Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Со повредава на Гарај, излеа ќе му се исполни желбата на Мур да го игра Рамос како стопер. :)

А очигледно, неможе да помине лето без исполнета желба на Валдано (Перез). Озил е мнооогу блиску до Мадрид. Според мене ова е непотребно засилување.

Точно дека Озил дава повеќе тактички опции од ВдВ. Може да игра и како крило, каде што ВдВ е ограничен (да не зборам за Гранеро). Значи според мене, единствен минус во споредба со ВдВ му е помалото искуство, кое пак го има повеќе од Каналес. А и не дека неможат двајцата (Озил и Каналес) да играат заедно, ако овој на пр. игра крило. Е сеа проблемот тука е што веќе имаме три крила. Доколку дојде Озил, сигурно е дека во случај на повреди на Игуаин и Бенз, како напаѓач ќе се прекомандува Роналдо.

Е сеа јас повеќе би сакал да земеме трет напаѓач, него вака... некој млад како Нејмар или Лукаку, или некој искусен а поефтин.

Пак за Озил, иако сметам дека е непотребно и дека е уште еден луксуз на Перез и Валдано, би бил за негово само доколку се продаде ВдВ (или Гранеро). Иначе стварно би имале пренатрупаност на тие позиции.
 
Озил...:tapp: Какви играчи имаме на таа позиција, а ние купуваме ли купуваме. Преку глава више...

И мене не ми е јасно што ќе ни е Озил:toe:
Во средина имаме играчи за извоз а ние пак купуваме:nesum:
Со одбранава некако се средивме,додека пак не ми е јасно што мисли Мур со нападов:uvo:
 
се додека можеме треба да купуваме играчи кои заслужуваат да играат во реал е ок..на пример за мене марсело не е играч на нивото на Реал Мадрид но тоа е, не сме ние тие кои треба да кажуваме кои ке играат а кои не..
иако не ми се допага ,,фаца,,(едноставно ми е одвратен)тој е одличен играч..
треба да имаме составв исполнет со играчи кои во секој момент можат да влезат и
да го решат натпреварот а не како претходната сезона да остане без крилни напагачи и со рацете во џеп поради тоа..

едит:чисто сумњам дека ова е желба на Перез,,ако Моу не го сака Озил никогаш нема да биде првотимец..
 
g1608.jpg


Како и што реков, можно е трансферот да се официјализира уште денес. Вака исто пишуваше и за Кедира, и ете го во белиот дрес.

Реал ја зголемиле понудата од 9 на 14 милиони, Вердер има 48 часа да одговори на истата. Озил очекува дека ќе го напушти клубот набрзо.

40990_439746873000_28585173000_5052803_5400975_n.jpg


Денес е денот за Озил.

Е на чекор до Реал после последната испратена понуда. Побарал од својот клуб да не игра во Лигата на шампионите во Среда.

Мурињо: Ми се допаѓа Озил поради неговата поливалентност, т.е може да игра на повеќе позиции, баш као што кажа голубов. :)
 
Има нешто точно во ОВА или нашиве лошо превеле од некаде? Да се продаде играч за само 100 евра е смешно.:)
 
Има нешто точно во ОВА или нашиве лошо превеле од некаде? Да се продаде играч за само 100 евра е смешно.:)

Ништо чудно да виделе од нашиов фан клуб и одма го пишале :pos2: Еден член некоја страна поназад пиша го продадовме Тебар за 100 евра (на заебанција очигледно), а тие сфатиле озбилно :pos2: Ццццц што не ќе видиш...
 
Ништо чудно да виделе од нашиов фан клуб и одма го пишале :pos2: Еден член некоја страна поназад пиша го продадовме Тебар за 100 евра (на заебанција очигледно), а тие сфатиле озбилно :pos2: Ццццц што не ќе видиш...

НЕ МИ СЕ ВЕРУВА АМА ВИСТИНА Е!!!

Штотуку побарав на википедија и еве што најдов:
http://es.wikipedia.org/wiki/Marcos_Tébar_Ramiro


El 13 de agosto, se hacía oficial su fichaje por 100€ para tres tres temporadas por el Girona FC. :pos2:
 
Ништо чудно да виделе од нашиов фан клуб и одма го пишале :pos2: Еден член некоја страна поназад пиша го продадовме Тебар за 100 евра (на заебанција очигледно), а тие сфатиле озбилно :pos2: Ццццц што не ќе видиш...

Јас го напишав, и не се шалев ни малку... тажно но вистинито.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom