Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
ElNinho уште чекаш јак противник за да го процениш мистерот? :icon_lol:

Не ли глеаш дека сум му заштитник ко Зидан шо му е на Безвеза? :icon_lol:

Шта речи, коју послуку порати, премногу има да се пише ако фатиме озбилно да го анализираме Карлито...

Барем се потсетивме на сезоната со Пелегрини, коа не знаевме што играме, ама барем тогаш паѓаше по некој гол...
 
отварам сметка за средства да собираме за атентат на Бензема.
И се надевам додека собереме Карло ќе си оди и нема да има потреба пак да собираме.
Чао,поздрав.
 
отварам сметка за средства да собираме за атентат на Бензема.
И се надевам додека собереме Карло ќе си оди и нема да има потреба пак да собираме.
Чао,поздрав.
Него кажи ти ќе частите ли вие што упативте сингл кец у кец? :D
 
Него кажи ти ќе частите ли вие што упативте сингл кец у кец? :D

парите ги заборавив ради нервоза од играта...
Иначе беше на голови,не кец у кец :D
Oд Реал беа тие пари,по нив си отидоа.јбг :D
 
Барем се потсетивме на сезоната со Пелегрини, коа не знаевме што играме, ама барем тогаш паѓаше по некој гол...
Па да по некој до 102 со 96 бода 3 помалку од Барселона, вака ни до 50 не стигнуваме.
 
Колку само го тупите секој ебан натпревар со Бензема, демек сите се поарни од него само он нема појма.


Не е само тој, ама тој е најмногу. Нема врска, само се плетка, не се отвара, незнај да прими топка, незнај дупли пас... едноставно незнам и не ми е јасно како можи ваков клуб да си дозволи 9ката да ја носи ваков играч. СРАМОТА!
 
Не ли глеаш
Барем се потсетивме на сезоната со Пелегрини, коа не знаевме што играме, ама барем тогаш паѓаше по некој гол...

Сериозен си?!
Со Пелегрини имавме барем она што од почеток го сака веѓата,убав напаѓачки фудбал со многу голови,сега ни мал дел од тоа немаме а да потсетам дека и тогаш Озил не беше во екипата плус со Пелегрини освен ЕлКласико другите дербиа ги игравме солидно...

Мене ова повеќе ми личи на Интер после Мурињо,Озил е Пандев во случајов,Мурињо е уште Мурињо и си игра нерешено со Тотенхем:D
 
Не е само тој, ама тој е најмногу. Нема врска, само се плетка, не се отвара, незнај да прими топка, незнај дупли пас... едноставно незнам и не ми е јасно како можи ваков клуб да си дозволи 9ката да ја носи ваков играч. СРАМОТА!

абе немој вака... он е најдобриот напаѓач на светот ала роналдо вистинскиот (y)
 
Дејан Блажевски>Бензема
Али публиката како го свиреше Карло ко го изваде иско за мората.Сите очекуваа дека Бензема че го вади :tapp:
 
Абе мисле ко сезоната на Пелегрини у поглед на тактиката, кога ни самиот тренер не знаеше што играме и во поглед на форсирањето одредени играчи „од горе.“.

Овде додуша Карло можда знае шо тактика игра (сеа не знае али ај да го одбраниме малце), ја игра неговата тактика која се заснова на одбраната. Арно ама у тимов тоа е невозможно, пошто одбраната е срање... Реал мора играта да ја заснова врз средината и крилата, таму сме најдебели а и најквалитетни.

Лудост е Роналдо да го играш внатре и Иско да ти биде крило.
Лудост е играта по страна да ја засноваш врз бековите, од кои еден е Арбелоа кој и да се издрогира не може да покрива цела страна цел натпревар.
Лудост е заради тоа форсирање на високи бекови, цел товар позади да им го дадеш на неодговорни луѓе ко Пепе и Рамос.
Лудост е Модриќ да не ти биде мотор на тимот.
Лудост е Иљараменди да го пикнеш у огин после 2 повреди заредом.
Лудост е Бензема воопшто да добие повик за натпревар...

ПРЕМНОГУ проблеми има Анчелоти и наместо да ги решава еден по еден он си додава уште проблеми и дилеми... Така едино шо ќе видиме е газот на Коентрао ако му ги соблечат шорцевите пак.

Не знам, ја со самото заминување на Мурињо ги намалив осетно очекувањата од тимов. По назначувањето на Карло и гледањето на пријателските (тие што имав можност да ги гледам) уште повеќе, за веќе да пред секој меч очекувам во најдобар случај една килава победа.

Значи, не му ја судам филозофијата на Карло која се заснова на добивање поени и со ненаметлива игра, но тоа со овој тим (односно со одбраната што ја има овој тим) е невозможно да донесе резултат.
 
Јас незнам што добивте повеќе во Анчелоти од Мурињо, според мене Анчелоти е старомоден тренер, кој што ако наумил нешто пред утакмица тоа ке го спроведе и на терен, но ако истото не иде или ако е прочитан како вечерва нема ништо да смени, ке прави некои измени без некои тактички померувања, цела утакмица нема да даде ниту една инструкција само ке гледа и ако прозбори со судијата, стварно човекот од некои играчи може да извади 200 посто, но во поглед на тактика е катастрофален, додека беше во Челси, Фергусон неколку пати направи магаре од него.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom