Жозе Мурињо, тренерот на Европскиот Шампион Интер, изјави дека покрај тоа што има заеднички интерес со Реал Мадрид да го води тимот на кралевите тој сепак нема остварено контакт со раководството на тимот.
Тој уште еднаш потврди дека го напушта Интер по освоениот трибал но и дека до сега сеуште не се сретнал со ниту еден директор на Реал Мадрид.
„Немам зборувано со ниту еден дирактор на Реал Мадирд, но доколку тие се заинтересирани за мене, јас сум заинтересиран да го водам тимот наредната сезона“, изјави португалецот за РТП.
„Ќе зборувам со Флорентино Перез во Понеделник. Доколку јас станам тренер на Реал тоа ќе биде бидејќи тие ме сакаат и сакаат да победуваат со мене“.
Сепак постојат и финансиски причини поради кои мора сериозно да се разговара со оглед на тоа што Мурињо има договор со Интер до 2012 година, во неговиот договор покрај клоузулата дека може да напуште кога сака има и таква која гласи дека доколку сака да си замине ќе мора да плати 16 милиони фунти.