Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Во 2 минути се се сруши, како кула од карти упм. Кои утакмици ги пропушта Роналдо?
 
Игравме сезонава без Роналдо и си газевме, keep calm :)
 
keep-calm-and-trust-carlo-5.png
 
Како што приметив и Модриќ наеба, се држеше за препоните.
Е без него ќе завршиме работа.
 
Кој кип калм бе идиотов на клупата падна на уште еден сериозен тест. Ја сериозно сумљам дека сме во можност да ги тепаме Барса и Атлетико со овие тактики. Кога го гледам постот што го напишав вчера ми иде да си пукам у колено, играа само против послаби екипи, дојде Билбао и им еба матер.

Утакмицата иде на сметка на Карло и само на Карло. Мораше да спрема подобра тактика против овие и со подобар состав на терен.
 
Проблемот е што премногу пичкарски влегуваат во тешки утакмици, не можат да се носат со притисокот. Прво полувреме беа ко муви без глави, не можат да неутрализираат екипи кои играат висок пресинг, ја даваат средината ко на тацна и чекаат шанса од контри, а и контрите се што да ти кажам, грешка до грешка. Второ беа поорганизирани, и да не се испичкаа на почетокот, верувам дека можеа да ги добијат. Али тоа е, Роналдо доби незаслужен црвен. ЈА само не знам што е работава со Телето, да не се ебе со спонзорите па мора до 80 та минута да се влече на терен, ужас невиден. Не заслужува да се бави со фудбал професионално а не па дрес на Реал да носи.
 
И дај не плачите сега, остајте го Карло. Против Атлетик никој не може да се изнаигра, со таков пресинг тешко е да имаш игра како што сме навикнати да гледаме од Реал. Против многу екипи го докажале тоа. Барса, Манчестер се само едни од екипите кои не можеа да се справат со таков стил на игра. Башка што кога играат против поголеми екипи се напалени како мајмуни.
Добра му беше замислата на Карло. Знаеше дека Билбао уште од старт ќе тргне со тој пресинг и ваљда планот му беше у прво полувреме да не се прими гол. Таков пресинг не можеш да играш 90 минути, а Карло го чекаше моментот кога ќе паднат малку физички за да го искористи тоа. И тоа му успеа.
Е сега, после тоа следеше онаков фушерски гол, па после тоа и црвен картон и се знаеше дека терористиве ќе додадат уште повеќе гас. Бидите среќни што не ни бапнаа уште еден.
Единствено му замерам за ваѓањето на Хесе. Бензема мораше да иде на клупа, со Мората и Хесе ќе имаше кој да брка на средина а и далеку побрз ќе беше нападот.
 
Јас сум задоволен и од игра и од се, со оглед против каков пресинг се одигра, голот не се бранеше такво нешто нема никаков поглед на топка. Црвениот прича о себи, и тоа е што се случи. Следно коло сме секако втори :D
 
Хмм, не е крив, а планот му бил да не прима гол во прво, т.е. да се одбрани од пресингот?

Колку што знам веќе 10 утакмици по ред се браниме тоа прво полувреме. Второ ако дадат гол арно, ако не здравје има наредна утакмица. Тоа ми звучи како добар тренер за Реал што знае што прави.
Наредните со Атлетико и Барса исто така ќе се моли прво полувреме да не прима гол за второ да се изморат од пресингот па ќе чека шанса од контри, па и Баерн во ЛШ ако ни дојде, сега како посвежи Шалке и така натаму.
Човекот е изгубен на секој посериозен натпревар, незнам што е толку тешко да се види.
 
Изгледа само ја сум задоволен од нерешениот резултат. Цел месец Јануари бевме без примен гол, врзавме 9 победи во низа и време беше и ние да направиме еден кикс, неможеме цело време да победуваме, среќни треба да бидеме само што во исто време и Барса изгубија. Шанси за титула имаме, на Сан Мамеш (свака част на навивачите, ги мрднаа нашите, мислам дека Хесе на почеток се помочка малце во гаќи, али успеа да се извлече од тоа), на таков пресинг каде што знаеме како играме ние под пресинг успеавме да заводиме. Многу глуп гол примивме, после тоа терористите испровоцираа, добивме црвен и се виде дека Анчелоти ќе се задоволи со нерешено, што е и сосема нормално.

Барса не ги гледам веќе како конкуренти за титулата, они се бетер и од нас. Со Атлетико Мадрид ќе се бориме до крај и пресудно ќе биде 1/2 финалето во Купот. Ако успееме да ги избациме и да ја добиеме психолошката предност за дуелот од лигата кај нив на гости ќе биде одлично. Барса дома ќе ги згазиме, во тоа не се ни сомневам.
 
Хмм, не е крив, а планот му бил да не прима гол во прво, т.е. да се одбрани од пресингот?

Колку што знам веќе 10 утакмици по ред се браниме тоа прво полувреме. Второ ако дадат гол арно, ако не здравје има наредна утакмица. Тоа ми звучи како добар тренер за Реал што знае што прави.
Наредните со Атлетико и Барса исто така ќе се моли прво полувреме да не прима гол за второ да се изморат од пресингот па ќе чека шанса од контри, па и Баерн во ЛШ ако ни дојде, сега како посвежи Шалке и така натаму.
Човекот е изгубен на секој посериозен натпревар, незнам што е толку тешко да се види.

Чекај, ајде врати го малку филмот па пиши пак. Во тиe утакмици каде што тепавме по 1-0, имавме уште 5-6 100% шанси за гол. Тоа што Роналдо промашуваше зицери, не е крив Карло.
И пак ќе ти кажем, размислите малку пред да зборите. Реал во последниве 22 дена има изиграно 9 утакмици. Тоа му доаѓа скоро утакмица на секои два дена. Сега почнува и ЛШ, се игра Примера, се игра куп секоја недела. Не очекувајте дека ќе играме со полн гас и ќе ги мелеме противниците, затоа и гледаме победи од по 1-0/2-0 во последно време. Мора да се штедат силите, не е работата наполни ги Леванте, Малага и остали, а кога ќе дојде главното каде што треба да се стегнат заби, нашиве да не можат да одат по терен.
 
Исто бодови со Барса, 3 помалку од лидерот Атлетико, епа дами и господа време е притисокот да падне на градските комшии и да видиме како они ќе се справат, дали ќе бидат добри како што беа додека следеа или ќе почнат да бидат несигурни сега кога се водачи на орото.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom