Фан Клуб: Работнички

  • Креатор на темата Креатор на темата zEk0
  • Време на започнување Време на започнување
Ајдее... лош резултат но дома ќе победи Работнички и за разлика од Мкд и Ренова ... ќе продолжи... :smir:
 
Судијата не сакаше Романтика

Работнички водеше се до 90. минута, кога Крусејдерс израмни - 1:1, а израелскиот арбитар освен што ги исклучи голманот К.Наумовски и тренерот Стратев, досуди и пенал, што домаќинот не го реализира

Екипата на Работнички пропушти голема шанса да се врати како победник од гостувањето во С. Ирска. Освојувачот на македонскиот куп и Крусејдерс, кој е исто така победник на националиот куп, одиграа нерешено 1:1 во Лурган, во близина на Белфаст.
"Романтичарите" имаа предност се до 90 минута, со голот на Боби Божиновски, по претходно убавото проигрување на Савиќ, но пред последниот свиреж на судијата домаќинот успеа да ја анулира негативата. Сепак, и ремито е голема предност за Работнички, кој пред реваншот во Скопје на 23 јули може со голема сигурност да смета дека ќе настапува и во третото коло.

Сите возбудувања се случија во второто полувреме, кога паднаа двата гола и беа покажани три жолти и три црвени картони. Во 87 минута на сцена стапи израелскиот судија Асафа Кенан, кој престрого досуди пенал за домаќинот, а прерано пат кон соблекувалната му покажа на голманот Кристијан Наумовски. Поради протести "поцрвене" и тренерот Зоран Стратев, кој последните моменти од средбата ги проследи од трибините. Ударот на Донели од белата точка заврши во пречката, но, сепак, во судиското продолжение Крусејдерс успеа да постигне гол за да ги остави во живот своите надежи.
- Она што не треба да се случува на вакви натпревари, имавме калкулантско судење. Но тоа е веќе завршена работа и треба да го заборавиме што е можно побрзо. Имаме резултат кој е активен за реваншот во Скопје. Крусејдерс покажа дека не е воопшто наивна екипа. Голема штета е што дозоливме да примиме гол во последните минути и пропуштиме да победиме. Тоа е доволна опомена да бидеме внимателни во текот на сите 90 минути, истакна тренерот Зоран Стратев.

Во вториот натпревар во вторникот Слима Вондерс и Макаби Нетанја одиграа без голови.

Крусејдерс - Работнички 1:1
Белфаст. - Стадион "Лурган парк". Гледачи 1.000. Судија: Кенан (Израел). Стрелци: Рејни во 90 за Крусејдерс, а Б. Божиновски во 47 за Работнички. Жолт картон: Кинан (К), Б. Божиновски, Вандаир (Р). Црвен картон: Коутс во 65' (К), а К. Наумовски во 87' и Стратев (тренер) во 88' (Р)
КРУСЕЈДЕРС: Кинан, МекКион, МекБрејди, Магован, Коутс, МекКан, Доерти (од 74' Блек), Диксон, Рејни, Донели, Мороу (од 63' Овенс).
РАБОТНИЧКИ: Наумовски, В. Божиновски, Бојовиќ, Ристов, Секуловски, Б. Божиновски, Тодоровски, Глигоров, Муарем (од 70 К. Роберто), Савиќ (од 84' Петковски), Вандаир (од 88; Богатиновски).
 
ВРХ! БогатиновСКИ! :pos2::pos2:

Него што го форсираа толку Наумовски? Нека му дадат шанса на Мартин на голот, стварно одличен голман. Ќе го видите на реваншот.
 
Доколку Работнички го помине Крусадерс во следното коло ке игра против Одензе
 
Оффф...тежок противник ама ајде не се знае,кога изненади Работнички против Дебрецен пред 2,3 год. зошто и сега да не не изненади со победа.
 
не е толку тежок можеше и потежок да падни ако се знај дека Работнички во 3то коло влегват како аутсајдери
еве со кој можеа да паднат а според мене од овие падна релативно лесен ама неатрактивен тим
Рома, ПСВ, Хамбургер, победникот од Стеауа - Ујпешт, Фенербахче, Лил, Галатасарај, Фулам, Атлетик Билбао, Металист, победникот од Анортозис - Петровац Базел, победникот од Алборг - Славија, Брага, Бриж, победникот од Розенборг - Карабах, Хапоел, ЦСКА Софија, Крилја Совјетов, победникот од Металург Доњецк - МТЗ Рипо, ПАОК, Лех Познањ, победникот од Брондби-Флора, Одензе, Слован Либерец, победникот од Ц. звезда - Рудар, Абердин, победникот од Хелсинборг - Зестафони, Васлуи, победниците од дуелите: Жилина - Дачиа, Тромзо - Динамо Минск, Рапид - Влазнија, Пакос Фереира - Зимбру, НАЦ - Гандзар.
 
Емрулаху и Карчев се пред потпис со Работнички,а се преговара и со еден класичен плејмејкер
 
Ајде уште 40 минути,идеме даље не се секирајте.:smir:
 
Ајде со среќа Работнички:smir: Моја прогноза 3-0:vozbud:
 
Ајде со среќа, очекувам 3-4 гола...без примен нормално, Мартин е на гол нема заебанција :):)
 
:kesa::kesa:Nasive nemaat navivacka grupa, a ko so gledam ovie Severo ircive imaat:kesa:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom