Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Да играше Ди Мариа место Џејмс, ќе ги тепавме поубедливо. Мислим дека ќе беше фер да игра Ди Мариа, ако не како стартер, барем како резерва да му дадеше шанса. Сепак, со тоа што го направи во финалето и тоа како заслужи да игра на Супер Купов. Педерски потег, многу.

Иначе нормално е да гледаме вакви партии од Џејмс. Нов е, без доволно тренинзи со Реал, со сосема нова улога од тоа што го играл до сега. Ја има истата улога како Ди Мариа, е сега како ќе се снајде ќе видиме.

Иначе Крос...ИГРАЧИШТЕ!

И да, нека ни е честита првата титула, да се множат!
 
Утакмица на место. Задоволен сум јас од цел тим. Мака ќе мачиме со Џејмс, ама ајде, дај боже да ме разубеди. На побитни утакмици би играл со 4-3-3 со Лука, Крос и Чаби/Кедира, па во зависност од резултатот да смени во 4-2-3-1 со Џејмс, а за во полесни лигашки мислам дека тимот ќе изгледа многу слично на овој со 2 деструктивци.
Коентрао си беше на место, иако за најпекол утакмиците би го играл пред Марсело. Денес оваа не беше толку страшна, сепак Севиља е.
Шо па јас распраам, видов во финалето кој е кој. :D
 
кој господски потег му го направи Чаби Алонсо на Платини хахах па и така му требаше..
 
Ај нека се множат... :)

И да, Крос игра како да целата негова кариера ја поминал во Мадрид, значи уште првиот пат кога се слушнаа шпекулациите знаев дека ќе биде перфектно засилување за нас и еве уште на првиот натпревар тоа се докажува.
 
Убав старт. Ќе почнам оф Крос кој одлично ја одигра позицијата на Чаби. Тука е добро што во случај на замена модрич/кедира, Крос си иде одма амф.

Џејмс овај Хамес малку се тресе уште у старт не знае кај тера али ваљда ќе се опрае.

Одбраната супер само малку дани потфрли на почетокот. Нападот си е супер.
И да Икер се разбрани одкако Лопез си замина.
 
Честито титула. Ако некој досега заслужил да обрани титула во ЛШ, тогаш тоа е овај тим на Реал. Ама тешко тоа ќе оди.

Како заклучи жити се дека „заслужи“ ?! Уште не е почната сезоната во ЛШ, заслужил. :tapp::facepalm:
 
Нека се множат, Бејл изрина човече каков ѕвер е. Крос изигра одлично за прв официјален натпревар, бејбифејс имаше малку трема ама кај и да е ќе му помине...сепак игра покрај својот идол Роналдо :D
 
Каква средина имаме + измени :drk::drk::drk::drk:
Вчера беше малце глупо што не влегоа во игра Ди Мариа и Кедира а во ЛШ финале играа, логика никаква. Им дава шанса на Иља и Иско пред Ди Мариа и Кедира, со кој мозок??? Мислам дека не се глупави Ди Мариа и Кедира да прифатат да греат клупа:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom