Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Братот освои се на клубско ниво, Јунајтед му даваат поголема плата и искрено ич не ми е криво што ќе си иде, има доста фудбал во него сеуште ама тука се Чуамени и Камавинга и би требало да сме покриени добро на таа позиција.
Реал уште еднаш докажува за каков тим станува збор, ти даваат понуда играчот одлучува и толку е без никакво големо натегање.

Па криво ми е искрено. Страшно уиграна тројка со Модриќ и Крос, не знам како би изгледал сега тимот без него. Колку Чуамени и Камавинга би биле достојна замена за Касемиро.

Али скроз ми е разбирлив потегот и не смее да му се замери. Ова му е веројатно последна шанса да лапне богат договор во атрактивен клуб. Ја искористи.
 
Лошото е што не го губиме Касемиро само како фудбалер кој беше круцијална алка во екипава последниве сезони, туку губиме е голем Мадридиста.

Тоа е што е, има премногу дадено за клубов нека му е со среќа во Јунајтед. Како и да е време е да се менуваат пополека староседелците ви екипава.

 
Па криво ми е искрено. Страшно уиграна тројка со Модриќ и Крос, не знам како би изгледал сега тимот без него. Колку Чуамени и Камавинга би биле достојна замена за Касемиро.

Али скроз ми е разбирлив потегот и не смее да му се замери. Ова му е веројатно последна шанса да лапне богат договор во атрактивен клуб. Ја искористи.
Прашање на време е само кога и Крос и Модрич ќе бидат сменети, ова само ќе го забрза тој процес...искрено макс им давав наредно лето за да почне реконструкцијата на средината ама со идењето на Касе веројатно ќе почне побрзо, знаејќи дека чика Перез не сака баш "старци" во тим...не верувам дека и Крос ќе го продолжи договорот после ова.
Во меѓувреме има светско и доволно време да се одбере играч/и кои би биле замени...а секако Реал стои доста добро финансиски и фала богу е доста атрактивна дестинација за сите фудбалери сеуште.
 
Си ги израмња сметките Хозе Санчез за трансферот на Чуамени. Париве од Каземиро идат за Мбапе 2024, да си знаете чисто.
 
Чуамени солиден, добро ја чита играта, неколку пресечени топки а и знае да игра со топка. Како играше првото полувреме ммислам дека ќе биде достојна замена за Касемиро.

Без Касемиро ќе преживееме некако но што ли ќе правиме кога Модрич ќе реши да си оди... :place:
 
Добар Чуамени, падна гол откако украде топка. Ги убивме на контри, иако не играат така лошо. Да го имавме и Мбапе немаше да биде фер.
 
Колку само физички спремни играчи имаме во тимов... Менди, Алаба, Милитао, Чуамени, Винисиус и Валверде би одиграле уште еден натпревар од 90 минути без проблем.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom