Фан клуб: Рафаел Надал

  • Креатор на темата Креатор на темата bobi2008
  • Време на започнување Време на започнување
Браво за Надал, победа од 6-4 6-4...утре ќе биде ептен тешко ако победи Ноле вечерва.
 
Одличноо, сега со ноле има да биде феноменален меч
 
Многу заебани ударци има Ноле, ептен длабоки и многу му отскокнуваат.

А и у форма одлична е.Ке биде ептен тешко ама рафа не се дава игра добро и мислам дека има реални шанси да го истепа србинов.Два не ама во три сета од кои еден тај брејк да се игра би било одлично да се види.Ке биде тешко сигурно ама ако го тепа има да биде :vozbud::vozbud::vozbud:а и треба некој да го тепа колку за прв проаз годинава
 
Со Ноле ќе му биде екстра тешко на Надал(неутрален навијач сум), и мислам дека Ноле да победи се поголеми шансите. Но кога е Надал во прашање никогаш не се знае, сите ние знаеме Надал каков борец е и нема да се предаде лесно. Ноле е во животна форма. Да се надеваме дека тоа што играше 3 сета ќе биде колку-толку олеснителна околност за Надал. Како и да е очекувам супер интересен меч.
 
Еве го мечот се Дел Потро.Според изјавата на Рафа ова е неговиот најдобар меч на индиан велс годинава.Ме изненади што првиот сет Дел Потро водел 4-1 лол, ама рафа се враќа и 6-4 хахаха..

Со Ноле ќе му биде екстра тешко на Надал(неутрален навијач сум), и мислам дека Ноле да победи се поголеми шансите. Но кога е Надал во прашање никогаш не се знае, сите ние знаеме Надал каков борец е и нема да се предаде лесно. Ноле е во животна форма. Да се надеваме дека тоа што играше 3 сета ќе биде колку-толку олеснителна околност за Надал. Како и да е очекувам супер интересен меч.

Како тоа во животна форма кога веќе некое време е или 2 или 3 ? Како животна ? Надал во каква е ? Над животна форма некоја !? Не трескај глупости...

Подобро би било да кажиш дека Роџер е во лоша форма од колку што Ноле е во „животна форма“.....
 
Федерер не е во пад и игра многу подобро од пред некое време, Ноле игра во животна форма или блиску до тоа зашто ова е неговата најдобра игра.Го имам гледано од кога се појави во тенисот и ова е неговото најдобро.Има играно и подобри мечеви ама сепак игра во најдобра форма до сега.Надал стандард си тепа кај ке стигне..
 
Како тоа во животна форма кога веќе некое време е или 2 или 3 ? Како животна ? Надал во каква е ? Над животна форма некоја !? Не трескај глупости...

Подобро би било да кажиш дека Роџер е во лоша форма од колку што Ноле е во „животна форма“.....
Не треси зелени ќе те молам :smir:
Новак се среди психички, тоа беше битен фактор во неговата игра, и да, го игра најдобриот тенис оваа година, за едно до две нивоа погоре од лани, сакал ти или неќел.
Федерер ако беше во лоша форма ќе загубеше од Вавринка или од некој пред него...
Може ако сакаш муабетот да го продолжиме на општата тема за тенис, да не тераме во офф топик, сепак за Надал не зборам јас, не игра сјаен тенис, но ако си негов фан те сфаќам.
 
Како тоа во животна форма кога веќе некое време е или 2 или 3 ? Како животна ? Надал во каква е ? Над животна форма некоја !? Не трескај глупости...

Подобро би било да кажиш дека Роџер е во лоша форма од колку што Ноле е во „животна форма“.....

Па така бе момче, ќе видиш вечер за што ти зборам, коа Ноле ќе го прегази Надал. Пак ќе кажам не сум фан на ниеден од овие двајца али реалноста е таа. Моменталната форма што ја има Ноле е подобра и од на Надал и од на Федерер. А кога веќе збориш за ранкингот од понеделник Ноле е втор(прави прогрес). Ако продужи вака ништо чудо у најбрзо врем и да биде светски рекет број 1
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom