Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Секој различно ја гледа оставката на Зидан, некој смета дека се повлекол во вистински момент некој смета дека кукавички потег напрај, со самото то шо го изгради за краток период ќе беше под огромен притисок и од страна на клубот внтрешно и од надвор (новинари, навивачи...) зато шо се навикнаа на успех и после секој кикс ке се креваше прашина а да се задржи ова темпо многу тешко, така да кој и да дојди како негова замена ќе има огромен товар. Венгер не го гледам како тренер на Реал, старката не можеше на крај со Џаковци Вилшеровци да излези не со ликови како Рамос, Роналдо, Бензема и Марсело.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Зизу е фудбалска легенда не Реал и Јувентус, сега е и тренерска легенда на Реал. Еден од најдобрите играчи што со моите години ги фатив да играат фудбал.

"Проблемот" во Реал е тоа што секоја година се очекува титула и доколку ја нема тренерот се брка одма. Тоа сите го знаат, а Зизу најдобро си го знае тоа. Од Октомври летаат изјави дека ако не ја освои ЛШ ќе го бркаат, епа ја освои и си замина како господин. Фудбалот е спорт, и неможе секогаш да се освојуваат титули.
САФ беше децении во Јунајтед заради тоа што го направи со тимот, Венгер исто така пушти корени во Арсенал. Зизу освои три последователни титули во ЛШ, тоа нема никогаш ниеден тим, ниеден играч и ниеден тренер да го повтори.
Перез требаше да изјавува после одбранетата ЛШ и освоената примера лани дека ќе остане Зизу на клупата уште 10 години дури Реал и да не освои ниедна титула (а Реал за 10години секако ќе освои некаков трофеј).

Сите легенди на Реал што јас ги паметам така завршуваат, Раул продаден, Касиљас продаден, Р. Карлос продаден. Само Зизу како играч остана до крај во Реал.
 
Последно уредено:
Во Италија инсистираат дека Сари ќе ви биди нов тренер :)
 
34386804_10160414475370524_4024589428155482112_n.jpg


Си отиде детево....

Карим...
 
Зашто бе не можам да ги најдам на YouTube филмчињата за La Decima, Undecima и Duodecima со англиски коментатор?
 
Зашто бе не можам да ги најдам на YouTube филмчињата за La Decima, Undecima и Duodecima со англиски коментатор?
и јас ги барав, не ги најдов на англиски...случајно ако најдеш со англиски превод, иначе мислам дека само на шпански јазик ги има..
 
Овој од Сосиедад десниов бек Одризиола или како и да се чита да го ебам, али многу би било паметно да го прибереме.
 
Овој од Сосиедад десниов бек Одризиола или како и да се чита да го ебам, али многу би било паметно да го прибереме.
Па одамна е на радар тој . Ако не се лажам читав дека имале некој контакти зимата плус клаузулата му била околу 35-40м..
 
Мислам дека заради него се поставува бината за претставување, ќе биде првиот потпис на Реал за новата сезона, а договорен е уште од зимоска. Во однос на тренер, се поголема е веројатноста дека ќе завршиме со Алегри.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom