Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Денеска ќе биде интересно да се види играта пред натпреварот со Севиља, од овој мешан состав видов игра само на Класико, на ниеден друг меч не ми дадоа надеж дека можеме со Јунајтед, да ја видиме генералната проба, Есиен и Арбелоа се покажаа солидни, а и во одбрана се мн јаки. СО оглед на тоа што играта на Јунајтед се базира на крилата најдобро би било тие да стартуваат. Модриќ и Кедира дигаат форма од меч на меч па би требало да се главни играчи в среда, Алонсо веќе одамна е тапа. Што се однесува до нападот не знам како би се справиле со десната крилна позиција, Ди Мариа не е ни 1% од стариот а Каљехон не ми е за стартер некако на таков меч. Нападот очаен би му дал шанса на Пипа пред телето. Многу проблеми, се надеваме ќе се разјаснат мн работи вечерва пред најбитниот меч сезонава за нас. И давајте стрим за вечерва...

Хала Мадрид!!
 
Aбе баталете Севиља, прееска ја видов рекламата за ЛШ на МТВ... :vozbud:


Die Meister
Die Besten
Les grandes équipes
The champiooooooons! :vozbud:

уште од сега ме пука еуфорија... :vozbud:

Лани за реваншот против вас таа утакмица,толку адренал ме напука,мислам за цела година :vozbud:

ЛШ е правата ствар!!!
--- надополнето: 9 февруари 2013 во 21:14 ---
Опаа, со двете телиња напред, ќе има гозба (y)


:pos::pos::pos: Пост на месецот.....:pos:
 
Лани за реваншот против вас таа утакмица,толку адренал ме напука,мислам за цела година :vozbud:

ЛШ е правата ствар!!!

Ај па пак да не пука, у реванш на полуфиналето. :P

п.с. Кака обично у ваквите утакмици давал голови, играл јако. Пред 2 години кога ја декласираа Валенсија, исто и лани мислам дека пред утакмицата со Баерн изигра јака утакмица.

Би пробал со тип дека дава гол. :нинџ:
 
Calma calma !! ЦР7 фантастичен гол , за тие што не го видоа реприза на 13 ќе има :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom