Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Sto sakate vie polemizirajte, ama edna rabota ostanuva nejasna.
Kako e mozno prakticno so ist tim od lani, da bideme tolku tapa sezonava vo sekoe natprevaruvanje? Zimi eden vozvraten natprevar vo Super Kupot na Spanija sto gi razbivme Barca (pa duri i togas spicovite pak ni bea za zalenje), drugovo e se boranija. Mizerija.
Ne e valjda deka se prezasitija od titulive? ...pa i ne se malce za tri godini , eden kup, edna liga, i eden super kup. :eek:
 
Може и ние да сме си добри исто како минатите сезони, али другите тимови да ни ја имаат научено тактиката ? Трета година на Мурињо, ниедна новина нема вметнато, освен чат пат кога ќе му текне да заигра со тројца ДМ. Па пробај нешто ново мајка му стара, стај ги Озил и Кака заедно (до душа играа вака кога Ди Марија беше повреден и тоа одлично функционираше), стај го Роналдо шпиц зад него Озил, Кака и Ди Марија. Пробај друга формација со некои послаби тимови, 3-5-2 на пример со тројца копачи назад (Варан, Рамос, Пепе), а по страните нека шпартаат Ди Марија и Марсело, понапред од нив Роналдо и Каљехон, и така натаму.. Имаме преголем ростер и може да се испробаат милион варијанти, само сега ќе тепаме некој лесен тим 3 - 0, и ќе мислиме дека се е океј, и после тоа ќе ни дојде некој добро склопен тим ко Дортмунд, ќе ни се деси тоа од синоќа и тогаш сваќаме дека некои работи треба да се менуваат.
 
Абе не заебавајте Гетафе ни ја прочитале тактиката а!? :)

Главен проблем е физичката неспремност. Едноставно споредете натпревар од лани со некој од сезонава веднаш ќе приметите. Лани пресинг игравме по цело полувреме, сега едвај 10 минути трчаат и толку. Имаше невидена течност на акциите, сега се удираат еден у друг и се сопнуваат на прав пат.

Тоа е проблемот во нападот и јас сум уверен дека ќе се реши за 2-3 натпревари. Но баш кога ќе се реши пак ќе не „сецне“ паузата за репрезентации и пак може да има лош ефект.
 
Кога веќе Игуаин и Бензема не функционираат можеше да го игра Каљехон на нивно место како главен шпиц и да го зачува Роналдо на неговата посакувана позиција. Да се овие двајца на клупа едно 3-4 утакмици ќе се чукнат во глава да почнат да играат.
Колку и да го нејќам Кака мораше пред Озил да игра после игрите со Бразил. Ваљда планират да го продадат зимото.
Не ми е јасно како планира да го интегрира Модриќ во екипата. На чие место ќе игра? Тотална енигма ебааго. Си има замислено средина со Чаби и Кедира, формација 4-2-3-1 и не отстапува од неа. Мораше да смени нешто во играта едноставно. Глупо ми е да го испушти и Модриќ како што го испушти Сахин. Преголеми таленти се да заглават во таква ситуација. Ситуацијата со Модриќ не ми се гледа дека иде на добро, прерано да зборувам за тоа ама ако беше земен за нечија замена ќе играше само на таа позиција. Овака место Кедира, место Озил, место Чаби, на крај ќе грее клупа или ќе иде во Ливерпул :facepalm:.
Пишав и во ЛШ темата, мислам дека го губи допирот Мур, или пак и воопшто го немал во Реал, не ми е јасно.

Во вчерашната утакмица имаше некоја чудна поставеност на играчите. ДиМарија многу малку помагаше во одбраната. Беше многу напред. Кога ни напаѓаа Дортмунд се браневме само со 7 играчи. Другите 3 спиеја негде на средината па не можевме топка да изнесеме во тие зачестени напади на Дортмунд кои траеја по 4-5 минути.
Згора тоа што игравме без бекови, ама имаме кадарни играчи во средината за да сврземе два паса. Не е до толку очајна работата како што испадна...
Како ја започна сезоната Пепе беше најдобар централен бек во светот. Сега е на ниво на Сквилачи од Арсенал. Не ми се верува каква грешка направи. Оваа му е втора во важна утакмица сезонава. Рамос е просек целава сезона и не покажува знаци на живот и освен да направи груб фаул неможе да одземе топка, читање на игра нула.

Добра работа од сево ова ( ако има нешто добро :place:) е што сите овие глупости се случуваат на почетокот на сезоната. Имаат време и простор да се поправат и да се вратат на старите патеки. Еве сега ова е вистински предизвик за екипата. Да се вратат и да победат се до крај. Имаат скоро се, нема веќе простор за грешки.
 
Не ги вртете ко фановите на Барса муабетите, демек се заситиле играчите. Човечкото око никогаш не е заситено. Така да, секогаш може подобро. А згора на тоа немаме ни нешто посебно освоено за да се заситени момците. Проблемот лежи во сите 3 полиња. Значи кај што е нестабилна одбранава, има и тројца повредени бекови. Касиљас не е сигурен како што знае и не е секоја утакмица на посакувано ниво. Константност никаква.

Средниот ред. Незнам веке кој играчи ни се среден ред, само Кедира и Чаби ако се, онда ке разберам дека двајца неможат да се носат со згуснато квалитетна средина на еден Дортмунд. Ама Озил и Ди Марија што се тука, па и Кристијано ? Е тоа не разбирам, за да биде поквалитетна средината мислам дека вината треба да се бара во оваа тројка од пред нив која мора напорно да работи за да функционира средниот ред беспрекорно. Тоа нивно лошо играње автоматски ги влече нашите двајца разгалени напаѓачи да се влечат по терен, а не да го вршат пресингот како што правеа лани.

Да не зборам па за нивната реализација. Едниот дава гол од 10 пати, другиот пак ни дава ни ништо, изиграва плејмејкер. Ги растрчува останативе. Значи не е проблемот во една карика дефинитивно. Мурињо па неможе да тактизира као што рече Sanlker. Тоа ако почне, уште по првата утакмица сите ке се жалат како на -8 не смее тактизирање, бла бла. Можеби нешто минимално, но да става 3CB или значително различна формација од оваа стандарднава, не бива.

Као и да е, сите од прв до последен треба да си ја чукнат главата и да се освестат со време, дека победите се остваруваат заедно и за сите победи заедно се борат. Неможе сите да се надеваме дека Крис ке помине 5 души и ке дава гол така секоја утакмица, или дека Озил ке бележи по 2-3 одлични асистенции.

Ако за нешто го обвинувам Мурињо е затоа што не видов нешто значително да превземе. Со оглед на околностиве, мора некако да се реагира, нека ги седнува на клупа полека полека. Еве на пример остај ги Озил и Ди Марија нека влезат од клупа, да видиме како ке раздвижат игра. Или пак пушти ги Игуаин и Бензема да вршат максимален пресинг едно полувреме, потпомогнати од тројката зад нив. Стави го пак Варан наместо Рамос/Пепе. Нека тактизира на ваков план малце. Барем него го бива.
 
Само едно да мени и се че биди подруго.
Мислам дека е време Мур да ја смени тактиката и да прекини да игра преку Роналдо, Озил прима топка и дај му ја на Роналдо. Цело време ова го гледав против Дортмунд, а Роналдо на секоја утакмица е маркиран со 2 играчи. Лани беше подруго, лани Озил и Ди Мариа го отепаја со Топки, али топки за гол, а не топки за Роналдо да ја прави акцијата.

И Икер да се врати онај храбриот, кога внозе му се фрлаше 1на1 ситуација.
И да се врата Марсело и Кедира.
И че мела.
 
Патем, забележавте дека Варан го пикна Левандовски во џеб на утакмицата?
Освен поклонот од Пепе овој не мрдна. Кога ќе ми текне дека се водеше дискусија во темата за најдобар центрафор некој го величеа како најдобар, а овој малиов не му даде да мрдне.
So much win, само уште партнерот да му беше поприсебен. :place:
 
Кај замина играчов? :eek:

Кое играчиште беше таа сезона и покрај катастрофалната сезона. :cuc:
Абе гледај му ја брзинана на 0:11, сега олку брз можеш само да го видиш ако го пуштиш на Мах ТВ на х2 брзина. Неможе да го помери гзон сега...
 
"I really admire Mou, but playing [Michael] Essien at left-back [rather than a youth player] sends the wrong message to the club's youngsters."

- Guti.
Овој туку ќе се јави од некаде... и за најдобар играч вика дека за него е Меси али работата била што играл во барса ...
Утакмицата ја изгубивме на средината а не заради есиен ... изигра добро во одбрана и кој и да било млад бек ќе играше назад немаше да оди во напад како марсело што прави .. изгубивме од кога излезе кедира ..
Сите беа контра мене за Модрич кога викав дека не е дораснат да игра во реал .. тие викаа дека ќе ги спречувал нападите знаел да задржи топка а од она што го гледам освен Кедира и Алонсо немаме друг играч способен на тоа ..
 
Имаш видено профил на Модриќ како играч или само го тресна ова онака.
Точно дека фалеше одбранбен среден играч ама да го обвинуваш Модриќ за нешто што не може да го прави најнај не ти држи вода. Кога пробаше да организира напад тоа го правеше сосема добро и колку што можев да забележам изгуби само една топка при градењето на акцијата. Од друга страна и самиот знаеш дека играта на Реал се базира на крилата каде што Роналдо и ДиМарија ја губеа топката многу често особено ДиМарија кој отвори 5 контри најмалку.

И да голот падна од нафрлување на страната на Есиен, а Модриќ и Алонсо беа сконцентрирани на таа негова страна со што се отвори простор за Шмелцер да шутира. Поголем дел од работата ја вршеа нивните бекови, кои често се уфрлаа во нападот највеќе заради тоа што крилаа нивни ги покриваа по нашите крила а Геце го експлоатираше просторот помеѓу Роналдо и Есиен кој беше доста голем. Геце и Ројс двајца екстра добри техничари немаа проблем со Есиен при отворањето простор за Пишчек да нафрлува топки во нашиот шеснаесетник, впрочем типот им ја олесни работата со правење погрешни проценки при спречување на напад 40 метри пред нашиот гол, со што се виде од авион дека не е за лев бек. Есиен мораше да игра на тој натпревар, меѓутоа не како бек туку во средината.

Единствено што ми падна чудно од тој натпревар беше тоа што Мурињо не направи ништо да го поправи тоа. Прилично чудно за стратег од тој ранг. Уште во 50 минута се гледаше на која карта играат Дортмунд а овај мртов ладен.
Нападот колку толку даде еден гол. Одбраната е таа што игра несериозно на вакви утакмици. И двата гола можеа да се спречат и паднаа по грешка.

Сори за долгиот пост, ако не напишам нешто повеќе не ме бива :(.
 
Само нека се опорави Кедира ќе скапи на клупа како Кака и модрич .. сеуште си стојам на ставот дека се фрлени џабе парите за него .
 
Само нека се опорави Кедира ќе скапи на клупа како Кака и модрич .. сеуште си стојам на ставот дека се фрлени џабе парите за него .
Точно дека нема да игра место Кедира бидејќи не се ист профил на играчи, а Кедира е потребен многу.
Ама сеуште е прерано да зборуваме за него. И јас пишав погоре дека тотална енигма ми е за каде е земен да игра. Згора на се цело лето немаше тренирано асално, сигурно има проблем и со кондицијата сеуште.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom