Одиме сега една детална анализа. Конечно победивме силен тим. Презадоволен сум, иако можеше комотно да им дадеме уште 2 гола. За Роналдо не знам што да кажам, што и да се каже е премалку, каков само играч е тоа, ма бог !
Икер - Добар, го одбрани она што требаше.
Арбелоа - Фантазија. Предобар, презадоволен сум од него, играше со срце за тимот иако знам дека не е класа за Реал, браво мајсторе !
Карваљо - Добар, сјаен, фантастичен, како сакате, нека продолжи само вака.
Пепе - Добар но несигурен, единствена грешка во натпреварот му е кога го остави Сидорф празен на десната страна, но добро.
Марсело - Доволно е да се виде само ланскиот натпревар и овој. Лани Пато си играше како сакаше со него, оваа година не се ни виде Пато. Во напад веќе како што сме навикнати, создаде неколку одлични ситуации.
Чаби - Фантастичен. Изгуби неколку топки (небитни), но трчаше, се трудеше, разигруваше, колку само пати треба да кажам дека му се восхитувам.
Кедира - И тој многу добар, одзема 534534643363645 топки, а многу малку изгуби.
Озил - Како само шмекерски игра, и како комбинира со Роналдо, тоа е чудо. После Роналдо најдобар, драго ми е поради него.
Ди Мариа - Не знам што да кажам, таман го пофалив, дека веќе не е толку себичен, испаѓа 1 на 1 со Неста, а доле Роналдо осамен, тој оди на дриблинг... Мора да ја поправи реализацијата !
Роналдо - Е сега доаѓаме до најдобриот. Па каков играч имаме во нашиот тим не сме свесни. Дека во некои ситуации е пичка не одрекувам, ама дека е мајстор на теренот, мајстор е. Колку само се трудеше, играше за тимот, па Миланезиве можеа да го сопрат само со фаул. Па тој гол, што би рекле шпанците "Que golazo", немам зборови, дефинитивно идол на оваа генерација.
Игуаин - Имаше две добри ситуации, но не ги искористи, посебно оној шут со глава, па да беше Ибрахимович во таква ситуација би го набил Касиљас сосе топка во мрежа. Не го задоволи мојот вкус. Воглавно се продолжува неговиот пост без голови против големите тимови... Али затоа викендов ќе им даде 3 на Сантандер. :icon_mrgr
На крајот кога ќе се погледне резултатот 2 - 0, се тоа изгледа рутински, дури требаше да биде и повеќе. Одбраната е бетон, Кедира и професорот Чаби сами ја држат средината, додека квартетот во нападот е толку квалитетен што како и да играат мора да создаваат олку шанси. Ништо ново, поминува и Октомври, а Мурињо не знае за пораз, гол разлика во ЛШ 5 - 0, после три кола.
Ова се моменти кога сум задоволен што сум Мадридист. Вечерва ќе биде навистина убаво да се заспие како навивач на Реал Мадрид. Лека ноќ на сите.