Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
И 10 пати да губат од Атлетико ,ништо не го заменува скокањето и радувањето од Лисабон..посебно 93 мин..

Пуштете си клипче,присетете се,уживајте малку...
А у меѓу време да се надеваме Перез да го остави на Карло сам да си го прави составот,и да имаме добри резултати,а не да го гледам Хамес како се губиво теренот,Бензема како не знае да направи обични фудбалски потези што ги прават деца од 10год и да се нервираме тука :D

Поздрав
 
Освен што ги напаѓате насекое, не е лошо да спомните дека Атлетико имаат СТРАШНА, СТРАШНА одбрана. Играат зонско маркирање и позиционо се страшно поставени. Нема само ние да го јадиме од овие, ќе видите ЛШ што ќе прават пак !
 
Освен што ги напаѓате насекое, не е лошо да спомните дека Атлетико имаат СТРАШНА, СТРАШНА одбрана. Играат зонско маркирање и позиционо се страшно поставени. Нема само ние да го јадиме од овие, ќе видите ЛШ што ќе прават пак !

Е ова..Атлетико игра страшно добро во одбрана ,разбирам дека вие сте фанови на Реал Мадрид и си гледате само за вашиот тим но ако гледавте пореално ќе заприметевте дека ниту еден играч на Атлетико не одпаѓа на дупли пас или пак на долга топка,сите можни воздушни дуели ги добиваат и плус се добро технички потковани..Тиаго,Коке,Ѕуран,Габи,Хуанфран..сите овие играчи изиграа ѕверски вчера како и на секој натпревар..Реал голот го даде поради индивидуалниот квалитет на Роналдо бидејќи невозможно е одбраната на Атлетико да дозволат да отпаднат на брзи пасој или пак гол од прекин..е сега се случува некогаш како Рамос во Лисабон ама сепак нема смисла да се деградира успехот на Атлетико
 
Xabi Alonso for Bayern Munich:

Games: 2
Man of the Match: 2

Real Madrid since Alonso left:

Played: 2
Lost: 2



плачете вие пак по Д.Марија...
 
http://ekipa.mk/kasiljas-jas-sum-prviot-shto-treba-da-se-obvini/

Еве ви изјава и од Касиљас. Спијте мирно :)

Колку сакаш брани го, знајме дека е легенда и се, ама ова веќе е претеризам.

Една статистика само шо ќе ти долови можеби нешто: Последните 30 удари кои оделе во рамки на голот, Касиљас примил 22 гола, 2 пати била погодена стативата и 6 пати успеал да одбрани.

Знајме дека не е за сите крив ама ...
 
Кога ги гледам ман утд како се враќаат во живот а ние тониме и тониме...
Ај можда ќе дојдат и нашите 5 минути..
 
Кога ги гледам ман утд како се враќаат во живот а ние тониме и тониме...
Ај можда ќе дојдат и нашите 5 минути..
Не само они и Интер и Милан се вратија у живот со половни играчи :D
 
Не е проблемот во Икер..Гледам го напаѓате човекот без потреба..Икер неможе да отиде напред и да дава голови,да креира шанси и да шутира..Ние имаме проблем со средниот ред,и со нападот..Модрич го видовте ли некаде синоќа,и Бејл исто..Се трудеше сиротиот Хамес да направи нешто,ама кога не оди не оди..Ди Марија беше играчиште прва класа,со Роналдо имаа фантастична соработка на теренот..Еве,ќе дојде Навас да брани,и што??Пак ќе имаме 0 реализација,Бензема ќе продолжи да промашува како синоќа,не ми е јасно зошто толку го форсираат,кога нема појма.Плукаме по Перез,ама пред 4 месеци ја освоивме 10-тата титула у ЛШ,да не беше тој ништо..Не значи дека ако Хамес зема плата од 10 милиони евра по сезона,и дека е добар фудбалер..Тешки да не ги дадеше тие 5-6 гола на светското,да си останеше Ди Марија..Без Алонсо,средниот ред е сирење..Па гледам шанса на Илараменди ќе му давале,тоа од лошо на полошо оди..Најдобрите играчи ги продадовме,а наводната замена за нив уште не е уиграна..
 
Анчелоти : "Мораме брзо да се опоравиме , не чека следниот натпревар во вторник"

"Ова не е добар почеток на сезоната слично како и предходната сезона, но сепак ова е само почеток на сезоната . Уверен сум дека заедно ке ги поправиме работите , треба да останеме мирни"

"Плакаме долгови поради ситните грешки кои ги направивме.
Има моменти во фудбалот кога работите не се одвиваат најдобро. Атлетико практично имаше само два напада и тоа е тоа"

Падовите во вторите полувремиња: "Мислам дека тоа е проблемот кој моментално го имаме, мора да го анализираме и поправиме , првото полувреме го одигравме добро исто како и на Аноета но во вториот дел играме лошо"

Свирежите кон Касиљас: "Не слушнав свирежи, бев концентриран на натпреварот. Јас сум овде да следам како мојот тим игра а не да слушам што публиката има да каже, кога примате гол на прва статива тоа е грешка на голманот"

Позицијата на везните фудбалери: "Имам големо искуство со тоа, играв во Милан со Пирло и Сидорф кои се офанзивни везни, овде Ди Марија и Модрич го играа тоа , настојувам да правам рамнотежа со квалитетни фудбалери и тоа ја прави разликата"

Прекините: "Трениравме како да ја покриваме првата статива, но направивме грешка и тоа не уништи во остатокот од натпреварот.
После погодокот одигравме многу добро и дадовме се од себе да го решиме натпреварот во првиот дел но на крајот тоа не кошташе многу"

Проблеми во системот: "Немаме проблеми со ситемот кој го користиме , го познаваме многу добро. Некои фудбалери морaат да се навикнат на него. Имавме проблем во нашиот пристап и интезитет во второто полувреме исто како и на Аноета и тоа е главниот проблем а не системот на игра"

Рамос и Арбелоа : "Рамос е централен дефанзивец и верувам во таа негова позиција . Измената ја направивме затоа што Арбелоа доби жолт картон , се бореше одлично и добро ги одработи 75 минути, во потполност сум задоволен од играта на Арбелоа
 
Ди Марија си искина денеска поштено, да им го дадеме Роналдо нека ни го вратат Ангеле :icon_mrgr:
 
Само не ми е јасно матер им ебам до кога со тие центаршутеви кон Бензема... цела игра ни се состои на центаршутеви од Арбелоа и Коентрао кон Бензема и Роналдо.
 
Само не ми е јасно матер им ебам до кога со тие центаршутеви кон Бензема... цела игра ни се состои на центаршутеви од Арбелоа и Коентрао кон Бензема и Роналдо.

Центар шутевите се добри,Роналдо кон Бензема синоќа добра топка упати,само тоа коњот смрден го погоди голманот..Таа топка да влезеше, утакмицата ќе беше многу по различна..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom