Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Benzema-hair.jpg
Deal with it.
Иначе дајте му шанса на Карвахал. Прва утакмица му е, сигурно за џабе не е прогласен за најдобар десен бек лани у Германија.
Бензема.. Не знам зошто не ја искористат ситуацијата со Фалкао. Анчелоти е донесен да се освои ЛШ, а не гледам како со Бензема и Мората како единствени шпицови тоа ќе се оствари. Друго, гледам сугерирате Роналдо да игра шпиц. ПОГРЕШНО! Јасно им е и на првачињата дека тој не е таков тип на играч што ќе чека Озил/Иско/Ди Марија/Шумуликовски да му набаци и он да забие. Секако, асистенции се добредојдени, ама знаеме дека Роналдо сака да игра со топка, да дрибла, да шутира од далеку.. Штета што не влезе шутот у гол коа ја здрви пречката.
Друго не знам што да кажам што вие веќе не сте кажале. А да..
969578_276285015845818_719684261_n.jpg
 
многу сакаа да направат нашите (ради комшиите 7-0) и на крај ништо не направија од преголемата желба..иначе на истиот состав да играше Мората прва ќе беше многу подруго...
А и да,нз што кур на нашава управа ќе трескат по 120 мил за 1 играч а ги испуштија Кавани,Фалкао,Суарез......абе каде со тоа дрво ќе одиме ние? толку ли се слепи бре? ццц
 
Кога ги гледам Торес и Бензема како играат фудбал, си мислам дека и ја може да почнам да се занимавам со истото...
Исти квалификации имам...
Не знам да врзам дупли пасови, не знам да се позиционирам, катастрофална завршница имам...
Али ке трчам за тимот...
за 175.000 неделно...

Агент да не ти треба :icon_lol:
 
Многу различно од она што се играше во подготовките. Се гледа подобрување во играта на средината во поглед на пас игра и некој пресинг меѓутоа подложни сме на контри дури и повеќе од ерата на Мурињо.

Засега очекувам Касемиро да игра наместо Кедира, и Ди Марија наместо Озил. Озил има страшна визија за пас ама што фајде кога го става на крило. Како и Бензема и тој изгледа незаинтересиран и не помага во дефанзивата. Може да се дозволи еден или двајца играчи да не вршат дефанзивни работи ама не сите тројца во офанзивната линија, не изедоа на контри. Кедира едноставно не може да игра како заден везен засега и ќе си грее клупа доколку не научи. Не верував дека ќе испадне нешто од Касемиро поради историјата на неговиот трансфер меѓутоа засега многу подобро решение за таа позиција.

Многу недостатоци во играта вчера. Верувам дека Карло и Зидан ќе работат да се среди ситуацијава и очекувам промени на првиот состав наредната утакмица. Во ситуација во која Озил игра како крило со двете раце би го прифатил Бејл да игра наместо него.

http://www.marca.com/2013/08/15/en/football/real_madrid/1376582286.html :cuc:
 
Бензема ќути си дупи си тактика си игра. Нема шанси да го видиш него да тресе зелени дека е нешо незадоволен, што му носи предност. Клубовите сакаат такви тивки играчи шо не се бунат премногу. А Мората колку и да се труди, колку и да е талентиран сепак го нема потребното искуство за да биде прв напаѓач. Можеби следната сезона, али оваа (со оглед на амбициите на клубот, а тоа е Ла децима) тешко. И не разбирам, кога Игуаин се повреди Мурињо го донесе Адебајор (јбг, тој беше достапен тогаш), сега го нема Пипа а замена нема. Значи не да се крпи нападот додека да се врати повреден играч (што е првиот случај), туку цела сезона со два шпица. Не знам како ќе тераат али не сум преголем оптимист.
 
Special who?
Терминатор на клупа го имаме :pos:

article-2396702-1B5B8D23000005DC-901_634x428.jpg
 
Добро што беше со оково на Карло вчера?Сите у веѓа го гледате а никој не искоментира дека ко Халид Бешљич е:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom