--- надополнето ---
El Madrid también se fija en Sergio Escudero
Според медиумите во Мурсија, заинтересирани сме за левиот бек на Мурсија, Серхио Ескудеро.
Серхио Ескудеро е млад шпански играч кој привлекува големо внимание како во Шпанија така и надвор од Шпанија. Откако Луис Филипе го напушти тимот на Ла Коруња речиси се беше готово Ескудеро да биде негова замена, но во последен момент во битка за неговиот потпис влезе и Шалке.
Сепак, Реал не изгуби надеж за неговиот потпис, и според медиумите во Мурсија, Аитор Каранка помошникот на Мурињо, веќе бил во преговори претседателот на Мурсија Исус Сампер. Истиот тој медиум вели дека Реал би можел да понуди 2,5 милиони евра.
Агентот на играчот изјавил дека преговорите се прекинати, но се чини дека понудата од Шалке била финансиски најдобра, па Ескудеро би можел да му стане соиграч на Раул наредната сезона.
--- надополнето ---
La apatía de Benzema preocupa a Mourinho
Мурињо загрижен за Бензема. Медиумите деновиве интезивно ја прателе работата на Мурињо и Бензема во Лос Анџелес.
Наводно, Бензема во текот на натпреварот против Кастиља само трчал по теренот избегнувајќи допир со топката, и не се ни трудел нешто да постигнел, поради што неколку пати имал сериозни разговори со Мурињо.
Според пишувањата на АЅ, Мурињо одлучил дел од тренингот во Лос Анџелес да му го посвети на Бензема, и секој негов добар потег бил наградуван со аплауз од соиграчите, а Мурињо извикувал "Да, тоа е Бензема." Ваквиот пристап кон играчите е доволен доказ дека Мурињо сака да го врати Бензема во форма. Некои тврдат дека секогаш кога Мурињо поминувал покрај него му давал знак на охрабрување, други па тврдат дека Мурињо е во потрага по нов напаѓач.