Фан клуб: Рафаел Надал

  • Креатор на темата Креатор на темата bobi2008
  • Време на започнување Време на започнување
После пораз вакво шоу да држи права Легенда е.Нема за што да се жали се случува,Ноле игра супер годинава така да на нозе и по други походи одиме.ВАМОС РАФА!!!
 
Сам себе убијал... сеуште се губи во притисокот при дуел со Новак, мора прво сам себе да се победи, да го победи притисокот, после другото ќе биде помал проблем...
 
Сам себе убијал... сеуште се губи во притисокот при дуел со Новак, мора прво сам себе да се победи, да го победи притисокот, после другото ќе биде помал проблем...
Не е до толку притисокот колку што игра послабо од Ноле цела сезона!
 
Не ми е криво после поразов. Супер игра гледавме, интересни топки имаше возбудлив натпревар и пред се добра атмосфера. Ноле си играше фантастично овој натпревар т.е. цела сезона честитки до него и до неговите фанови, сосема заслужено. А, Рафа редно време е да стане уште појјак и да докаже дека сеуште е број 1 во нечии срца. :)
--- надополнето: Jul 3, 2011 4:07 PM ---
 
Рафа после ова сигурно ќе се врати дупло посилен, убеден сум... Но, мило ми е што има уште конкуренција во тенисот.. И покрај се, Роџ и Рафа се класа тенисери над сите, кои моментално играат тенис, како по резултати така и по играта...

Но, формата на Новак е феноменална.. Баш посакувам да видам како ке игра наредната година и годините нанапред...

Секое добро
 
Надал не играше добро како во претходните дуели пред финалето, али тоа е. Џоковиќ е во добра форма оваа година, жал ми е што не победи Рафа, сепак одиме понатаму, и верувам дека Рафа ке се врати посилен ја имаа таа самодоверба и енергија. Следен турнир каде што ке игра Рафа е ?
 
Да, ама на која дата, што како, на сите три треба да игра Рафа ?
 
Во Синсинати и Торонто Надал игра секоја година.Тие се од атп мастерс 1000 даваат многу бодови мроа да се игра таму.Надал лани во синсинати изгуби во 1/4 финалето а во Торонто играше 1/2 финале а ако продолжи со добрите игри на тврда подлога годинава сигурно влегува во финале и освојува бодови на двата.До сега во сезонава само Џокович му прави проблеми а со него може само во финале да се падне така да овие турнири се одлична шанса да се соберат бодови.Тие се воедно и припрема за УС ОПЕН и Рафа како бранител на титулата мора да се припреми добро зошто губење уште бодови не му во плановите годинава.Изгуби 1000 бода од Вимболдон иначе.Инаку турнирите се веднаш еден по друг и нема пауза ни од една недела помеѓу нив.Неделата се игра финале во Торонто, утре дента почнува Синсинати.

09.08.2011 Торонто
15.08.2011 Синсинати
 
800
 
Тука сме чекаме нови турнири.Проверував деновиве нема ништо ново у последно време
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom