Да бидеме искрени, да не беше црвениот картон, кур што ќе поминевме!
Не, шала настрана али Манчестер ги држеше конците до црвениот картон. Ферги постави одлична дефанзивна тактика, и главната цел - да ги спречи контранападите на Реал му успеваше. Дури и кога напаѓаше Јунајтед, позади остануваа доволно играчи и Реал иако проба 4-5 пати да направи контра, секогаш имаше двајца играчи на Јунајтед повеќе од на Реал.
Исто, и кога Реал ја имаше топката, се беше одлично затворено, се виде дека со удвоен Роналдо и нерасположен Озил ништо не правиме, а повторно се виде и дека цела сезона се влечеме без асален шпиц кој не знае да се извлече од офсајд замка и да створи шанса. Значи Игуаин беше океј, но по крилата, у шеснаесетникот беше слаб, ма да тоа и не било негов стил на игра некогаш.
Одбраната просечна, Арбелоа и Конетрао прелазна отцена, имаа и грешки но имаа и фантастични интервенции. Е сеа стоперскиот тандем... Рамос играше добро, но ете бидна тоа што се плашев, ужасен кикс, не смее тој да си дозволи така да реагира.
Варан мислам дека ја одигра најслабата партија сезонава. Многу паничен, несигурен, лесно го претрчуваа, несвојствено за него.
Исто Алонсо според мене имаше лош натпревар, особено у дефанзива. Ако со Барса царуваше, сеа обратно. Сепак, неговото движење помагаше да ја изнесеме топката, у офанзивните задачи солиден.
Кедира стандард, трчаше ко коњ, овојпат ги немаше тие негови уфрлања у шеснаесетникот на противникот од причина што беше прегусто, а претпоставувам и наредбата му била да не истрчува напред без потреба.
Озил слабо.... И тој против Барса беше одличен, сега ме разочара со флегматичноста на моменти. Ди Марија солиден до повредата, Роналдо просечен, но ете, го даде решавачкиот гол.
За Игуаин споменав. Кака просечен, ништо посебно не покажа, Модриќ одличен! Факт е дека човек повеќе многу значи у вакви натпревари али Лука растури!!! Баш се надевав дека тоа ќе биде изненадувањето на Мурињо у второ полувреме (очекував место Озил или Ангеле), бидејќи го познава англискиот фудбал, се виде дека му легна утакмицава.
Најдобриот за крај! Диего Лопез царе !!! Играч на натпреварот, какви одбрани во клучни моменти!
Тоа е тоа, го поминавме можда најсилниот противник што можеше да ни се падне. Давајте ги сеја Јувентус да ги плеснеме !!!