Превземено од фан страна на Реал мадрид но вреди да се прочита

Селекцијата на Флорентино
Рекапитулација на она што се случуваше летово - Реал Мадрид ги продаде Диего Лопез и Анхел Ди Мариа, двајца кои беа засилувања на Мурињо, И двајцата заминуваат на дискутабилен начин од клубот, после многу полемики. Дополнително, ова лето замина Мората, играчот за кој Жозе толку многу се перчеше и тврдеше дека тој го прекомандувал во првиот тим. Исто така, случајно или не, истото лето заминува и Касемиро. Играч кој дојде во Мадрид по препорака на Мурињо, кој го препорача за Кастиља, а потоа и го дебитираше во првата екипа додека бразилецот сеуште беше член на филијалата. На крајот, го нема веќе ни Хесус, човекот кој токму Мурињо го стави на позиција трет голман во Мадрид, уште во времето кога први два избора беа Икер и Адан.
Секој што смета дека Флорентино нема јасен план во својата глава, живее во големи заблуди. Плановите на Флорентино се многу добро разработени. Од една страна, тој ги придобива светските пазари во оние региони кои му се тергет група за неговите компании со новите засилувања. Тоа е чист бизнис. Од друга страна, Флорентино создава вакви или онакви услови, играчите на Мурињо да заминат од клубот. Тоа е чиста политика. Понекогаш тоа е толку совршено смислен план, што многу фанови сметаат дека играчот навистина сам сакал да замине од Мадрид, дека е предавник и не заслужува повеќе да игра во Мадрид.
Се е всушност дел од планот на Флорентино. Кога дојде во 2009-та година, првичната цел му беше чистка на играчите на Калдерон, исто како што Калдерон ги чистеше играчите на Флорентино во своето време. Откако беа исчистени играчите на Калдерон, останаа само Марсело и Пепе како засилувања на екс претседателот на Реал. Потоа, по заминувањето на Мурињо, потребно беше да се исчистат неговите играчи во Мадрид.
Од оние кои се во ростерот на Реал моментално, во времето на Мурињо стигнаа уште Коентрао, Кедира, Варан и Модриќ. Јасно е дека Варан е засилување на Зидан. За Лука Флорентино смета дека е негово засилување, зошто беше негова лична желба подолг период. А Кедира и Коентрао може да го почувствуваат мирисот на чистката во секој момент. Токму Кедира цело лето се поврзува со заминување од Мадрид, иако во текот на минатата сезона тоа беше Коентрао. Овие двајца би можеле во некој од следните преодни рокови да ја менуваат средината.
Кога ќе се погледне поубаво, кога ќе се проанализира пошироко, може да се сфати колку се брилијантни тие планови на Флорентино. Ги доведе Крос и Хамес летово, за да играат на позициите на Ди Мариа и Кедира. Логично дека играчи од таков калибар нема да прифатат да бидат резерви. Исто како што нема да ги прифатат смешните понуди од клубот за нов договор. И при сето тоа, се јавува незадоволство кај играчот и на крај испаѓа дека сам сакал да замине од Мадрид. Сетете се само на Иско од минатото лето, на целата таа фама, на одбивањето на клубот да му даде нов договор на Озил и за целата ситуација со германецот. И ќе сфатите дека ништо тука не е случајно, исто како што не е случајно ниту со Ди Мариа, ниту со Кедира.
Кога беше збор да се продава Пипита, играч на Калдерон, во Мадрид секој ден меѓу медиумите се пишуваше за нов напаѓач - Ибра, Фалкао, Кун, Кавани, Суарез....речиси секој ден медиумите ги носеа во Мадрид. Ефектот беше успешен, заедно со одбивањето на клубот да му даде нов договор на аргентинецот. Кратко потоа тој замина. И пазете сега - никакви пишувања за нов напаѓач, ни трага ни глас од него, иако многумина фанови го бараат. Ама затоа што Бензема е засилување на Флорентино. На сличен начин ќе се прави простор и за новите засилувања на Реал ова лето. Колку е само тешко да се избалансира сета оваа ситуација, да се доведат правите имиња, да се задржи конкурентноста на тимот, а истовремено да се реализираат бизнис и политичките планови на Флорентино, знае веројатно само тој и неговите најблиски соработници. Едно е сигурно, после длабока анализа и поврзување на работите, многу нешта може да ви станат појасни.