Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Читам дека Реал веќе преговарал со Џеко да го купи. Има Џеко клаузула која важи до крајот на месецот и секој тим што сака да го купи мора да плати 40м Евра. Се спомнува исто дека Мурињо има голем интерес за него и дека веќе се сретнале. Исто се спомнува дека Баерн има интерес но поред мене тоа не е реално, напротив Реал веќе сигурно ќе го купит.
 
Што и да се случи летово во врска со трансферите, јас ќе ја почитувам секоја одлука на Мурињо. Бев изненаден кога го продаде Ибрахимович а го донесе Милито, си реков само "wtf Милито, зар тој ќе може да постигне барем пола од она што го постигна Ибра.." Ама ете, Милито оваа сезона е еден од најзначајните играчи што Интер освоија тројна круна, постигнувајќи голови во скоро сите важни натпревари. Го воскресна и Снајдер кој имаше релативно слаба сезона во Реал, Тиаго Мота одигра одлична сезона само што често беше повреден, за Лусио па да не говориме за тоа каква сезона одигра, така да ја има целата моја подршка околу трансферите.
 
Сега ја гледав пресконференцијата на Мурињо. Рекоа поставете му го последното прашање. И една девојка на англиски го праша jose will u go to real madrid this summer ? Човекот се насмеа стана и рече Yes! И си отиде. Иначе што се однесува до трансферите се сложувам со Манга 100% кој веруваше дека Милито би можел да го замени Ибра но ете. Најдобар стрелец постигна 2 гола во финале ЛШ, гол во финале куп на Италија, гол во последно коло со Сиена. Исто и Лусио... Столб. Прееска на Sky имаше Мајкон 20-25 милиони. :toe:
 
Абе шо ќе ни е десен бек...Рамос е добар десно, лев бек треба да се најде.
 
Мислам и дека ќе му се допушти да има поголема улога врз трансферите. Имаме ѕвезди што ќе ни се повеќе? Плус земаме и можеби човек кој преставува поголема ѕвезда и од Роналдо и Меси во светот на фудбалот. На ред се титулите.

Мислам дека ќе направи паметни трансфери, единствен трансфер што не би го почитувал е знаете кој, купување на десен бек.
 
До кога бе ќе купуваме просечни бекови и екстра класа напаѓачи.....под итно купување на Маикон кој е неприкосновен на таа десна бековска позиција заедно со Дани Алвес!
 
До кога бе ќе купуваме просечни бекови и екстра класа напаѓачи.....под итно купување на Маикон кој е неприкосновен на таа десна бековска позиција заедно со Дани Алвес!
:tv: :tv::tv::tv::tv:
 
Ја мислим дека ќе дојда маикон и силва и овја што доаѓа каналес и уште еден лев бек да се најде и супер ќе биде.И после редот е да мислиме на титулите .
 
jose-mourinho002020.jpg


Жозе Мурињо, тренерот на Европскиот Шампион Интер, изјави дека покрај тоа што има заеднички интерес со Реал Мадрид да го води тимот на кралевите тој сепак нема остварено контакт со раководството на тимот.

Тој уште еднаш потврди дека го напушта Интер по освоениот трибал но и дека до сега сеуште не се сретнал со ниту еден директор на Реал Мадрид.

„Немам зборувано со ниту еден дирактор на Реал Мадирд, но доколку тие се заинтересирани за мене, јас сум заинтересиран да го водам тимот наредната сезона“, изјави португалецот за РТП.

„Ќе зборувам со Флорентино Перез во Понеделник. Доколку јас станам тренер на Реал тоа ќе биде бидејќи тие ме сакаат и сакаат да победуваат со мене“.


Сепак постојат и финансиски причини поради кои мора сериозно да се разговара со оглед на тоа што Мурињо има договор со Интер до 2012 година, во неговиот договор покрај клоузулата дека може да напуште кога сака има и таква која гласи дека доколку сака да си замине ќе мора да плати 16 милиони фунти.
 
Абе шо ќе ни е десен бек...Рамос е добар десно, лев бек треба да се најде.

Не е доволно добар. Рамос десно е просечен играч. Додека пак централен ти е КЛАСА.
 
jose-mourinho002020.jpg


Жозе Мурињо, тренерот на Европскиот Шампион Интер, изјави дека покрај тоа што има заеднички интерес со Реал Мадрид да го води тимот на кралевите тој сепак нема остварено контакт со раководството на тимот.

Тој уште еднаш потврди дека го напушта Интер по освоениот трибал но и дека до сега сеуште не се сретнал со ниту еден директор на Реал Мадрид.

„Немам зборувано со ниту еден дирактор на Реал Мадирд, но доколку тие се заинтересирани за мене, јас сум заинтересиран да го водам тимот наредната сезона“, изјави португалецот за РТП.

„Ќе зборувам со Флорентино Перез во Понеделник. Доколку јас станам тренер на Реал тоа ќе биде бидејќи тие ме сакаат и сакаат да победуваат со мене“.


Сепак постојат и финансиски причини поради кои мора сериозно да се разговара со оглед на тоа што Мурињо има договор со Интер до 2012 година, во неговиот договор покрај клоузулата дека може да напуште кога сака има и таква која гласи дека доколку сака да си замине ќе мора да плати 16 милиони фунти.

трибал, дирактор, клоузулата, напуште... to be continued.. :kesa:
 
Мур го имал договорот уште во петокот вечер, иначе за Раул:
What about Raul? Mourinho wants to talk to him (and vice versa). If you feel you are with and involved forces, will remain.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom