Фан Клуб: Победа - Прилеп

  • Креатор на темата Креатор на темата sonne
  • Време на започнување Време на започнување
ПОБЕДА СИ ГО ВРАТИ ИМЕТО - П О Б Е Д А!
Најголемиот спортски бренд на Прилеп денеска си го врати името. Фудбалскиот клуб по пет години пак се вика Победа. Оваа вест ја соопшти претседателот на клубот Горан Хаџи - Ристески.
’’Успеавме да го промениме името во Централниот регистар, ОФС Прилеп и во ФФМ. Пролетната третолигашка сезона ја почнуваме со официјалното име, Победа, кое отсекогаш постоело во ова место,’’, рече Хаџи - Ристески.
Навивачите сигурно ќе го поздрават овој потег. В недела пак клубот ќе се вика како од 1950 до 2010. В недела се игра третолигашкото дерби Победа - Вардар Неготино.
Стариот правен субјект Победа престана да функционира со казните од УЕФА во 2010 година, а новиот во изминатите пет години менуваше неколку имиња, како Викторија и Победа јуниор.

Ајде аирлија :)
 
Доста интересен натпревар ќе биде во недела,и вие гледам сте се засилиле со неколку играли,но и Вардар истотака,на полусезона кај нас се врати Горан Тодорчев кој неколку години играше во Хрватска,неколку повреди го оддалечија од теренот но залес на кариера се врати овде и е тренер-играч,не дека е нешто посебно но за втора и трета лига измислен.Истотака ќе има и доста публика од Неготино 3-4 автобуси се организирани за Винари,а и поради близината многу луѓе ќе дојдат и со кола.
 
Шо решија кај вас ќе го реновираат стадионот гоце делчев или на лето таа работа?
Во случај ако нема ништо и е солиден теренот да ви се преселиме пролетва кај вас :D
 
Шо решија кај вас ќе го реновираат стадионот гоце делчев или на лето таа работа?
Во случај ако нема ништо и е солиден теренот да ви се преселиме пролетва кај вас :D

Ѕидот од страна на болницата се урна... тој стадионот на јутуб клипчето така си остана. Уствари да не лажам, ги сотреја дрвјата и то беше се'.

Теренот колку што видов пред 1 недела пожолтела тревата на некои делови од теренот..
 
Има ли абер управа да се смени или истава си останува? Не бидува клуб со оваа управа.
Англичанецот е главен,тој команда со клубот.Старата управа се повлече оваа е нова.
Овој аџиристе воопшто не е како татко му,скроз поинаков човек.
Иначе во управата се луѓе од 4 фирми пивара,комфиангел,житоприлеп и кабелнет
 
Овај Горан Хаџи Ристески му е син на Харалампие?
 
Вториот од табелата не оди понатаму? Мора прво место за да фатиме 2 лига?
 
Англичанецот е главен,тој команда со клубот.Старата управа се повлече оваа е нова.
Овој аџиристе воопшто не е како татко му,скроз поинаков човек.
Иначе во управата се луѓе од 4 фирми пивара,комфиангел,житоприлеп и кабелнет
Само презимето коа ќе му го прочитам ми се ствара одбивност не за џабе викаат каков татко таков син, али ај да видиме. Убаво ќе биде за брзо да ве видиме во прва лига.
 
Денеска со Вардар Неготино 0-0
Публика на задоволително ниво,прволигашки екипи можат да подзавидат
Убо изигравме ама без завршница :(
image.jpg image.jpg image.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom