По денешната првична подетална информација з
а бркањето на 17-те навивачи на Реал Мадрид од Сантјаго Бернабеу, приказната добива пошироки светски размери.
Одлуката на Флорентино е поддржана од цела Шпанија. Огнот од веста се шири низ Европа и останатиот дел од светот. И УЕФА ќе презема слични мерки.
Она за што се лути начелно Флорентино е ставот на ЛФП, кои го обвинуваа дека досега не преземал ништо и дека е покрената тужба против Реал Мадрид за оваа група на ултра радикални навивачи на Бернабеу. До 15 декември годинава санкциите можат да бидат само парични, а од 15-ти декември натаму можат да бидат и со одземање на бодови, па така и нема да биде исклучено на Реал да му бидат одземани бодови поради Ултра Сур.
Флорентино во неколку наврати напомена дека ЛФП не треба да го тужи Реал туку Ултра Сур. Тој скоро година дена води војна со нив. Досега еднаш „настрада“ неговиот внук кој беше претепан од Ултра Сур, а подоцна беше искршен и гробот на неговата сопруга. Сета таа акција на насилство беше потпишана од Ултра Сур.
Флорентино одлучи дека да им се „покажат заби“ па така во саботата беа отстранети 17 навивачи на оваа групација. Сега станува уште поопасно бидејќи Ултра Сур нема да запре овде. Но, веќе се на осуда од цела Шпанија.
Флорентино уште еднаш посочи дека ЛФП сега е на ред да почне да ги гони овие радикални групи и да го заштити него, Реал како клуб и останатите во Шпанија. Поддршката во моментов ја добива од сите. Затоа и смета дека и тужбата од ЛФП за скандирањата на Ел Класико треба да биде повлечена и соработката да продолжи на ова ниво.
Како ќе биде од 15 декември натаму ќе видиме, но веќе е најавено дека отсега ќе се одземаат и бодови за сите вакви скандирања. Веќе се најавува тужба и за ФКБ бидејќи нивните навивачи исто така во неделата скандирале „Пута Еспањол“.
Приказната не завршува овде. Допрва започнува...