Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Најјакиот Реал во историјата (сезонски) проследен со најслабиот Реал во историјата со истиот тим + некое засилување.

Затоа што fuck logic.
 
Очекувам кај да излези на интернет дека Мурињо си дал оставка!
А сега.... време е да си поиграме со лампионите на страницава и да компонираме една песна за Мурињо.
 
Не е интересно да сте олку песимисти бе:mad:ANIMO
 
184415_449821701743877_252691392_n.jpg

само ова ми е мило што го видов,не бев сигурен дека касиљас уште навива за реал

И може ли една утакмица да се случи роналдо да остане на клупа или тој сите утакмици ги игра добро
 
Ај ако може некој да ми остави линк да го симнам првиот дел од возвратната утакмица од купот против Барса, од почетокот на сезоната. Пошо само тоа ми остана во добро сеќавање од сезонава.
 
Во живо од пресот на МОУ, веднаш по поразот од Малага, одговори на некои од новинарските прашања (мој избор):
- „....Касиљас од технички причини беше на клупа. Тоа беше мој личен избор. Јас сум тренер. Така?Јас и моите асистенти одлучивме дека Адан требаше да брани и не е крив за ниеден гол....“
- „Недостижна е разликата во овј момент. Лани ние бевме во предност сега се тие. Има уште да се игра. Тоа е се` фудбал“
- „Од што да се плашам!? Зошто да се плашам за себе? Фудбал е тоа. Фудбалот е фудбал. Фудбалот не е Меморија. Знаеме дека се смета се` што правиш денес, а не вчера. Не се смета колку титули си освоил, туку што си направил денес. Така да, немам зошто да се плашам“
- „Не, не сметам дека проблемот беше во промената на голманот. Проблемот беше глобален, во целата одбрана.“
- „Им реков на фудбалерите да се мирни, да си одат дома. Тие си ја завршија работата како што треба. Без нервози, да си ги поминат празниците“... и си стана и си замина од Пресот.
 
Кога ќе помислам само дека нападот на Манчестер е дупло поопасен од овој на Малага :facepalm:

Прво полувреме не мрднаа Малага. Реал со две 100% шанси за гол, и двете ги промашија.
Второ полувреме Пелегрини го уби по Мурињо на тактички план, проследено со очајната игра на одбраната. Кедира кривец за првиот гол, Пепе за другите два.

Друга работа Чаби Алонсо и Арбелоа не функционираат веќе. Реал губи повеќе со тоа што ги игра нив отколку придобива. Колку повеќе Модриќ го интегрира во тимот и побрзо толку подобро. Мора да ја направи таа промена во средината. Зборам за оваа сезона, налето кој сакаат нека го купат само да ги сменат.
Трета работа, Бензема или Игуаин еден од нив аут и да се донесе нов напаѓач. Џабе е да се чекаат уште 5-6 години додека проработат како што треба.
Четврта работа да се растури дуото Пепе-Рамос. Процентот на глупо примени голови е смешен за дуо кое се стреми да биде најдобро во светот. Едниот е глуп другиот е без мозок.

Џабе е веќе што и да се пише за овој Реал. Едноставно кулирајте кога ги гледате утакмиците. Отишла в јабана сезонава.
 
Накратко, според мене...Ништо, ама баш ништо нема да придобиеме ако сега Мурињо си замине. Сепак, ако тимот може да се опорави тој може да го стори тоа најдобро.

НАЈВАЖНО е, играчите да си ги чукнат главите и да си ги средат егата. СЕКОГАШ егото на тренерот мора да е поголемо од тоа на играчите, макар тоа бил и Икер и свети Икер.

Касиљас МОРА, доколку е прав капитен (а е, не се сомневам во неговата посветеност) и да биде пордрзок кон „надворешниот свет“ а не да биде дрзок кон неговите.

Според мене, ова со изоставањево на клупа може да делува само позитивно врз него, и ако е прав мотиватор, сега е редот на него да се среди и да ги среди соиграчите како прав капитен.

Пишав и пред некој ден, у сета оваа ситуација сум на страната на Мурињо. Сеуште.
 
Колку што е до Мурињо толку е и до играчите, а уствари и не е толку крив што се однесуваат како телиња
 
Мурињо: Немам намера да си заминам. Немав ни такво нешто на мисла ниту пред овој меч, ниту по мечов.

Одлуката да го оставам Икер на клупа беше техничка. Некогаш и голманите се менуваат.

Денеска НЕ загубивме заради промената на голманот, туку заради лошата игра на останатите играчи.
 
Ауууу бруки невидени , со ова темпо можеме да бидеме трети четврти ама во втора лига .
Адан - Богатинов подобро ќе избрани(на ваква утакмица касиљас втора постава :facepalm::facepalm::facepalm:)
Поради Есиен паднаа два гола
Роналдо тапа на утакмицава а и на претходните вака не се зема златна топка па се лути меси бил подобар ,па подобар е 100%
Неможам за сите да пишувам ама сите се тапа
Мурињо бе кај ти е умот алоооооооо и сеа ќе излезе и ќе рече:некој во тимот не сака да игра :facepalm:!!!!
Се на се тимот очигледно не функционира

Најлошо сценарио :
Нели треба да има избори за претседател во Реал во март април кога се незнам да не противкандидатот на Перез има некоја мучка направено па да не играат играчиве ко шо треба (сите за пари зинати се) па да ги награди после кога ќе биде претседател.
 
^ Само коа губат се избори и пари у питање, и мурињо е крив, не бива он играл и трчал
 
Мурињо: Немам намера да си заминам. Немав ни такво нешто на мисла ниту пред овој меч, ниту по мечов.
ХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХААХАХАХАХАХАХАХАХ
Или јас не сум информиран или Мурињо стварно е Абрамович во Реал.Пола од ова да го направеше друг тренер до сега ќе беше 3 пати избркан
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom