Да се надоврзам на оваа вест...Според медиумите во Мурсија, заинтересирани сме за левиот бек на Мурсија, Серхио Ескудеро.
Серхио Ескудеро е млад шпански играч кој привлекува големо внимание како во Шпанија така и надвор од Шпанија. Откако Луис Филипе го напушти тимот на Ла Коруња речиси се беше готово Ескудеро да биде негова замена, но во последен момент во битка за неговиот потпис влезе и Шалке.
Сепак, Реал не изгуби надеж за неговиот потпис, и според медиумите во Мурсија, Аитор Каранка помошникот на Мурињо, веќе бил во преговори претседателот на Мурсија Исус Сампер. Истиот тој медиум вели дека Реал би можел да понуди 2,5 милиони евра.
Агентот на играчот изјавил дека преговорите се прекинати, но се чини дека понудата од Шалке била финансиски најдобра, па Ескудеро би можел да му стане соиграч на Раул наредната сезона.
.
Веќе беше спремно Ескудеро да дојде во Депор. Али се појави Шалке, и играчов одбра 24 часа за да размисли за иднината. И таман го избра Шалке, и мислев дека тоа било и официјално, на форумот на Депортиво, ја прочитав оваа вест уште пред два дена. Се шпекулирало дека Реал ќе го купи Ескудеро, но во првата сезона ќе го позајми на Депортиво
