Mourinho (02.03.11 - press): Не е точно дека се пожалив на распоредот поради лошиот резултат во саботата. Тоа го споменував и претходно. Лажат тие што викаат дека тоа ми е изговор за лошиот резултат. Живееме во свет на хипокрити. Следната недела има ЛШ. Valencia игра во среда, па во сабота. Barcelona игра во вторник и потоа во недела. Ако сакаш да бидеме хипокрити....
Мислиш дека тоа е нормално? Хипокрит си?... значи да.... ок, седи си со таа “нормалност“. Јас сум таков, секогаш сум бил и таков ќе умрам. Подобро ќе бидам боксерска вреќа отколку да не ја кажам вистината.
Јас сум тука. Утре пак ќе се појави некоја банда – “кукавици“ кои ќе ме нападнат, но јас ќе продолжам по патот на вистината.
Pellegrini ја кажа вистината, но не кажа дека е доволно да ја поминеш првата рунда во Copa del Rey и осмина финале во ЛШ за да бидеш најдобар. Викате лани ова време Real Madrid бил прв, со повеќе бодови и голови, но исто така е точно дека не беа во финале во Copa del Rey и дека мораа да мислат на пресврт против Lyon. За мене вториот во Liga е прв од последните. Не е важно дали имаш стотици бодови и 500 голови. Очекувам дека добро ќе го прими публиката на Bernabéu. Вратата од соблекувалната на мојата екипа е отворена ако Pellegrini сака да се поздрави со играчите утре.
Спореди ме со Pellegrini? Мене нема да ми се случи истото што и на Pellegrini. Ако утре Real Madrid ми даде отказ јас ќе одам во некој голем клуб во Англија или Италија, не во Málaga.
Утре мораме да победиме, иако можеби за тоа ќе треба да ризикуваме. Málaga е добра екипа, ќе се спаси од испаѓање. Има добри играчи, добар тренер. Тоа што немаме пораз дома не е никаква гаранција.
Зборувавме сите за повреда која траеше 6 месеци, но згрешивме затоа што всушност Kaká не игра 1 година и 6 месеци. Треба да продолжиме да го поддржуваме, фантастичен играч е и личност исто така, мора да го оставиме да влезе во форма. Од моја страна нема никаков притисок.
Cristiano ги изведува речиси сите слободни удари затоа што го прави тоа подобро од другите. Тоа зависи и од позицијата, има позиции за Ozil или Alonso, но Cristiano најдобро ги изведува.
Од сега па натаму, навредите ќе ги решаваме на друг начин, ова не е место за да зборуваме за тоа. Не сакав да те наречам хипокрит. Се извинувам.
Има клубови кои имаат поинаква стратегија за комуникација со медиумите, ги праќаат играчите а тренерот си седи мирно. Овде зборувам само јас, и ја имам поддршката од кубот. Тоа и вие го сакате, да зборувам јас. Не ви требаат моите играчи, доволно ви е тоа што јас ќе го кажам на прес конференција или кога ќе дадам некоја изјава за да наполните страници. Играчите ги имате после секој натпревар или во емисијата на Real Madrid TV. Доволно ви е тоа за цела недела.
И уште еднаш, сакам да бидам јасен. Му се извинувам на новинарот кој го нареков хипокрит. Не сакав да навредам никого.