Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
555099_577551785618375_1157258238_n.png
 
Примети некој разлика у играта на Игуаин? Ја приметив, и тоа голема :)
Далеку поподвижен, далеку посигурен во додавања, далеку подобри градења и создавање простор за шут, далеку подобар прием на топка...Само нека продолжи.

Модриќ ни донесе свежина и уште кога се повреди Ди Мариа, реков ајде сега Модриќ. Ама кога видов дека Кака влага у игра...

А за Диего Лопез имам само :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Вака дечки,
и покрај победата некако не сум задоволен со играта на момците. Мило ми е шо победија и се тоа,ама никаква игра немавме,на моменти ни Роналдо не можев да го гледам у контра како се влече,не додава него сам шутира како да неќе да даде гол -.- Башка го немаше цела утакмица али ај јебеш га прв пат се враќа -.-
Според мене МОМ е Лопез. Звер само толку ќе кажам.

Нека плачат колку сакаат овие,али се глеа дека кармата е курва како нас проив Барса у 1/2 финале шо не оштетија а и за нивнот Веб е ова..
Поздрав,

Хала Мадрид!
 
Некој имаше во фан клубот што викаше дека Модриќ не било правото засилување во Мадрид или грешам?????
Диего man of the match
Роналдо floop of the match
 
Ајде честито, Модриќ нигде го нема цела сезона, ама еве го сега.
 
МНОГУУУ СУМ ВОЗБУДЕН ДА СИ ЕБАМ ТАПАНОООТ HALAAAAAAAAAAAAA MADRIDDDD
--- надополнето: 5 март 2013 во 23:15 ---
МНОГУУУ СУМ ВОЗБУДЕН ДА СИ ЕБАМ ТАПАНОООТ HALAAAAAAAAAAAAA MADRIDDDD
 
А иначе, Рамос бе ?!!?!!!:tapp::pos: Онде имаше време и кафе да свари, да тибам рефлексот глуп
 
Примети некој разлика у играта на Игуаин? Ја приметив, и тоа голема :)
Далеку поподвижен, далеку посигурен во додавања, далеку подобри градења и создавање простор за шут, далеку подобар прием на топка...Само нека продолжи.
Тотално се согласувам.Една од најдобрите ако не и најдобра утакмица на Игуаин,штета што првата утакмица телето беше прв состав.
Роналдо вечерва незнам дали емоции го маваа премногу,ама освен голот кој реши се,другото беше грешка до грешка.Од прием на топка,па све до лоши контри и неколку неискористени шанси.
Коентрао добар,Варане просечен,Озил момент оф меџик при вториот гол,Алонсо и Кедира просечени.
Никад не сум мислел дека Диего Лопез е во право кога бараше да биде во првиот тим,ама се премислив,секоја чест мајсторе.
Најпромашениот трансфер блесна кога највеќе треба,не само со голот вечерва туку и минатата со Фарселона.Најдоброто од Лука допрва доаѓа.
Црвениот можеби и не беше црвен,ама секој што играл или знае што е фудбал знае и што значат крампони во стомак и што значи ѓон.Посебно ми се смешни фановите на барселона кои заборавиа дека Пепе доби директен црвен за слична ситуација,само што оваа на Нани имаше и тоа каков контакт,а да не спомнувам тоа што Нани очигледно знаеше што го чека па лежеше 10 минути и глумеше повреден.
Перфектна па по перфектна недела неможе да биде за нас,сега мирно само обсрв до следната утакмица во која се надевам дека ДиМариа ќе може да игра,а и Касиљас да грее барем клупа на право место.
!ХАЛА МАДРИД!
 
Штета за Диего што се родил во времето на Касиљас, дефинитивно заслужуе да биде прв голман на Реал. Секоја чест за него, ама Касиљас неможе никој да го замени.

Иначе Рамос ја продолжи традицијата, застана рамо до рамо со Иеро и Елгера кои во 2003 си постигнаа по еден автогол кога заврши 4-3 :D
 
Па да му ебам бељата, имаше време да одреагира дури и да расчисти да ја шутни, како ја пикна в гол :facepalm:
 
Иначе Бејл го гледал натпреваров вечерва на Олд Трафорд што уопште не е чудно:D
 
Да бидеме искрени, да не беше црвениот картон, кур што ќе поминевме! :D

Не, шала настрана али Манчестер ги држеше конците до црвениот картон. Ферги постави одлична дефанзивна тактика, и главната цел - да ги спречи контранападите на Реал му успеваше. Дури и кога напаѓаше Јунајтед, позади остануваа доволно играчи и Реал иако проба 4-5 пати да направи контра, секогаш имаше двајца играчи на Јунајтед повеќе од на Реал.

Исто, и кога Реал ја имаше топката, се беше одлично затворено, се виде дека со удвоен Роналдо и нерасположен Озил ништо не правиме, а повторно се виде и дека цела сезона се влечеме без асален шпиц кој не знае да се извлече од офсајд замка и да створи шанса. Значи Игуаин беше океј, но по крилата, у шеснаесетникот беше слаб, ма да тоа и не било негов стил на игра некогаш.

Одбраната просечна, Арбелоа и Конетрао прелазна отцена, имаа и грешки но имаа и фантастични интервенции. Е сеа стоперскиот тандем... Рамос играше добро, но ете бидна тоа што се плашев, ужасен кикс, не смее тој да си дозволи така да реагира.

Варан мислам дека ја одигра најслабата партија сезонава. Многу паничен, несигурен, лесно го претрчуваа, несвојствено за него.

Исто Алонсо според мене имаше лош натпревар, особено у дефанзива. Ако со Барса царуваше, сеа обратно. Сепак, неговото движење помагаше да ја изнесеме топката, у офанзивните задачи солиден.

Кедира стандард, трчаше ко коњ, овојпат ги немаше тие негови уфрлања у шеснаесетникот на противникот од причина што беше прегусто, а претпоставувам и наредбата му била да не истрчува напред без потреба.

Озил слабо.... И тој против Барса беше одличен, сега ме разочара со флегматичноста на моменти. Ди Марија солиден до повредата, Роналдо просечен, но ете, го даде решавачкиот гол.

За Игуаин споменав. Кака просечен, ништо посебно не покажа, Модриќ одличен! Факт е дека човек повеќе многу значи у вакви натпревари али Лука растури!!! Баш се надевав дека тоа ќе биде изненадувањето на Мурињо у второ полувреме (очекував место Озил или Ангеле), бидејќи го познава англискиот фудбал, се виде дека му легна утакмицава. :D

Најдобриот за крај! Диего Лопез царе !!! Играч на натпреварот, какви одбрани во клучни моменти! :cuc:

Тоа е тоа, го поминавме можда најсилниот противник што можеше да ни се падне. Давајте ги сеја Јувентус да ги плеснеме !!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom