без конкуренција, секако поради константноста. Рамос и Варан варираат со формата и тоа премногу.

И јас ова го мислев до лани, многу го колнев ради неконстантнотста и моронските потези во кои најчесто завршуваше и со црвен картон. Ама од лани навака дефинитивно игра многу посигурно и конечно си го оправда статусот стопер од врвна класа. Едноставно е прејак, Карло му го даде тој final touch. Слабоста му е шо е Шпанец, уште е малку приглуп па затоа никад нема да биде 100% без опасност да напави некој екстра глуп потег. Зборот ми е дека се наоѓа во годините кога е во врвна форма, негово продавање моментално би било глупост од неизмерливи граници.
 
На почетокот од летото објавиа дека Начо останува.Така да супер ќе биде.Атлетико не 4-0,8-0 ќе не силува на сред Бернабеу ако Начо со младожењата бидат главни во одбрана оваа сезона.Секоја нова сезона Флорентино се надминува самиот во глупостите што ги прави.Ако се случи ова со Рамос и пак горе-доле млако биде изреагирано од фановите затоа што факинг Агуеро,Руни и Јаја Туре се донесени,тогаш стварно ќе се потврди дека Реал ги има едни од најлошите фанови кои немаат ни М од Мадридизмот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom