Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Сваќаш зашто повекето го нејќеме Мурињо... Секој тренер настојува да ги примени своите замисли и идеи. И, убао рече, пак од почеток.

Абе не го сакате сега, али после првата победа против Барса ќе ви биде бог...него не ги споредувај ти Пелегрини и Мурињо. Се кладам дека Мурињо ќе го има последниот збор за трансфери, а не Перез, за разлика од Пелегрини. И Мурињо донесе 6 нови играчи во Интер сезонава, а го шитна најдобриот на Интер и успеа да земе тројна титула. Работата е кој како ќе успее да ги среди играчите. Неможеш да ги ставаш во исто купче Мурињо, Пелегрини и Марадона на пример..
 
алооо го заборавивте МП....шо се деси со она САКАМ да остане
П.С. армин06 менувај аватар еве предлог
jose-mourinho.jpg
BIENVENIDO MUR!!!
 
^ Добро кажано од carter

Тоа е најдоброто од најдоброто кај Мур. Психичкиот дел.

Нема шанси некого да продаде пред да почнат подготовките. И ако Гути и Раул го почекаат, мислам дека Мурињо е вистинскиот кој може да ги прероди. Погледнете што направи со Лусио и Занети на пр. Доживуваат втора младост. :)

А уште еден шпиц мора да се донесе. Сеа немора да е некоја ѕвезда, ама со тројца или уште полошо со двајца напаѓачи (ако Раул замине) неможеме да гураме цела сезона. Нема шанси Мур да го шитне Игуаин, пошто сака такви голгетери. На малиот му треба самодоверба, а Мур е вистинскиот и за тоа. Нека го донесе Пандев и готова работа :) :) :)
 
Абе не го сакате сега, али после првата победа против Барса ќе ви биде бог...него не ги споредувај ти Пелегрини и Мурињо. Се кладам дека Мурињо ќе го има последниот збор за трансфери, а не Перез, за разлика од Пелегрини. И Мурињо донесе 6 нови играчи во Интер сезонава, а го шитна најдобриот на Интер и успеа да земе тројна титула. Работата е кој како ќе успее да ги среди играчите. Неможеш да ги ставаш во исто купче Мурињо, Пелегрини и Марадона на пример..
Друже незнам колку си ги читал последниве страни овде, во ниеден пост не ги споредив Мурињо и Пелегрини. Сакам да кажам дека тимот еве веке цела година се навикнува на една игра, која ја замисли МП, свои тактики свои идеи, а сега тимот ке треба да работи под идеите на Мурињо. Нови играчи ке се носат, нови позиции на некој играчи, некои првотимци ке одат на клупа со сигурност... и што после се ова ако остане Реал без трофеј?И Мурињо добие клоца од Перез, што после? Пак нов тренер, пак исти срања. Јас преферирав да остане МП, грешките(според многумина, негови биле) кој ги направи беа сосем ситни и се поправаа. Не е МП крив што Роналдо, Игуаин, Вдв, Кака и Бензема утињаа против Лион, односно Барселона, празни голови или очи во очи со голман. На такви натпревари, каде што воедно беа и нашите киксови, решаваат нијанси. Несакам да ги коментирам пак оние кој ми го криват Пелегрини за 2 лоши измени во цела сезона. Го ставил Мамаду место Кака и ајде ке го бркаме. Несакам веке да коментирам, останувам на ставот дека МП е подобро да остане, не дека е подобар од Мурињо, туку од горе наведениве причини .
 
Можеби веднаш ќе изгубиш ! Реал не е Интер и кој ќе ти каже дека Мурињо го шитнал најдобриот играч на Интер? Ето имаше исто така добра сезона со Барселона и Интер пак доби квалитетен играч и плус пари ... добра зделка но сигурен сум дека не ја правел Мурињо .... кога Мурињо зимскиот трансфер период бараше нови играчи не му беа дадени средства, а Пандев како слободен играч би го земал секој тим останува од Пандев да одберел каде ќе замине, што пак не значи дека Мурињо е тој што раководе со трансферите (не за сите)
 
Не, знам дека не ги спореди Мурињо и Пелегрини, ама сите кажувате као пак ли ќе треба да се привикнува екипата поради доаѓање на 3-4 нови играчи и тоа ми беше зборот, дека во Интер дојдоа 6 нови играчи и од екипа која тотално зависеше од Ибрахимовиќ за кратко време стана сосема различна екипа. Така за брзо време ќе се привикне и Реал. Плус со доаѓањето на Мурињо тие играчи што утињале чисти шанси ќе се трудат уште повеќе поради тоа што Мурињо е име, поим за фудбалот моментално. Не дека Пелегрини беше крив за тоа што утињале, али сигурно беше крив за никаквата одбрана што ја имаше Реал и поради која не освои ништо сезонава. Гледајќи ја историјата на Порто, Челзи и сега Интер со Мурињо такви грешки веќе нема да се прават во Реал. И баш поради тоа што е име ќе го има авторитетот и кај Перез, а тоа е најпотребното на еден тренер во Реал, и ќе му биде дадена шанса.

Уште еднаш ќе кажам, според мене тек сега Реал ќе биде конкурентен тим, по подолго време после Капело.

--- надополнето ---

Можеби веднаш ќе изгубиш ! Реал не е Интер и кој ќе ти каже дека Мурињо го шитнал најдобриот играч на Интер? Ето имаше исто така добра сезона со Барселона и Интер пак доби квалитетен играч и плус пари ... добра зделка но сигурен сум дека не ја правел Мурињо .... кога Мурињо зимскиот трансфер период бараше нови играчи не му беа дадени средства, а Пандев како слободен играч би го земал секој тим останува од Пандев да одберел каде ќе замине, што пак не значи дека Мурињо е тој што раководе со трансферите (не за сите)

Сега можеме да нагаѓаме кој ги правел трансферите или не, али зошто не беше продаден Ибрахимовиќ пред да дојде Мурињо? Сигурно како "главен" во Интер имал и претходно такви понуди и од Реал и од Барса. И Мурињо знаеше дека ако сака Интер да освои мора да ја сменат играта, а не да зависат цело време од Ибрахимовиќ. Ако го знаеше тоа Морати ќе го продадеше уште пред да дојде Мурињо, така да повторно Мурињо имал улога. Тоа беше добра зделка, али не секој би се решил на таков потег со продавање на својот убедливо најдобар играч.

И Реал не е Интер, али ни Мурињо не е Пелегрини..
 
Не дека Пелегрини беше крив за тоа што утињале, али сигурно беше крив за никаквата одбрана што ја имаше Реал и поради која не освои ништо сезонава. Гледајќи ја историјата на Порто, Челзи и сега Интер со Мурињо такви грешки веќе нема да се прават во Реал. И баш поради тоа што е име ќе го има авторитетот и кај Перез, а тоа е најпотребното на еден тренер во Реал, и ќе му биде дадена шанса.

Што е Пелегрини крив во врска со одбраната можеби тој го удри со камен Пепе да отсуствува цела сезона :kesa: Со тие играчи што му беа на располагање подобро не можеше да извади :toe:

А со што тоа мислиш дека Мурињо ќе има авторитет против Перез ... од причина што се спомнува Маикон и значи тоа е барање од Мурињо??? Маикон и минатото лето беше цел на Реал па и да не би дошол Мурињо Реал можеби пак би тргнал по Маикон ... исто и со другите поврзувани трансфери во Реал играчи за кои Реал се интересира од претходно не од оваа сезона и каде вие тоа го гледате Мурињо ќе ја имал слободата во Реал :nesvest:
 
зошто упорно го браните МП имаше играчи како Роналдо,Кака,Бензема победуваше само во натпреварите со тимови кој се 3 класи подолу од Реал,а губеше на сите важни натпревари,на пр. натпреварот со Милан беше катастрофа губевме од Милан кој оваа сезона е најлош до сега,а за ел класико да не збориме која корист од постигнатите рекорди:toe:
 
Што е Пелегрини крив во врска со одбраната можеби тој го удри со камен Пепе да отсуствува цела сезона :kesa: Со тие играчи што му беа на располагање подобро не можеше да извади :toe:

А со што тоа мислиш дека Мурињо ќе има авторитет против Перез ... од причина што се спомнува Маикон и значи тоа е барање од Мурињо??? Маикон и минатото лето беше цел на Реал па и да не би дошол Мурињо Реал можеби пак би тргнал по Маикон ... исто и со другите поврзувани трансфери во Реал играчи за кои Реал се интересира од претходно не од оваа сезона и каде вие тоа го гледате Мурињо ќе ја имал слободата во Реал :nesvest:

Ебати шампионската екипа ако зависи само од еден штопер..
И ќе ти кажам како потазе грешки што ги направи одбраната на Реал офсајд замки да не се знаело да се прав, па играчи на Сарагоса и Осасуна ги отворија како второкласна екипа...
И нема врска авторитетот со доаѓањето на Маикон, туку со заминувањето на Шнајдер и Робен..
И сега збори дека подобро Пелегрини да останел, али пак ти кажувам после првата победа над Барса сите ќе го правите бог.
 
Сега можеме да нагаѓаме кој ги правел трансферите или не, али зошто не беше продаден Ибрахимовиќ пред да дојде Мурињо? Сигурно како "главен" во Интер имал и претходно такви понуди и од Реал и од Барса. И Мурињо знаеше дека ако сака Интер да освои мора да ја сменат играта, а не да зависат цело време од Ибрахимовиќ. Ако го знаеше тоа Морати ќе го продадеше уште пред да дојде Мурињо, така да повторно Мурињо имал улога. Тоа беше добра зделка, али не секој би се решил на таков потег со продавање на својот убедливо најдобар играч.

И Реал не е Интер, али ни Мурињо не е Пелегрини..

А по што се разликува Милито од Ибрахимовиќ? значи ако би требало Ибрахимовиќ да остане и да не дошол Милито Интер ќе требало друга игра да применуват? Ова како што го кажуваш испадна Милито е по класа од Ибрахимовиќ кога беше во Интер
 
Единствена работа која знам дека ќе испадне добра од даѓањето на Мурињо е тоа дека тренерот ќе го има последниот збор кога се во прашање засилувањата.
 
Марка: Жозе потпишува со Реал во вторник или среда

0 Коментари
murinho-aps.jpg

Жозе Мурињо ќе потпише договор со Реал Мадрид во вторник или среда, предвидува весникот „Марка“, откако по успехот оваа сезона на кормилото на Интер, тој објави дека си заминува од „нероазурите“.

Договорот сепак ќе биде за 4 години, а не на 3, како што се појавија други информаци, а „Специјалниот“ ќе зема по 10 милионои евра на сезона.

Најверојатно неговата официјална презентација ќе се случи следниот петок, но за тоа дополнително треба да се потврди. Сепак, следната недела самиот тренер сака се да биде завршено за да може да отиде на заслужениот одмор.

Според изданието во клубот веќе се свесни за барањето на Мурињо за нови фудбалери, за начинот на подготовки и за контролните натпревари, кои тимот ќе ги игра.

Синоќа откако Жозе го одведе Интер до трофејот во Лигата на Шампионите, тој доби честитки и од претседателот на Реал, Флорентино Перез, кој беше во официјалноата ложа и неофицијално му посака „добредојде“ на Жозе Мурињо.

Се очекува денес или утре Мурињо да помине со тимот од Интер, откако успеа да ја постигне целта да го направи тимот европски шампион. Масимо Морати веќе рече дека нема да прави проблеми за идниата на Мурињо, кој се поверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид.
 
Ебати шампионската екипа ако зависи само од еден штопер..
И ќе ти кажам како потазе грешки што ги направи одбраната на Реал офсајд замки да не се знаело да се прав, па играчи на Сарагоса и Осасуна ги отворија како второкласна екипа...
И нема врска авторитетот со доаѓањето на Маикон, туку со заминувањето на Шнајдер и Робен..
И сега збори дека подобро Пелегрини да останел, али пак ти кажувам после првата победа над Барса сите ќе го правите бог.

Не сум против Мурињо напротив сакав да биде тренер на Реал само не оваа сезона, она што ти кажувам е да не го правите бог и да мислите дека тој ќе ја има главната улога во трансферите во Реал.
 
А по што се разликува Милито од Ибрахимовиќ? значи ако би требало Ибрахимовиќ да остане и да не дошол Милито Интер ќе требало друга игра да применуват? Ова како што го кажуваш испадна Милито е по класа од Ибрахимовиќ кога беше во Интер

Па јас незнам што дискутираме чим ти незнаеш по што се разликува Милито со Ибрахимовиќ...Значи Милито ти е класичен шпиц, не утиња сам пред голман и нема шанси да е градител на играта. А целата игра во Интер зависеше од Ибрахимовиќ како градител. Повеќе играше надвор од шеснаесетник отколку како класичен шпиц. Даваше чуда голови од слободен и од еден куп невозможни позиции, а утињаше еден на еден(што го прави и во Барса, па затоа им фалеше Ето). Сега сфати по што се разликува Милито од Ибрахимовиќ, чим досега не си ги гледал?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom