Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
tumblr_m0dq6zCHHQ1qez8rro1_500.gif
 
Добро им е голманчево на Еспањол, Кико Касиља... според презимето можете да препознаете од чија школа потекнува. :X3:

Наше дете е, беше со Мата, Негредо, Гранеро, Каљехон во Кастиља :)
 
Прославата на Роналдо...со 10те прсти :) Цар!
 
Сеа го читам муабетов на дебелото. Значи увек се жалат од тоа шо Еспањол играл мотивирано против нив, а не се замарале против Реал.
 
Факти за натпреварот Реал Мадрид - Еспањол

- Од 14ти јануари Игуаин немаше гол за Реал Мадрид, кога погоди против Мајорка. Сега, со новите 2 гола, веќе има 16 во Ла Лига, и покрај долгата апстиненција.
- 5та и 6та асистенција за гол на Кака оваа сезона. Сепак, бразилецот е сеуште далеку зад Озил, Ди Мариа и Роналдо, кои се први асистенти на тимот
- 8ми натпревар на Реал сезонава во кој дава 5 или повеќе голови
- Еспањол е омилената жртва на Игуаин во Ла Лига. 9 голови во 10 натпревари.
- Исто така, Пипита се израмни со Хуанито како 15ти стрелец во историјата на Реал Мадрид во Ла Лига
- со овие 5 гола, Мурињо го надмина Бујадин Бошков, и се најде на 7мата позиција како тренер чија екипа постигнала најмногу голови во Ла Лига
- 5ти гол во Ла Лига сезонава за Кака, од кои 4 беа постигнати на Бернабеу
- Прв гол на Кедира во Ла Лига. Веќе стрелаше во Копа и ЛШ, но ова беше првенец за него во Ла Лига
- И откако Кедира стрелаше, Реал има веќе 14 стрелци во Ла Лига
- Кристиано Роналдо се израмни со Мичел со по 97 голови, на 12тото место на најдобрите стрелци на Реал во Ла Лига
- Еспањол сеуште нема постигнато гол против Реал откако Покетино е тренер на оваа екипа. Гол разликата е 21-0, на 7те натпревари на кои Покетино го водеше тимот.
- Од сезоната 78/79, Реал секогаш му дава гол на Еспањол на Бернабеу
-Последниот триумф на каталонците во Мадрид беше во сезоната 95/96, со 1-2.
 
И сеуште неможам да сватам шо е финтата со Сахин.. Чоеко не е ни на клупа а е здрав прав. Знам дека верувавте оти Мурињо нејчел да го клава оти било рано или Сахин се плашел да влези во дуел.. овие муабети ми се глупи мене. Млад Професионален фудбалер кој шо лани беше прогласен за најдобар во Бундес се плашел да влези во дуел оти бил повреден 5 месеци :eek: Нешто друго е овде во прашање, можи беше земен од некој друг не од Мур па сега не го игра оти не му ни требал незнам, само сакам да кажа шо е стварно работата и ако мисла да не го игра да му најда нов клуб и да не го уништуваме детето. Е така :D
 
Тоа е бе мојот Мадрид што го сакам, тоа е. ДОМИНАЦИЈА!! Секој напад шанса, секој напад опасност за противникот, одбрана стабилна( после Карваљо кој беше и единствениот слаб синоќа),едноставно перфекција.Немам ниедна забелешка, би го издвоил Кака, не знам после кој знае колку време гледам онаков Кака, без да се мисли иде у спринт ги брише сите пред него, ете и сам си створи акција за гол. Пипита колку да ги затвори на хејтерите и да потврди дека тој е Пипита Игуаин. Две голчиња својствени за голгетер и една одлична асистенција за Роналдо, кој како и секогаш расположен за игра.(y) Хала Мадрид.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom