Real Madrid's missing piece in the puzzle - why Nuri Sahin's recovery could be Jose Mourinho's key to beating Barcelona
Интересна колумна од гол.ком, јес да им е шит странава али често знаат да напишат вака добри колумни.
Изненадува тој факт колку трча, според некои сознанија без проблем во Германија трчал по 12 километри на натпревар, е сеа темпото во Шпанија е поразлично, али пак, тоа е одлично за млад играч како него. Според колумнава, Сахин ќе биде најважниот играч во битката против Барселона, баш на средината од теренот имаше многу дупки кога се браневме но и кога започнувавме напад од Икер, топката скоро секогаш идеше по страните, а играчите на Барселона го знаеа тоа и баш таму вршеа најголем притисок. Алонсо и Кедира/Лас се одлични играчи, но Алонсо не знае да издрибла 2-3 играчи, и тешко се открива и многу често под притисок праќа долги непотребни топки додека Лас и Кедира не знаат прецизно да ја додадат топката како што тоа го знае Сахин.
Сахин би требало да биде тој од кој што ќе почнуваат акциите, со самото тоа Озил не би требало да се троши и да се враќа назад по топката. Јас лично го гледам Сахин против Барселона во формација 4-3-2-1 или 4-3-3-, тројката во средина физички и тркачки моќна, Алонсо, Сахин, Пепе, а напред би биле Кака/Озил, Роналдо и Игуаин.
Чисто сумљам дека Сахин некогаш против Барселона ќе започне во формација 4-2-3-1, каде би играл во пар со Алонсо, без класичен деструктивец. За со помалите тимови тоа ми делува преодлично, али со Барселона тоа би било големо коцкање, прашање е колку гола ќе примиме, иако во нападот би биле страшни..
--- надополнето: Oct 14, 2011 4:46 PM ---
p.s Валдано денеска изјавил дека и тој е еден од кривците за заминувањето на Дел Боске од Реал, најголемата грешка на Реал во 21 век.