Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата bowl
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Никој не може да те убеди???
Пребарај нешто на јутуб па ќе видиш:smir:
 
Реков никој а па најмалку јутјуб
И дај постирај некој клип да ја видам таа огромна физичка сила
 
Ова е фан клуб Реал Мадрид а не фан клуб Барселона.Не интересираат САМО случувањата поврзани со нашиот клуб,за се друго имате други теми.
 
Слушам можно е Игуаин да биде подготвен за во сабота. Знаејќи го Пелегрини како што несака многу да ризикува, нема да ги пушти во игра ни малку. Пресреќен ке бидам ако може да одигра барем едно полувреме.
 
Ова е фан клуб Реал Мадрид а не фан клуб Барселона.Не интересираат САМО случувањата поврзани со нашиот клуб,за се друго имате други теми.

Значи дискутиравме за црвениот картон на Роналдо само последните 2 поста летнавме малце
Не изигравај одма Џек не му треба замена на Иван
 
За суспензијата од два натпревари на Роналдо мислам дека е исправна, од ТРИ причини:
Прво, од страна на Роналдо имаше повеќе удари во серија, што може да се протолкува дека имало намера (што мислам дека е така протолкувано).
Второ, играчот има скршен нос и нема да игра цел месец, што мислам дека е многу и мислам со ова пак ќе протолкуваат дека имало намера.
Трето, Роналдо има лоша репутација кај судиите уште од Англијам а е и најскапиот фудбалер што го разликува од Меси.
За биде јасно и мене ова не ми одговара, мислам дека Роналдо е многу битен играч за нас, посебно за гостувањето на Риазор, ама што е, тука е,
ЖИВОТОТ ПРОДОЛЖУВА.


Еве мала статистика
http://www.betexplorer.com/soccer/spain/spanish-primera-division-2009-2010/nextmatch.php?matchid=6519434
 
Ајде, мислам дека доста беше за Роналдо, доби 2 натпревари казна, ќе си ја одлежи, и тоа е тоа.

Ајде малку да се осврниме на она што ни следува во сабота во 22 часот, подобро кажано, пеколот на Риазор. Бензема, Кака ! Сега е време овие двајца да проработат. Казната за Роналдо не би требала да има пресудно значење, да гледаме малку позитивно и на тоа. Сега мора да се докажат и другите, поготово оние двајца кој ги наведов. Роналдо е крал моментално во Мадрид, 94 % од навивачите го прогласија за играч кој ги оправда сите очекувања. Се случуваат срања, оваа казна ќе му ги отвори очите.

А сега - на Риазор по победа. Тоа е голем предизвик, а ако играчите на Реал сметаат дека се горди на дресовите кои ги носат, треба да се радуваат што добиваат вакви предизвици.

Сме играле со многу послаби противници, ама вакво оптимистичко чувство никогаш не сум имал. Очекувам три бода на Риазор, се друго е големо разочарување за мене ! Во традиции не верувам, така да, повелете господо - Гранеро, Гути, Бензема, Кака, и останатите.. Докажете дека вредите, и донесете ги трите бода на Бернабе ! Во спротивно, збогум Ла Лига..
 
Доколку не се случи нешто непредвидено односно Бензема и остали да не изненадат со некоја игра како на Местаља шансите за победа се минимални.Казната на Роналдо е преголема според мене но тоа е.Во право е Манга,Роналдо е 50 % од тимот но време е да се докажат и другите ако сакаме да останеме во борба за титулата.Добра вест читам насекаде Игуаин оди супер со рехабилитацијата.
 
Абе дечки зошто се праите наудрени сите. Фаулот на Роналдо ако не беше намерно тогаш незнам што е намерно:uvo: а и не е битно сепак имаме јак тим и без него и Игуаин за на Риазор, Сеа му е мајката на Бензема ајде мастореее ова ти е шансата да се покажеш и да стекнеш повеке самодоверба:wink:
 
случајно налетав овој гол... го немав до сега видено :vozbud:
 
Игуаин и денеска тренирал во сала. Се поверојатно е дека нема да игра со Депортиво, затоа што не знам колку ќе може да игра со само 2 обработени тренинзи. Ако и утре не почне да тренира на терен, не го очекувајте против Депортиво.
 
Рафа денеска тренирал нормално со остатокот од екипата. Добро ќе биде он барем да може да игра.
 
Чаби----------Лас

-------Гути-------

ВДВ----------Кака

-----Бензема-----

Според мене најдоброто нешто што може да се извади против Депортиво.
 
Значи дискутиравме за црвениот картон на Роналдо само последните 2 поста летнавме малце
Не изигравај одма Џек не му треба замена на Иван
Шо и да ти пишам ке биде залудно,нема потреба со тебе да се расправам.
Чаби----------Лас

-------Гути-------

ВДВ----------Кака

-----Бензема-----

Според мене најдоброто нешто што може да се извади против Депортиво.
Ова би било идеално,мада не би било лошо и Гранеро место ВДВ,оти сепак мислам дека не треба да се форсира ВДВ да стартува од старт.
 
Чаби----------Лас

-------Гути-------

ВДВ----------Кака

-----Бензема-----

Според мене најдоброто нешто што може да се извади против Депортиво.


Like! Плус, и јас имам некој оптимистички филинг за утакмицата.

Ова би било идеално,мада не би било лошо и Гранеро место ВДВ,оти сепак мислам дека не треба да се форсира ВДВ да стартува од старт.


Мислам дека ако доволно е спремен Рафа, нека почне да игра од почеток оти за разлика од Гранеро е многу побрз и покреативен, а без Роналдо во екипата, тие перформанси ептен ќе ни требаат. Вреди да се ризикува, оти ова гостување во сабота е многу важно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom