Фан клуб: Работнички

  • Креатор на темата Креатор на темата Buci
  • Време на започнување Време на започнување
:bravobe::bravobe:за цел тим!
А до Јанески за 30ката и до Мите за последната тројка...:cuc::cuc: :icon_mrgr:
 
Добра одбрана, доста борбено. Незнаев дека Мацки и Стаич сте ги земале од Куманово.
 
Со оглед дека дома загубија после скоро две години, можам да речам само фала.
 
Некако слаб ви е ростерот искрено, а и не знам зашто не играте АБА 2 или некое натпреварување на ФИБА, добро е да имам два представника барем во првоно натпреварување. Инаку кога ке ви ја реновираат салата?
 
Баш дека е кратка клупата, не се исплаќа да играат на меѓународно ниво. А Градски Парк и реновација, не идат во иста реченица.
 
Баш дека е кратка клупата, не се исплаќа да играат на меѓународно ниво. А Градски Парк и реновација, не идат во иста реченица.

Па нели лани викаа демек 600к буџет ви дале или само да се каже? Мене не ми е јасно зашто не му даде поголема минутажа на Ефремовски, кога веќе не сака да игра барем нека го пушти на позајмица. Се сеќавам кога имавте многу помал буџет он, Ефремовски и Николиќ имаа голема минутажа.

П. С. Каде се сега Станков и Јове Маркоски
 
Тој од околу 600к беше за екипата, односно плати и други трошоци. Ефремовски малку го играат против МЗТ. Да, во сезоната 2015/16, Виктор и Николиќ многу повеќе играа, ама тоа е дека речиси немавме екипа. Јован Марковски од следната сезона 2016/17, заигра за Вардар, па отиде во албанска Влазнија. Оттогаш не заигра. Станков после сезона 15/16, мислам не заигра.
 
Последно уредено:
Греота што мечот на ТВ не го даваа. Тројка на Кире за изедначување. Две продолженија. Преку 200 поени на натпреварот. Победиле, ама маните сепак си стојат. Главчето клоца. Младеновски фаулџија. Стефан Младеновиќ за украс е. Мираковски како нов тренер, чудни потези вади. Зекири од Пелистер, играчиште го прават. Си набилда статистика. Само Хејден екстра вреди и е класа за наше Првенство. Солидно за Данило и Кире нормално. А и да видиме со новиов Питс.
 
Во Градски Парк салата шајка се нема заковано со децении. Имам играно и тренирано таму, и тогаш соблекувалните изгледаа дури и полошо. Ова е гостинската соблекувална каде што се овие. :D За домашни е малку подобра. :D
Кровот капеше од 100 места и мораше утакмиците да се прекинуваат по неколку пати за да се избрише паркетот, а на некои места стоеа крпи па не дај боже да трчаш на тој дел. :D

Ама нека не се жалат Америве затоа што и од ова има полошо, ќе ги прашав да ги однеле во старата лименка без струја и вода. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom