На скоро 24 часа до почетокот на натпреварот, да си го дадам јас моето мислење на натпреварот, бидејќи од утре започнува еуфоријата, и не ќе бидам во состојба да пишувам.
Единствен рецепт за победа против Милан се крилата. Во ваков натпревар мораме да играме со два крилни играчи. Зошто така мислам. Милан во моментов може да се каже дека го имаат еден од најцврстите средни редови во светот. Можеби за организирање на акции е тапа, ама за помагање во дефанзива, средниот ред им е ептен добар. Пирло, Гатузо, Амброзини, додајте го и Сидорф, тоа е стварно тежок ѕид за пробивање, плус додајте ги и одличните централни дефанзивци, на чело со Неста. Видовме на минатиот натпревар, тие создаваа двоен ѕид, одбраната беше на некаде 20 метри од голот, а средниот ред на 35 метри од голот, и нормално сите наши акции се одвиваа кон средината, и речиси не поминавме од таму.
Сега зошто крила ? Затоа што Милан ја има една од најспорите одбрани во цел свет. Да се стави Марсело како лево крило, Игуаин како десно со често приклучување во нападот, и Бензема или Руд како шпиц (мада чисто сумњам дека Руд ќе започне) Кака со подршка за крилата, и Лас и Чаби како контролори на средниот ред, можеме да ги земеме трите бода од Сан Сиро. Се виде разликата на минатиот натпревар кога влезе Дренте. Одо не знаеше кај му е паметот, како сакаше го поминуваше. А можам да замислам што би му правел и Марсело. Иако и Кака ќе игра како полушпиц, тој треба често да се уфрлува по крилните позиции, затоа што е пребрз за Милановата одбрана. Затоа го молам бога Пелегрини да планира нешто слично како мене.
Касиљас
Рамос - Албиол - Пепе - Арбелоа
Ласс - Чаби
Игуаин - Кака - Марсело
Бензема
Само со овој состав може да се стигне до посакуваната победа. Толку.
