Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Дајте да видам што било со тоа на Хесе ?
 
Ќе биде интересно со челзијашиве :vozbud:

Треба да се излезе со најјакиот состав да видиме до кај сме и што сме против квалитетен противник.

Нека го клонираат Касемиро 10 пати, за составот да изгледа:

- Касемиро1 -​
- Касемиро2 - Касемиро3 - Касемиро4 - Касемиро5 -​
- Касемиро - Касемиро6 -​
- Касемиро7 - Касемиро8 - Касемиро9 -​
- Касемиро10 -​
Па доџите да се играмо :pos:
 
Според Марка Роналдо го продолжил својот договор со Реал до 2018.
Ќе зима 17мил евра по сезона и ќе зима повеќе проценти од другите придонеси, до сега зимаше 60% а Реал 40%.
 
Мурињо почнува со своето курвинско понашање пак,очигледно дека во голема мера и до него било тоа што доживеавме неуспех последната сезона.Се раскара со Касиљас(со право),со Рамос,Озил,Пепе и на крајот со Роналдо кој беше најважен фактор за освојување на титулите со кои сега ќе се курчи претпоставувам.
Изгледа дека најдобар избор било да се избрка уште кога ја сјеба ЛаЛига начисто,а не да се чека крајот затоа што во соблекувалнта немало искри туку вулкан по се што излезе по заминувањето и непосредно пред него.И незнам што има сега да збори за Реал,за Роналдо кога тој Реал му веруваше и го остави да биде тренер по еден од најсрамните порази од најголемиот ривал,да не спомнувам колку и го уништи имиџот на клубот со глупирањето со Виланова.
Не ги заборавам титулите и радувањата кои ги донесе крајот на првата и цела втора сезона,ама едноставно нема што сега да плука,нека си ја продолжи таму романсата со русинот што ја остави кога го избркаа...
 
Мурињо нема лош збор кажано за Реал. Тоа што имаше недоразбирања и кавги во соблекувалната имаше. Секако дека се нарушува имиџот и угледот на Реал Мадрид поради ваквите работи меѓутоа колку Мурињо е крив за тоа толку и играчите. Не смееш ти да ги ставаш сопственото его пред екипата бидејќи имаш потпишано договор кој треба да го испочитуваш крајно професионално и да правиш како што ќе ти рече тој што е над тебе бидејќи тоа ти е во договорот. Тоа што и Мурињо како и некои играчи се однесуваа крајно непрофесионално тоа е нешто што се случува само во Реал Мадрид, не ги исклучувам другите тимови, меѓутоа кавгите во Реал се медиумски покриени како да станува збор за реално шоу ебааго.Ова со Мурињо се одвиваше повеќе јавно бидејќи е таков тип на човек кој не сака да трае и секогаш оди контра другите.

Верувам дека вакви кавги имало и порано откако почна да се користи галактикос проектот, така да голем дел од ова влијае директно и на резултатите на Реал особено во ЛШ каде сме смешни веќе неколку сезони. Знам дека голем дел зависи од тактиката на тренерот, меѓутоа доколку се случи да се одиграат 2-3 перфектни утакмици во кои сите играчи ќе одиграат на ниво не би требало да имаат потешкотии во освојувањето на барем една ЛШ во 10 години. Но реалноста е друга. Не памтам да е одиграна барем една утакмица во која немало ни еден кикс, особено од одбраната каде што веќе 10 години купуваме очајни просеци кои медиумите ги тераат до ѕвездите.

Во Реал Мадрид секогаш на крај го јадат тренерите. Не ми се верува дека од толку квалитетни тренери не се најде ни еден кадарен да освои ЛШ, што значи дека нешто шкрипи во играчкиот кадар отколку во она што се менува константно. И самиот Перез требаше да се свести до сега дека со купувањето на преплатени просеци не се постигнува ништо ама политиката за трансфери не се менува веќе 10 години.

Според мене Мурињо само чепна нешто што е труло одамна што ми го направи ќејф бидејќи можеби конечно ќе се открие проблемот во Реал кој трае веќе 10 години. Едноставно некои играчи го водат Реал одвнатре што е голем проблем за екипата. Тоа е процес што трае, така да не очекувам тоа да се реши одма, ама треба да санкционира дефинитивно инаку ќе биде доста тешко да дојдат до трофеј во ЛШ.

Она што го прави Мурињо сега е медиумска лична војна со играчите што го напиздија во Реал, меѓутоа не со Реал, а Мурињо секогаш го спомнува Реал во позитивен контекст. Едноставно го знаеме сите дека е малце зезнат во препукувањата во медиумите и неговата контроверзност така да исто ми се фаќа што и да каже бидејќи се му е џабе сега.
 
Бензема прав циган со тоа лајното на глава.

Riken
Дезинформација тоа дека Роналдо го продолжил договорот до 2018.
На прес ја демантирал таа информација, додал дека е среќен во Реал Мадрид и дека не сака да зборува за својата иднина.
 
Ај добар ден :)
Еј и јас слушнав за Кики дека се дезинформации, т.е се тоа е една добра реклама од страна на Марка се со цел поголема продажба да си имаат :) Но, кога навистина би станало збор за продолжување искрено не гледам причина зошто не би сакал. Како и да е, океј е сега за сега. Инаку иако не сум нешто активна, редовно си читкарам и можам да кажам дека според мене овие припреми ми немаат никаква поврзаност со сезонава што следи, затоа што на утакмициви колку и да изгледа се така убаво, од друга страна врз играчите и нема некој којзнае каков притисок, тоа е само да се види кој, што и до каде е. Искрено едвај чекам да почнат. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom