Факти за натпреварот Реал Мадрид - Еспањол
- Од 14ти јануари Игуаин немаше гол за Реал Мадрид, кога погоди против Мајорка. Сега, со новите 2 гола, веќе има 16 во Ла Лига, и покрај долгата апстиненција.
- 5та и 6та асистенција за гол на Кака оваа сезона. Сепак, бразилецот е сеуште далеку зад Озил, Ди Мариа и Роналдо, кои се први асистенти на тимот
- 8ми натпревар на Реал сезонава во кој дава 5 или повеќе голови
- Еспањол е омилената жртва на Игуаин во Ла Лига. 9 голови во 10 натпревари.
- Исто така, Пипита се израмни со Хуанито како 15ти стрелец во историјата на Реал Мадрид во Ла Лига
- со овие 5 гола, Мурињо го надмина Бујадин Бошков, и се најде на 7мата позиција како тренер чија екипа постигнала најмногу голови во Ла Лига
- 5ти гол во Ла Лига сезонава за Кака, од кои 4 беа постигнати на Бернабеу
- Прв гол на Кедира во Ла Лига. Веќе стрелаше во Копа и ЛШ, но ова беше првенец за него во Ла Лига
- И откако Кедира стрелаше, Реал има веќе 14 стрелци во Ла Лига
- Кристиано Роналдо се израмни со Мичел со по 97 голови, на 12тото место на најдобрите стрелци на Реал во Ла Лига
- Еспањол сеуште нема постигнато гол против Реал откако Покетино е тренер на оваа екипа. Гол разликата е 21-0, на 7те натпревари на кои Покетино го водеше тимот.
- Од сезоната 78/79, Реал секогаш му дава гол на Еспањол на Бернабеу
-Последниот триумф на каталонците во Мадрид беше во сезоната 95/96, со 1-2.