Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Нема шанси да е толку, си гледал сигурно само за во еден правец. :) Јас сега гледав баш за во тој период кога се игра натпреварот, излегува околу 9080 денари, тргаш на 26ти јули, се враќаш на 29ти..
Да да гледам сега изгледа во еден правец беше тоа на фб реклама го видов .
 
туку јас планирам пред наредните избори да одам, таман ќе си купам карта во еден правец за назад бесплатен превоз ќе пуштат :ROFLMAO:
 
абе тоа кладилниците ја ебават работата ,иначе до сега ќе одев..иначе да,500 евра ти треба некаде..имам правено муабет со другарче со 500 евра е бил на Бернабе (5 евра тура за прошетка) + 6 дена во Мадрид.А за меч со тие послабите екипи карата планирај си 50-70 евра на средна висина некаде..(има и по 30 евра,ама ти треба и 50 евра за двоглед и исто ти испаќа :D :D )
 
Мурињо вчера за прв пат после 5 месеци ги имал на располагање на тренингот сите 25 играчи.

Повикани за со Сарагоса (утре 20:00, la Romareda):
Голмани: Диего Лопез, Адан, Хесус.
Одбрана: Рамос, Пепе, Арбелоа, Албиол, Марсело, Коентрао, Карваљо.
Среден ред: Kaка, Кедира, Алонсо, Есиен, Каљехон, Ди Мариа, Озил, Модрич.
Напад: Роналдо, Бензема, Игуаин.

Поради техничка одлука не се повикани Касиљас и Варан.
 
Се надевам дека ќе изиграат кака и марсело барем по едно полувреме за да се види како се со формата , за бразил играа добро . Браво за моу што му текна да им ги остави начо и мората на кастиља кога веќе не ги игра во лигата :D
 
Чисто од досада..состав за со Галата

Лопез
Арбелоа--Рамос--Варан--Коентрао
Модриќ-Кедира-Алонсо
Озил-Роналдо
Хиго
стрелците ќе ви паднат во очи :D :D
 
Чисто од досада..состав за со Галата​
Лопез​
Арбелоа--Рамос--Варан--Коентрао​
Модриќ-Кедира-Алонсо​
Озил-Роналдо
Хиго
стрелците ќе ви паднат во очи :D :D

Никако со 3ца во средина, со ваква формација може да се излезе на втората утакмица во Турција, ако во среда извадиме поволен резултат. Повеќе сум за стандардната 4-2-3-1 со Роналдо и Ди Мариа по крила и Озил во средина. Да се тргне од старт напаѓачки и да се извади добар резултат. Зашто на Бернабеу ако не извадиме добар резултат, во Турција ќе биде тешко.. многу тешко и тоа. Да не примиме гол само во среда.
 
епа баш за тоа..со 3ца средина им ја зимаме средината ,што значи нема шанси да примаме гол(без индивидуален кикс) и со освоена средина ,Реал е 90% од времето до 16м на противникот..се виде со УТД од кога влезе Модриќ....пошто Моу прво нешто што го прави на таквите натпревари е да не прими гол,па после да даде..
 
Абе ајде, Галатасарај не се на ниво на Манчестер Јунајтед.
Ги плескаме и на двата натпревари (4-0;0-4) со четири погодоци на Роналдо и Пипита.
Cao, prijatno. :*
 
епа баш за тоа..со 3ца средина им ја зимаме средината ,што значи нема шанси да примаме гол(без индивидуален кикс) и со освоена средина ,Реал е 90% од времето до 16м на противникот..се виде со УТД од кога влезе Модриќ....пошто Моу прво нешто што го прави на таквите натпревари е да не прими гол,па после да даде..

Ако игра Модрич на таа позиција ќе има многу подефанзивни задачи отколку на натпреварот против Манчестер. Веќе ако игра Модрич подобро би било да игра на местото на Озил, а Озил да игра како крило. Средината можеме да им ја земеме и со двајца (Чаби Алонсо и Кедира), така да сепак мислам дека Мурињо ќе излезе со 4-2-3-1 формација, таа стандардната.
 
Нема потреба да се компликува за овие. Стандардна формација и кога ќе дадеме 3 гола може да се вратат во 4-3-3, измена Пепе/Варан - Озил/Марија.
Инаку ова ќе бидат мечевите кај што МОРА да проработат Ди Марија и напаѓачите. Едноставно мора. Со таква топло-ладна форма не се надевајте дека ќе минеме полуфинале. Ова ќе им биде шанса да влезат во форма.
Се надевам утре дека нема да има никакви повреди, макар и мечот да го изгубиме со 2 гола разлика.
 
Варан не е во комбинација за вечер, имал мала повреда. Најверојатно Моу го чува за Галатасарај.
Сакам вечер Марсело да го видам на терен макар и 5 мин.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom